Значи штом влеземе во НАТО и нас одма ќе не поделат. Дел на Албанија или Косово ќе им дадат, ама нас поголемиот дел ќе ни го остават? Така?
Без непотребни дистракции и обиди за релативизирање ќе ве молам. Нема да не поделат ако влеземе во НАТО, тоа е гаранција плус за нашата целовитост. Меѓутоа во некој иден развој на настаните не можеме да знаеме во која насока истите ќе завршат и какви ќе бидат последиците врз нас. Се додека стои таа варијанта отворена, се додека идеите за Голема Албанија, Грција, Бугарија, Србија...се живи, секогаш таа опасност е присутна.
Од каде да знаеме дека во иднина нема да се случи некој судир од пошироки размери и во таква општа мешаница каква ќе биде разврската по нас.
За време на Балканските војни активно учество зеле и македонски чети од македонската револуционерна организација, затоа што мислеле дека соседите тргнале во војна да не ослободат, да ги избркаат турците од овие простори и да ги спасат своите православни браќа. Ретко кој мислел дека ќе не поделат на четири дела, кој можел тоа тогаш да го предвиди.
Истото е и сега. Кој може да ја предвиди разврската од еден поширок регионален или глобален конфликт. На хартија НАТО треба да ја штити нашата целовитост, ама на хартија. Во пракса државите како нашата ќе завршат како топовско месо.
Она што е важно е што можеме да направиме во моментот за да избегнеме таков исход. Подгревањето на етнички тензии, промовирање на двојни аршини кога правдата е во прашање се работи кои што треба да се сменат.