Никогаш, тогаш беше “ што да праиме, тоа од европа е“ исто како сега што е “ дуи е за кратко и заев ги држи за муда’’. Кој како сака може да ја врти, најголемата вина за све ова е во вмро што не го прецвикаа тој ланец на отстапки и понижувања, туку решија тие остсатпки да ги наплатат од ДУИ во кеш, преку разни тендери и криминал за кои сега како морони само они ќе одговараат.
Сега е веќе многу многу касно, метастазирано е и нема бегање од неминовновото. Тој процес е веќе во завршна фаза и ќе мора да си помириме.
И не е тоа најголемиот проблем, најголемиот проблем е што и утре треба воздух да се дише со ’’што да праиме тоа е од европа и дуи е за кратко заев ги држи за јајца’’- типовите на луѓе, они се канцерот, а не ДУИ и Албанците .
Денес, фиромските нелица на чело со командант форина им ставија икс на Македонците во Пирин, само еден лик имаше трошка човечност да бекне нешто, во меѓувреме фиромските пролови доживуваат климакс на интервју кое го прави новинар кој пак беше еден од најревносните плукачи на власта против која се појави т.н Шарена револуција, и тоа интервјуто се прави на човек чија професија е да лажира емоции пред публика, и онака останува без текст, без емоции баш на тематика тури вода напиј се за наши услови и тоа со релативно едноставни прашања... кој би рекол.
Емисијата почна со таа дрска изјава пред Влада за царот, која изгледа повреди нечија суета, за сега демек реванш. и порака, еве што и кој беше Шарена револуција, а и не знам на ликот шо му требаше да дава изјави дека партиски притисоци има во Драмски театар како директор, не сакаат такви ликови во партиите кај нас, или си партиски војник до крај, или прва прилика те ставаат во менгеме и брм брм, па па.
Еве двата влегоа, сега третиот со името се чека, дали кога ќе дојде тој на ред да пенетрира ќе го подизвадат тој со двојазичноста не знам, изгледа знаат дека фиромците крепат, јбга, ќе свртат малку на борба со корупција, ќе падне некоја глава, ама и тоа ќе пројде...
Глигоров со времената спогодба со јунанистанците од која не видовме ништо баш кога требаше, алиби-тенкови на граница, војни и тензија околу, Трајковски 2001 алиби-авионите полетаа од базата во Италија, сега на овој со жицата македонска од Муртино не знам, а и не сакам да знам шо му се врти низ главата.
Не остана жив човек од 2001 кој може да парира на Али Ал Зајаци кај фиромците како национален лидер, оние шо останаа ги видовме, затоа и ги оставија изглеа, сеа останува take a chill pill and enjoy the ride.
Се било кажано во интервјуто 2009 на немачката амбасадорка.
@Ireal реплика за Најчевска, кога беше во право, тогаш, сега или секогаш?[DOUBLEPOST=1516052600][/DOUBLEPOST]
Најчевска: Јас лично бев против донесување на законот за јазици
И во него стои определбата: "јазик што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните".
Во моментот кога во закон ќе бидат ставени бројки, тие мора и да се почитуваат.
За да се почитуваат мора да се знае точно дали е навистина достигнат бараниот процент.
За да се знае дали е навистина достигнат бараниот процент мора да се знае колкаво е точно населението во Република Македонија и дали има етничка/јазична заедница која го исполнува бараниот услов.
Ова не може да се базира на претпоставки (бидејки е суштински елемент на Законот), туку мора да се измери.
Со оглед на тоа дека во Македонија не е направен попис од 2002 година, во моментов нема релевантни податоци за тоа дали некоја од јазичните малцински заедници го исполнува условот предвиден во Законот.
Бабата навидум добро пишува, ама има и други работички... може да направат ПОПИС ама во стилот на локалните избори, т.е. лажиран, па не 20 туку 30% ќе се направат, како што си зема право Грција да пласира....
Тоа Најчевско го пишува сега, а еве што пишувала тогаш:
Најчевска: Груевски е кецарош, Милошоски е срам, Тодоров е човечето кое стои зад сомнителни тендери
Од сегашна перспектива кажи ми, кога била во право, тогаш, сега или секогаш?
Уште нешто, кога монолитното ДПМНЕ на пастирот го изгласа законот за употреба на јазици 2008, амнестија на Хашки случаеви и ред др работи, некој од овие сега шо се на браникот на татковината, изустија нешто?