Исто така, факт е дека членството во НАТО на Македонија не и менува многу поради 2 причини:
1. НАТО не не’ заштитува во случај на внатрешни немири;
2. НАТО не не’ заштитува од војна меѓу нас и некоја друга негова членка (со кои сме опколени).
Во нашиот случај, НАТО би не’ штитела само од Србија, која и самата е на некој начин зависна економски од европската заедница и ниту има причина ниту волја да не’ нападне. Другите закани (албанското малцинство, соседите наши кои во случај на војна ќе не прегазат како мравки) остануваат. Затоа, чуму влез во НАТО?
А за ЕУ, точно е дека постојат голем број на фондови за развој на сиромашните земји кандидати/членки, дел од кои и моментално ги користиме, но сепак на крајот на краиштата до нас е како тие фондови ќе ги искористиме. Хрватска на ниво на развој и висина на примања е пред и Романија и Бугарија, иако влезе 7 години подоцна. Се’ се сведува на народот кој живее во земјата.