Тодор Петров психопатот.
Во Скопје има двојазични табли затоа така е договорено во Рамковниот договор. Референдумот беше за територијална поделба - нови општински граници, а не закон со кој се регулираат јазици, знамиња на општини исл. Во рамки на општините, прашањата со јазикот беа договорени во Охридскиот, а понатаму беше донесен и закон за знамиња со кои се дефинира бесењето на знамиња по желба - на основа на Охридски.
Мене не ме етикетираа за вмровец, затоа што сите мои пријатели со кои одев и летово и минатото лето на протести беа и гласаа против.
И ден денешен не можам да им опростам на дпне што немаа практично никаква референдумска кампања. Рејтингот на сдс беше во катастрофален пад, а само година и пол покасно на избори во 2006 убедливо победи дпне - значи дека можеше да мобилизира гласачи, а НЕ ГО НАПРАИ ТОА. Денес збира да кршат, да контра-протестираат за све и свашта, ама за национално прашање „к** не боли“. Од тогаш крст им имам стаено, иако мирисаше дпне на сељаклук и криминал уште 90-ти години.
Точно е дека сдс ја водеше таа лоша кампања за референдумското прашање и затоа ги казнив што не гласав за нив, но не гласав и за квази-патриотите. Само сакам да ти покажам дека моите приоритети се национални, а партија не есапам. Дпне во моментов смрди на криминал, ја урниса државата, покраде народ - моментално ми се непријател бр.1.
Те осеќам во кој правец ја влечеш, ама не пасам трева, не се секирај.