Оваа е врв! Не знам дали си сериозен или тролаш, но како и да е, да одговорам.
прв болд, значи референдумот пропадна или поточно поставеното прашање не доби доверба кај граѓаните. По кој закон и со кое право некој си зеде за слобода да ја менува волјата, претпоставувам дека е тоа твоето поимање за демократија, но инаку тоа се вика тиранија.
втор болд, народот, мислиш македонскиот народ е предавник на самиот себе или си ја миеш совеста? Според твоето видување, овците се виновни ако ги изеде волкот, не е виновен овчарот не се виновни кучињата туку овците што залутале. Чудно, ама ете нека биде во рамките секој има право да биде ... онолку колку што милува без тоа право да го злоупотребува. Внимавај кај толкувањето, се мора да е во “дадениот“ контекст инаку губи на значење и се претвора во пропаганда.
Според многу Северџани, народот-Македонците требало да протестираат и со сила да го спречат спроведувањето на договорот, за што се согласувам и целосно се во право, само заборавија дека при еден таков протест тие што протестираа сите ги прогласија за терористи и применија завидна тортура врз нив. Понатаму, особено паѓа во очи е што при недостаток на аргументи вината се фрла врз жртвата во случајов врз народот. Да земеме една хипотетичка ситуација. нечија сестра-жена-ќерка е силувана, монструмот се правда дека силувањето го извршил заради тоа што “девојката“ носела кратко здолниште со што го провоцирала (во ваков случај “нашите“ судии оваа го земат за олеснителна околност на монструмот). Е, како што е познато секоја девојка сака да привлече внимание па носи... и се дотерува, па така и народот сака да му се подобри квалитот на животот, дали затоа што сака поубаво да живее треба некој монструм да го искористува тоа?
Овој нов тренд никако да го разберам, релативизирање, одземање на контекст, обвинување на жртвата и ставање врз нејзин грб дека таа е виновна затоа што е жртва!