Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

  • Креатор на темата Креатор на темата Bitcoin
  • Време на започнување Време на започнување

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
ДПМНЕ е најдобрата и најчесната партија на свет. И е најдобрата опција за Македонија. Со ДПМНЕ одиме напред. Кога е ДПМНЕ на власт светот е розов.

ете ти уште една најголема глупост.
Imas ti lupano i daleku pogolemi gluposti koi za volja na vistinata ne se plod na tvojata glupost tuku povekje na tvojata zelenkost. Zatoa i postovite ti se pretezno od tipot kako mali djokica zamislja svet.
 
Пендаровски: Пријатно ме изненадува трансформацијата на Силјановска за Договорот од Преспа, се надевам ќе потпишеме заедничка декларација дека е добар
***************
да не дошол дошол ферман од Брисела града дека не иде и председателот да биде од владеачката партија ?????
Пишав јас уште пред некој месец и ќе се повторам......лично мислам дека ако западот има агенда(ако не фермаат.....можеби и не не сметаат ни за тема под разно)...тоа е дека треба едната партија да го договори името....а другата да го спороведи преку овозможување на практикување на власт

така нема кој да се буни....кога цела Влада на Вмро-то ќе се заколни пред северџана....толку е работата.
за таа цел треба ,,ОВИЕ,, малку да се покусурат, т.е. подобро да ги спремат за пензија

Пак ќе кажам...тоа не моја желба...мислам дека тоа е на западот
 
A ти бе Влатче до кога ќе изиграваш тука на форумов дрвен адвокат на ДПМНЕ, Груевци, Мицковци и.т.н. јас сум барем демократ, чесен, реален и искрен човек и тука имам пишувано и сеуште пишувам и против двете партии СДС/ДПМНЕ за разлика од таквите како тебе/вас кои изигравате Грујови и Мицкови адвокати на форумов ... не сум јас чипиран во главата туку вие !
Pred da go izanalizirame tvoeto tvrdenje za koj e cij drven advokat i za red drugi raboti od tvojot post, prvo bi sakal da mi objasnis kako gi smesti Makedoncite koi praktikuvaat druga relegija osvem pravoslavieto vo grafa malcinstva zaedno so Turcite, Romite, Srbite itn itn. I zosto tamu ne gi smesti i Makedoncite katolici, Makedoncite protestanti, jehovini svedoci. Sigurno ke se najdi i po nekoj budist ili sto ti jas znam sto.
 

Тоа што и прецеднико‘ може да е дел од владејачката партија, не е нешто ново во Севердонија, туку е веќе видено па дури и пожелно. Како што веќе напишав, кога една партија ја има централната и локалната власт едновремено, се стреми да ја има и прецедничката, така да се‘ што партијата на власт ќе намери, ќе нема кој да и‘ се спротивстави.

Така ќе биде и според мојата проценка дека се-де-се-то ќе го мести Стево за прецедник, што значи дека нема да биде одбран од гласачите...Полнењето кутии ќе биде пак практикувано.
 
Ова можи да има одредено влијание за вториот круг на изборите.....ќе им намали гласачи и на власта, но и на излезноста. Доста луѓе можат да се разочараат кој вистински веруваа во шарените лаги за ЕУ ...
иворот на информацијата е провладин....

Извори од Елисејската палата за МИА: Франција останува на својот став за Македонија

Проширувањето нема да биде на агендата на неформалниот самит во Берлин, и нема да се разговара за преговорите со Македонија, тема за која нема за сега промена во ставовите на Франција, велат за МИА високи извори во Елисејската палата.

И покрај одредени сигнали дека Париз би можел да омекне по прашањето за преговорите со Македонија после европските избори, од владини извори во Париз на брифинг со новинарите во пресрет на самитот во Берлин, пристигнаа поумерени тонови.


-Преговорите со Македонија и Албанија нема да бидат на дневен ред, и нема за тоа да се разговара во Берлин, нагласуваат од француската влада во најава на средбата во Берлин и додаваат дека ова не е на дневен ред за сега ниту во Советот на ЕУ.

На прашање на МИА дали можат да ги потврдат гласините дека Париз бил подготвен да се согласи со одвојување од Македонија и Албанија за старт на преговорите со ЕУ во јуни за да се олесни процесот за Македонија, од Елисејската палата велат дека “нема никаква одлука од таков вид во Франција, не е тоа на дневен ред и не ни е поставено такво прашање“.

Самитот во Берлин, кој ќе се одржи в понеделник попладне, е француско-германска иницијатива.

Освен домаќините, Ангела Меркел и Емануел Макрон, поканети се сите премиери од земјите од регионот, вклучително и премиерите на Хрватска и Словенија, како и српскиот и косовскиот претседател, и високата претставничка за надворешната политика на ЕУ, Федерика Могерини.

Целта на овој состанок е да се разговара за регионалната соработка, а не за проширувањето, велат од француската влада, иако, како што потсетуваат, регионалната соработка е исто така „клучен критериум“ на патот кон полноправно членство во ЕУ.

-Знаеме дека проширувањето е суштинска точка за земјите од регионот, но не е предмет на овие дискусии, ова е состанок за регионалната соработка и ние немаме легитимитет да зборуваме за тоа, бидејќи тоа е надлежност на Европската Унија, нагласуваат во Париз.

Според последните информации, на состанокот нема да учествува еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, со што јасно се укажува дека оваа политика нема да биде на дневен ред во Берлин.

Проширувањето, впрочем, како заедничка политика на ЕУ, не може да биде предмет на дискусии на ваков неформален самит каде не учествува ниту еврокомесарот задолжен за тоа, ниту останатите 24 земји членки. За преговорите со Македонија се очекува да се разговара во јуни, после европските избори, на редовниот Совет за општи работи на ЕУ, но не е исклучено точката да биде одложена за септември, потврдуваат дипломатите во Брисел.

Берлин и Париз сакаат в понеделник да им „помогнат на земјите од регионот да ги надминат бројните спорови“ кои сѐ уште го попречуваат европскиот пат и уверуваат дека целта не е од регионалната соработка да се направи „супститут за другите процеси“, односно за проширувањето.

-Со ова се нагласува важноста да се третираат овие прашања неформално, бидејќи предизвиците поврзани со стабилноста сѐ уште не се надминати и има уште бројни спорови помеѓу земјите, тука Северна Македонија и Грција дадоа позитивен пример со Преспанскиот договор, благодарение на храброста на нивните лидери, велат од француската влада.



За Франција овој самит ќе биде и прилика „повторно да се ангажира“ во регионот, кој го напушти по војните во деведесеттите години, додаваат од Елисејската палата.
https://fokus.mk/ertizvori-od-elisejskata-palata-za-mia-frantsija-ostanuva-na-stavot-za-makedonija/
 
Pred da go izanalizirame tvoeto tvrdenje za koj e cij drven advokat i za red drugi raboti od tvojot post, prvo bi sakal da mi objasnis kako gi smesti Makedoncite koi praktikuvaat druga relegija osvem pravoslavieto vo grafa malcinstva zaedno so Turcite, Romite, Srbite itn itn. I zosto tamu ne gi smesti i Makedoncite katolici, Makedoncite protestanti, jehovini svedoci. Sigurno ke se najdi i po nekoj budist ili sto ti jas znam sto.

На кои Македонци-Муслимани мислиш ... некои од нив самите си се нарекуваат Горанци оние кои живеат во југо-западниот дел на Косово, значи самите си се викаат Горанци, а не Македонци или Македонци-Муслимани, исто и Торбешите па самите они си се нарекуваат Торбеши, а не Македонци или Македонци-Муслимани, еве на пр. господинот Фијат Цаноски јавно на тв дебати самиот себеси си се има наречено Торбеш, а заедницата кон која припаѓа Торбешка заедница т.е. Торбеши и тука јас немам ништо против кој како сака нека си се нарекува себеси, јас апсолутно го почитувам тоа и затоа и ги пишувам/бројам како посебна заедница во државава т.е. Торбеши !
A што се однесува до Македонците католици или протестанти на пр. да постојат и такви наши сограѓани, но тие самите себеси си се нарекуваат Македонци, не сум чул досега некој друг назив да употребуваат во својата само-идентификација, за разлика од "Македонците-Муслимани" кoи всушност себеси си се нарекуваат и си се идентификуваат како Торбеши !
 
Последно уредено:
Е шо бе некои шиптарчиња пцуеле по верниците во црквата во Чаир и мавале по вратата.Ами заедно напред нели одевте.А па овие патриотиве од опозиција викаат вака не било порано имало соживот не било поделено опшеството.
Ај сега не заборавајте за Рамазан да правите ифтар со нив оти нели соживотот мора да се гради 24/7.
 
На кои Македонци-Муслимани мислиш ... некои од нив самите си се нарекуваат Горанци оние кои живеат во југо-западниот дел на Косово, значи самите си се викаат Горанци, а не Македонци или Македонци-Муслимани, исто и Торбешите па самите они си се нарекуваат Торбеши, а не Македонци или Македонци-Муслимани, еве на пр. господинот Фијат Цаноски јавно на тв дебати самиот себеси си се има наречено Торбеш, а заедницата кон која припаѓа Торбешка заедница т.е. Торбеши и тука јас немам ништо против кој како сака нека си се нарекува себеси, јас апсолутно го почитувам тоа и затоа и ги пишувам/бројам како посебна заедница во државава т.е. Торбеши !
A што се однесува до Македонците католици или протестанти на пр. да постојат и такви наши сограѓани, но тие самите себеси си се нарекуваат Македонци, не сум чул досега некој друг назив да употребуваат во својата само-идентификација, за разлика од "Македонците-Муслимани" кoи всушност себеси си се нарекуваат и си се идентификуваат како Торбеши !
Има германци протестанти,католици и по некој муслиман , но германци се . Не ја раскажувај и во Македонија измислената босанска приказна. И во албанија има католици,православни и муслимани па не тврди никој , дека се различни народи. Религијата не го дефинира тоа. Јазикот, државата и нацијата. Очигледно е дека многу го негираат тоа во Македонија. И се знае зошто и кој и со која намера.
 
Пишав јас уште пред некој месец и ќе се повторам......лично мислам дека ако западот има агенда(ако не фермаат.....можеби и не не сметаат ни за тема под разно)...тоа е дека треба едната партија да го договори името....а другата да го спороведи преку овозможување на практикување на власт

така нема кој да се буни....кога цела Влада на Вмро-то ќе се заколни пред северџана....толку е работата.
за таа цел треба ,,ОВИЕ,, малку да се покусурат, т.е. подобро да ги спремат за пензија

Пак ќе кажам...тоа не моја желба...мислам дека тоа е на западот

Кон болдот; да, и ова е можно, со тоа што ако се реализира, ќе биде издаден целиот македонскиот народ или поточно, делот од Македонците на кои не им треба нути ЕУ ниту НАТО. Така, македонските партии би станале поробувачи на истите оние кои ги гласале (партиите).
 
Па нели диктатура/режим ? Македонија фул демокрација(зелено) ....:D

58374043_2343615879015480_2757100581460901888_n.png
 
Изговорот со неспроведени реформи е чиста глупост. Зарем има некој што е изненаден што Македонија и останатите земји од Западен Балкан не спроведуваат реформите кои се потребни за интегрирање во политичките организации на Западот. Што, од тоа што се случуваше пред некоја година, сигнализираше дека Македонија е на пат кон суштински реформи?
Сите знаеме дека овој регион, односно општествата од овој регион, немаат капацитет самите да се реформираат, во насоката која е потребна и која Западот ја очекува. Политичките системи што овие заедници, овде, на Балканот, ги создаваат, не можат од внатре да продуцираат некозметички измени, кои вистински ќе ги приближат до политичкиот, економскиот и социјалниот стандард на земјите од Западна Европа, само со тапшање по грб како мотив. Културниот јаз помеѓу балканските општества и општествата од латинска, континентална Европа, е преголем. И тоа и малите деца го знаат.

Балканските општества можат да се реформираат, единствено ако се интегрираат во Еу. И тоа би бил долг и макотрпен процес, меѓутоа би бил процес кој барем има некаков правец. Што се прават наудрени цел Запад, што чекаат да се случи? Еден ден да се разбуди секој еден жител на овој регион и да почнат да се однесуваат како Норвежани.
Имаме скоро 30 години историја, што го покажуваат и нашиот и капацитетот на нашите соседи. Има потреба да чекаме уште 30 години за да го потврдиме истото? А во меѓувреме ќе го слушаме истиот помпезен, репетитивен, дипломатски патернализам од преставници на Западот, додека ни кажуваат нешто што сите го знаеме, дека не не бива.
Постојано и политички и економски ги легитимираат политичките актери, кои го репродуцираат системот што, наводно, бараат да се реформира. Сега ќе глумиме изненаденост што Заев и Сдсм не спроведуваат реформи? :LOL: Сигурен сум дека и самите ја знаеле историјата на Сдсм како партија, која била нивната улога во политичкиот систем на независна Македонија, го знаеле интегритот на Заев, го знаеле кадровскиот потенцијал на партијата. Исто како што го знаат оној на Вмро и нивните лидери. Критиките се бесмислени, зошто од почеток знаеја дека оваа власт нема ни волја ни способност, ни интерес нешто да реформира. Ни ќе имаат смисла, ако утре истите ги слушаме за Мицковски, откако и тој ќе продолжи со копи-пејст владеење.

Бугарија, Романија и Грција не беа повеќе реформирани, од тоа што ние сме сега, во моментот кога они почнуваа преговори со Еу. Треба, еднаш во модерната историја, јасно да кажат дали има некаков план и политичка волја за овој регион, и доколку има, што е планот.
Ако нема волја овој регион да се интегрира во Еу и следната декада, тогаш нека се повлечат политички од него, и нека го остават Балканот на други светски сили кои барем имаат некаков план за неговата иднина и имаат геополитичка стратегија, која трае повеќе од внатрешен изборен циклус. Па каква и иднина да не чека. Ако им е толкав проблем регионот, еве нека го отстапат на Кинезите, кои се повеќе од заинтересирани за него.
И нека продолжат со "Европа на повеќе брзини", "тврдина Европа", или која и да е друга 5 до 12 агенда што ќе скуваат.
 
Кон болдот; да, и ова е можно, со тоа што ако се реализира, ќе биде издаден целиот македонскиот народ или поточно, делот од Македонците на кои не им треба нути ЕУ ниту НАТО. Така, македонските партии би станале поробувачи на истите оние кои ги гласале (партиите).
Ako toa znači ,,rešen problem,, za zapadnjacite...taka i ke bidi

Ili ,,ke go pukam bre ejjjjj,, i ke ostanime i bez toa
 
Не глумете стручњаци како овој горе @loophole . Се знае кои се плановите на западот со Македонија. Едниот дел ќе биде за Бугарија, а другиот за Албанија. Македонија сакаат да ја поделат. Дпне и сдс тоа го остваруваат.
Тргнато е знамето и на Водно. Кај и да е ќе ги тргнат сите Македонски знамиња.
Македончето си продолжува да си спие. Му одговара поделба на државата.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom