Малку минирање на договорот од страна на Русија. Малку, не многу.
Гледај го малку низ поинaква призма, настапот на грците со максималистички барања кон нас во целост одеше во прилог на агендата МКД да не влезе во НАТО, покрај традиционалните одлични односи на грците со русите, сега катализатор е промената на администрацијата во САД(која има нешто поинаков однос кон РФ од претходната) а каде исклучително е влијателна грчката дијаспора .
Кога требаше да се брои демек кој со кого е, грците на кренаа рака, сега кога договорот од Преспа виси буквално во воздух, тие ги „влошуваат“ односите со РФ преку протерување дипломати токму поради разузнавачки активности околу дотичниот договор.
Веднаш по потпишувањето на договорот со нас, Коиѕијас имаше официјална посета на Москва, колкава е коинциденцијата тука не знам, може само да се шпекулира. Грчката дипломатија е една од највлијателните во Европа, играат игри кои се мислена именка за нас.
Во 2008 околу самитот во Букурешт грците имаа алоцирано енормни средства за воени набавки, тогаш двете најголеми набавки беа со САД и РФ, потоа следеше Франција и Германија. Исклучок беше што САД им донираше употребувана воена опрема, но условот беше да ја репарираат во САД пред да ја подигнат ако добро се сеќавам
Во секој случај Грција и Турција се земји НАТО членки со огромен дел на руска воена опрема и вооружување во својот инвентар т.е арсенал.
Ако некој од нашите соседи е компетентен да ни го напика за век и векови, дефинтивно тоа се грците, настрана шо нивното разузнавање е ептен влијателно и активно а сето тоа е под радарот на јавноста
Како пред еден век, третина село врховисти, третина србомани и третина гркомани. Кој вели дека е Македонец тепан од сите страни