Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

  • Креатор на темата Креатор на темата Bitcoin
  • Време на започнување Време на започнување

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
Поздрав,
подолго време ги следам-читам вашите размисли и сметам дека е време да кажам и свое.
Овој подфорум е најблиску до политика, а политиката е...
Иако зедов име ТАКСИСТ не сум оној што снимал, така да не барајте од мене повеќе информации, за тоа дали е “масло“ или “бело“.
 
Aj minareto tuku so divogradbata kaj cinarot sto pravime?
Ништо бе, ќе си се изградит. З'ш да не, море? Тој терасата си ја користит со годиње. Сега само вложил инвестиција, да се дигнит економијана, море.
К'ј нас не смејш да рушиш. И Грујо рушеше дивоградба на Фијата, па на суд го дадое. Ам' како. А башка шо и ФОН му е дивоградба, па поднесвел барања за легализовање... море... Какво ми ти рушење, Не смејт то. А башка.. и со Заева е зборвено. Опитај го, ќе ти кажит. Беше зафатен, матурска му прајше на момичено негоо...
 
Добро бре луѓе, ни сменија име еднаш, ни сменија знаме, ни сменија име уште еднаш, ни воведоа двојазичност, ни ставија учки во влада, искрадоа еден куп пари и што не, а народот се тоа го остава да се одвива. Каков народ е ова, што и да му направат си молчи. Си гласа на избори де за едните де за другите, а овие само од полошо - полошо прават. Абе народот е крив. За се е народот крив.

Fool me once, shame on you; fool me twice, shame on me.

Чиј потпис стои на секоја промена?
Тоа ми е важно[DOUBLEPOST=1558614514][/DOUBLEPOST]
Пратеникот Богоевски си поднесе оставка.
И?
Ќе го стават на друга функција
Мачкање очи
Кој е луд нека верува
 
Во ова демократско општество, по пропаднат референдум се одеше на гласање во собрание каде што демократски беше усвоено. И покрај тоа народот си остана мирен, како да му одговара, или како да е нешто небитно.[DOUBLEPOST=1558590906][/DOUBLEPOST]

"Факт 1. Вемерофците не прифатија промена на името, имаат право да ве викаат северџани"

- Од вмровците 8 пратеници гласаа за договорот. Останатите не ни присуствуваа на седницата да гласат против.

- Вмровците не повикаа да се гласа против договорот, немаа јајца за тоа или пак им одговараше да помине договорот (сигурно не се толку наивни да сметаат дека со неисполнет цензус ќе сопре процесот, и покрај зборовите на Заев, Дескоска, дека ако нема цензус ќе се гласа во собрание, и сигурно вмровците не беа толку наивни да не претпостават дека нивните осуммина нема да гласаат за во собрание).

- Вмровците откога се изгласа договорот во собрание, и истиот се протна без потпис од претседателот, не организираа ниту еден протест, ниту ништо. Демек арно е, голема работа името се сменило. Ама затоа се организираа убаво за претседателските избори.

"Факт 2. Лично, Северџанија не ја чуствувам како држава, и не чуствувам патриотизам кон неа, затоа што тој протекторат, тој вазал, за мене представува синоним за морална деградација и понижување"

А користиш ли некои бенефиции од таа држава? Треба да се откажеш тогаш. А се побуни ли некаде кога се менуваше името?

"Факт 3. Седесофците мора да го понесат крстот на предавството, на лагите и на фактот што станаа измеќари"

Ова е точно и се согласувам со тебе, но зарем народот е патриотски настроен? Ниту на референдум излезе да гласа против, ниту на протест излезе кога сепак се менуваше името. Овој народ најмногу треба да го понесе крстот на предавството, затоа што не направи ништо да си го одбрани името.

Оваа е врв! Не знам дали си сериозен или тролаш, но како и да е, да одговорам.
прв болд, значи референдумот пропадна или поточно поставеното прашање не доби доверба кај граѓаните. По кој закон и со кое право некој си зеде за слобода да ја менува волјата, претпоставувам дека е тоа твоето поимање за демократија, но инаку тоа се вика тиранија.
втор болд, народот, мислиш македонскиот народ е предавник на самиот себе или си ја миеш совеста? Според твоето видување, овците се виновни ако ги изеде волкот, не е виновен овчарот не се виновни кучињата туку овците што залутале. Чудно, ама ете нека биде во рамките секој има право да биде ... онолку колку што милува без тоа право да го злоупотребува. Внимавај кај толкувањето, се мора да е во “дадениот“ контекст инаку губи на значење и се претвора во пропаганда.

Според многу Северџани, народот-Македонците требало да протестираат и со сила да го спречат спроведувањето на договорот, за што се согласувам и целосно се во право, само заборавија дека при еден таков протест тие што протестираа сите ги прогласија за терористи и применија завидна тортура врз нив. Понатаму, особено паѓа во очи е што при недостаток на аргументи вината се фрла врз жртвата во случајов врз народот. Да земеме една хипотетичка ситуација. нечија сестра-жена-ќерка е силувана, монструмот се правда дека силувањето го извршил заради тоа што “девојката“ носела кратко здолниште со што го провоцирала (во ваков случај “нашите“ судии оваа го земат за олеснителна околност на монструмот). Е, како што е познато секоја девојка сака да привлече внимание па носи... и се дотерува, па така и народот сака да му се подобри квалитот на животот, дали затоа што сака поубаво да живее треба некој монструм да го искористува тоа?
Овој нов тренд никако да го разберам, релативизирање, одземање на контекст, обвинување на жртвата и ставање врз нејзин грб дека таа е виновна затоа што е жртва!
 
Костадинов: Да бев Крсто Мукоски ќе поднесев оставка
Ха хјаха хаааа.
Костадин војводата, капиданот. Комедија.
А кога требаше да ја поднесе оставката, пред да гласа за уставни промени за промена на името, или откако прво се' ќе изгласал?
Морееее.... секој ден сме демантирани дека „од ова не може подолу да се оди“[DOUBLEPOST=1558618774][/DOUBLEPOST]ВЛАДАТА ДОДЕЛУВА ГРАНТОВИ ДО 3000 ЕВРА ЗА ЖЕНИ СО БИЗНИС ИДЕИ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
Не е ли ова дискриминација на мажите?
 
И?
Ќе го стават на друга функција
Мачкање очи
Кој е луд нека верува
– Тој е одличен партеник и е еден од симболите на Шарената револуција, а најголемиот симбол се сите наши граѓани секако. Ќе ми биде задоволство да продолжам со таков човек да работам, тоа мора да го кажам, затоа што знам овој парламентарен состав каква капацитетност покажа и донесе многу тешки одлуки. Знам како се димензионираа многу програмски определби, многу успеси на оваа земја во кои беше вграден пратеникот Павле Богоевски. Верувам, како и да одлучи, во кој сегмент од својот живот да работи ќе ми биде драго да соработувам со него. Затоа што си ја сака земјата до небото, сака да се вгради во нејзиниот успех и верувам дека ќе најдеме начин за идни соработки. Ја поздравувам одлуката која е храбра и понесување на одговорност дури и за етички работи за кои граѓаните од нас политичарите очекуваат да повлечеме и чекори, рече Заев.

преземено од https://lider.com.mk
 
Ова е ситуација кога некој в очи ти кажува работи за кои знаеш дека те излажале. И тој, заедно со сите пратеници од СДСМ & Со.Некој да се колне дека нема да го промени името, да го стори тоа и уште да има дрскост пред народот, тоа е одродник.
 
Оод морални причини Павле се повлекува сам од парламентарното столче

А кривична пријава за набавка и пуштање во промет на наркотици ќе има?
 
Мослам дека овој пат не лаже. Отворено кажува дека ќе соработува со човек за кој постои основано сомнение дека е корисник на опојни дроги. Наместо да бара институциите да ја испитаат ситуацијата и малку да го испратат на одмор во Шутка, тој го фали на цел глас.
Сличан се сличним радује - Латинска поговорка, преведена на српски (Бољи живот).[DOUBLEPOST=1558623742][/DOUBLEPOST]
А кривична пријава за набавка и пуштање во промет на наркотици ќе има?
Кој да ја поднесе кривичната???
 
И?
Ќе го стават на друга функција
Мачкање очи
Кој е луд нека верува
од магаре на коњ...
ќе биде директор во некоја фирма за производство на масло ...[DOUBLEPOST=1558625450][/DOUBLEPOST]
IMG_7082-670x377.jpg

не можит по минарет и пљатформи на вода, удри по паљмите :eek:
и тоа по неосушените:icon_mrgr:
 
Оод морални причини Павле се повлекува сам од парламентарното столче

А кривична пријава за набавка и пуштање во промет на наркотици ќе има?

Не!
Кога се во прашање “симболите на шарената револуција“ такви ситници не доаѓаат во предвид, кривичните пријави се резервирани за “стадото“.

– Тој е одличен партеник и е еден од симболите на Шарената револуција, а најголемиот симбол се сите наши граѓани секако. Ќе ми биде задоволство да продолжам со таков човек да работам, тоа мора да го кажам, затоа што знам овој парламентарен состав каква капацитетност покажа и донесе многу тешки одлуки. Знам како се димензионираа многу програмски определби, многу успеси на оваа земја во кои беше вграден пратеникот Павле Богоевски. Верувам, како и да одлучи, во кој сегмент од својот живот да работи ќе ми биде драго да соработувам со него. Затоа што си ја сака земјата до небото, сака да се вгради во нејзиниот успех и верувам дека ќе најдеме начин за идни соработки. Ја поздравувам одлуката која е храбра и понесување на одговорност дури и за етички работи за кои граѓаните од нас политичарите очекуваат да повлечеме и чекори, рече Заев.

преземено од https://lider.com.mk

“симболите на Шарената револуција“, кое дупење во здрав мозок. Во времето кога се создаваше модерната македонска држава - АСНОМ 1944г., ваквите појави, групи и поединци беа нарекувани и препознавани и судени како квислинзи и петтоколонаши. Во меѓувреме созреавме, па така црното стана бело а белото црно, а со “белото“ се е можно. Макдонците имаа можност врз своја кожа да ја почуствува познатата еврејска клетва “да имаш па да немаш“, но како што е познато -небото нема граници, затоа очекувајте уште многу “убаини“.
 
Тест за дрога не направи, не го казнија за набавка на нелегални супстанци и си поднесе оставка. Инаку го викале правосмукалка, зашто погодете и сами ... шмркал масло од канабис !!!!
 
Кирби, шмрка и вода[DOUBLEPOST=1558628405][/DOUBLEPOST]
– Тој е одличен партеник и е еден од симболите на Шарената револуција, а најголемиот симбол се сите наши граѓани секако. Ќе ми биде задоволство да продолжам со таков човек да работам, тоа мора да го кажам, затоа што знам овој парламентарен состав каква капацитетност покажа и донесе многу тешки одлуки. Знам како се димензионираа многу програмски определби, многу успеси на оваа земја во кои беше вграден пратеникот Павле Богоевски. Верувам, како и да одлучи, во кој сегмент од својот живот да работи ќе ми биде драго да соработувам со него. Затоа што си ја сака земјата до небото, сака да се вгради во нејзиниот успех и верувам дека ќе најдеме начин за идни соработки. Ја поздравувам одлуката која е храбра и понесување на одговорност дури и за етички работи за кои граѓаните од нас политичарите очекуваат да повлечеме и чекори, рече Заев.

преземено од https://lider.com.mk

Позитивна страна------ упорноста
 
Оваа е врв! Не знам дали си сериозен или тролаш, но како и да е, да одговорам.
прв болд, значи референдумот пропадна или поточно поставеното прашање не доби доверба кај граѓаните. По кој закон и со кое право некој си зеде за слобода да ја менува волјата, претпоставувам дека е тоа твоето поимање за демократија, но инаку тоа се вика тиранија.
втор болд, народот, мислиш македонскиот народ е предавник на самиот себе или си ја миеш совеста? Според твоето видување, овците се виновни ако ги изеде волкот, не е виновен овчарот не се виновни кучињата туку овците што залутале. Чудно, ама ете нека биде во рамките секој има право да биде ... онолку колку што милува без тоа право да го злоупотребува. Внимавај кај толкувањето, се мора да е во “дадениот“ контекст инаку губи на значење и се претвора во пропаганда.

Според многу Северџани, народот-Македонците требало да протестираат и со сила да го спречат спроведувањето на договорот, за што се согласувам и целосно се во право, само заборавија дека при еден таков протест тие што протестираа сите ги прогласија за терористи и применија завидна тортура врз нив. Понатаму, особено паѓа во очи е што при недостаток на аргументи вината се фрла врз жртвата во случајов врз народот. Да земеме една хипотетичка ситуација. нечија сестра-жена-ќерка е силувана, монструмот се правда дека силувањето го извршил заради тоа што “девојката“ носела кратко здолниште со што го провоцирала (во ваков случај “нашите“ судии оваа го земат за олеснителна околност на монструмот). Е, како што е познато секоја девојка сака да привлече внимание па носи... и се дотерува, па така и народот сака да му се подобри квалитот на животот, дали затоа што сака поубаво да живее треба некој монструм да го искористува тоа?
Овој нов тренд никако да го разберам, релативизирање, одземање на контекст, обвинување на жртвата и ставање врз нејзин грб дека таа е виновна затоа што е жртва!

Му одговарав на соговорникот, кој го искористи зборот демократски. Кај мене требаше да ставам наводници на зборот демократски ама испуштив, инаку таква ми беше намерата. А муабетот ми беше, толку ли беа/бевте наивни да сметате дека со неисполнет цензус ќе се одбрани името? Зарем не се знаеше дека ако нема цензус ќе се гласа во собрание, та тоа го кажуваа и Заев и министрите и сите. Затоа го користев зборот демократски, демек премногу се надеваа на демократија во Македонија.

Инаку волја на народот немаше, баш затоа што немаше цензус, а во собрание може да се стави на гласање што било, и истото ако се изгласа важи, затоа е и собранието и затоа немањето цензус не им беше пречка да гласаат во собрание.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom