Еве да нема промена на резултатот.. ок. Би сакал да го продискутирам албанскиот фактор во целава ситуација.
ФАКТ - Единствена шанса ВМРО-ДПМНЕ да состави влада е коалиција со ДУИ.
Ќе ги тргнам настрана сите можни барања и калкулации што ДУИ може да ги побара од ДПМНЕ за да коалицира со нив. Тука не е исклучена и можноста да бараат премиер од нивни редови, министер во МВР, итн итн.. нешто што ДПМНЕ не може да си го дозволи од добро познати причини.
- ДУИ од аспект на мандати е најголемиот губитник на овие избори. Значи од сигурни извори се случува внатрепартиски хаос во партијата која 15 години го носи приматот - Претставник на Албанците. Сега е тоа завршена приказна. ДУИ може да биде претставник САМО на нивното гласачко тело, пошп опозицискиот блок кај Албанците има повеќе гласови.
- ДУИ од аспект на составување влада има далеку поголема позиција за преговарање, и тоа е поради тесната разлика на двете македонски партии.
Избориве беа јасен показател дека за ДУИ - следнокоалицирање со ДПМНЕ претставува самоубиствен потег. Тие практично не можат ни да се опорават од ова што досега им го приредија на нивните гласачи, а камоли одновно да им соопштат дека повторно ќе играат на старата карта.
Друго, ДПМНЕ сака да го укини на СЈО (единствената институционална шанса за правично судење на осудените во Монструм, Диво Населје, итн итн) И тука разликите се црно-бели.
Трето, САД и ЕУ се главни поддржувачи на албанскиот фактор во регионов. Не е случајно што Еди Рама ги собра на состанок сите претставници на албанските партии во земјава.. сигурно имаше нешто битно да им соопшти.
Од тука може да се заклучат многу работи но сите ние различно ги перцепираме работиве.