Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

  • Креатор на темата Креатор на темата Bitcoin
  • Време на започнување Време на започнување

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
До каде е со вакцините?
Имаше објави те ќе нема да може деца кои не се вакцинирани да се запишат на училиште па уште и казни и сл.
...јавување, родител кој ги вкусил плодовите на демократија!
 
Ауу педагогов уште подобра од наставничката.

Инаку не ми е јасно што е хајкава ? Ова сето е само од љубоморни мајки и новинарки ...
У наше време све дебели беа педагозите:)
 
Марксизам имаше у средно и у рани девеести.

За малку не фатив Марксизам иам дома неколку книги од седумдесетите . баш ме интересира каков е учебникот
 
Attachments

  • kniga 1.jpg
    kniga 1.jpg
    3,1 MB · Прегледи: 22
  • kniga.jpg
    kniga.jpg
    2,3 MB · Прегледи: 21
Ова му иде исто ко некој да земе медицинските сестри да ги лови што прават со докторите во 3ти смени.

У моја генерација се знаеше кои одат педагошка или за медицински сестри :sneaky:
 
До каде е со вакцините?
Имаше објави те ќе нема да може деца кои не се вакцинирани да се запишат на училиште па уште и казни и сл.
...јавување, родител кој ги вкусил плодовите на демократија!

Фармацеутската мафија не ја занимаат нечии семејни трагедии-битен е капиталот, не човекот.
 
До каде е со вакцините?
Имаше објави те ќе нема да може деца кои не се вакцинирани да се запишат на училиште па уште и казни и сл.
...јавување, родител кој ги вкусил плодовите на демократија!

Тешки теми се овие, не е демократијата, туку вкусувањето на плодовите од модерниот начин на живот т.е. конзумеризам.

Човеков си има мака, но спомна една работа, акутна леукемија после вакцина.
Тоа е чист пример како модерниот начин на живеење реагира на нашето здравје. Вакцината нема врска со акутна леукемија затоа што механизмот како се случува веќе е добро откриен од англиски научник кој 30 години работел само на тој проблем.

За акутна леукемија потребно е да се случат две работи.

Првата е генетска мутација на ембрионот, нешто што нормално се случува и тоа е тешко да се избегни.

Втората е таа што го прави реалниот проблем, доколку детето до првата година на животот не доживее некоја посериозна инфекција која што ќе му го ресетира имуниот систем, во понатамошниот живот, било каква бурна инфекција со висока температура може да предизвика акутна леукемија.

Овај патерн со живеење на децата во премногу чиста околина посебно до првата година на живот, е главен предизвикувач на алергии.

Исто и во филмот кој ја предизвика оваа бура за аутизмот, се напоменува дека децата кои добиваат аутизам после вакцина, имале бајги голема конзумација на антибиотици.

Така да сложен проблем, за жал со реални проблеми околу нас и луѓето паталци се идеална мета за манипулација.
 
Последно уредено:

види не знам како дошло до појава на болеста, но слушам дека:
-болеста се појавила по вакцинирањето;
-од многу страни се говори дека во некои вакцини е пронајдена жива (во количини кои ...);
-институциите кои треба да се грижат за здравјето тоа не го прават (повеќе се грижат за профитот на дрогериите кои потоа ги плаќаат*);
-нашето здравје стана нечии профит.
Студии за појава на некоја болест има колку и институти со експерти кои по правило се платени од фармацевтски компании наместо од државата, добро е познато дека работиш за оној што те плаќа, нивните уверувања ќе ги доведувам под сомнеж се додека тие експерти се платен-сервис на фармацевтите.
Нпр. имаше студија која тврди дека аутизмот барем во 90% случаи е предизвикан од пестициди и хербициди, дали е така не знам ниту тврдам, но факт е дека користењето на тие препарати во третирањето на почвата се без контрола, немаме институти кои би контролирале колку дадена локација-почва и води се загадени со хемикалии. Така да што и да објават медиумите го земам со 90% резерва. Повеќе сум склон да верувам на паталец отколку на гаталец.

*знам за пример каде увозник на лекови за само 1 година створи капитал од 4,5 милиони долари (еден камион со лекови увоз од.. го чинеше 70.000 а на нашиве го продаваше за 380-450.000) тоа не се може без организиран криминал со институциите, министерство за здравство!
 
Шведска одби екстрадиција на Дејан Давидовски зa 27 април

со Рекетот оваа вест помина кај нас незабележано, но ова е нова корпичка на нашето Кривосудство, имаше предходно од грчкиот Уставен суд....
Ова може друга консеквенца да напраи, да излезе по странски медиуми и случката со притисокот на Заев врз градоначалникот на Сарај за избор на судии, а се сега воочи добивање Датум....
а и Датум ништо не значи , ќе не одерат на Поглавието Право(Криво)судство...
 
Види јас ги следам сите страни и не сакам да судам однапред.

Паталциве за жал се најдоа во клинч меѓу две спротиставени страни, едната е класичната медицина со фармацевската индсутрија, другата е надрилекарството со нивните методи, и едните и другите алчни за пари.

Јас бев исклучително внимателен во изборот на зборови и кажав само факти, така да луѓето да си сфатат, дека нема црно бело во оваа војна туку работите се сиви.

Но, самите можеме многу да си направиме за своите деца и за себе си.

Ќерка ми ја гледавме во многу почиста околина, имавме докторка педијатар што ја откости од антибиотици до 2-3 годишна воздраст и два пати имаше бронхо пневмонија. После сменивме доктор и начин на живот, а тоа посебно го применивме покасно на син ми. Тој растеше во повалкани услови, со прстите во уста, нит му викавме нит му забранувавме. Нит попарувавме нит стерилизиравме за него цуцли, лажици итн.

Ќерка ми еве на 18 години се мачи со алеригии, син ми еве дест години има, прима едвај еднаш до два пати антибиотици годишно, да речам пу пу машала.
Антибиотик само ако дојди нож до коска.

Реално на многу родители, а додуша и на многу луѓе најлесно му е да си имаат некој кривец отколку да си ги преземат обврските. Тешко дека деца растени на кренвишли и со таблетот пред нив ќе бидат здрави. Од мали се практично сосила направени аутисти.

Инаку уште една работа што гледам никој не ја кажува, во Македонија има деца аутисти кои немаат примено ниту една вакцина.

И како и за се друго треба да се биде умерен така и за вакцините, нема потреба од вакцина за мали сипаници и за заушки, треба имуниот систем да работи нешто, тоа е фино тјуниран систем уназад 2-3 милиони години.

Но, да се отфрлаат вакцини против детска парализа или туберколоза то е глупост од епски размери.
 
Последно уредено:
Da ne bidi samo edna slika koja ja priznava KiracOO:backa:

%D0%BA%D0%B8%D1%80%D0%B0%D1%86%D0%BE%D0%B2%D1%81%D0%BA%D0%B8-%D0%91%D0%BE%D0%BA%D0%B8-13.jpg
Najako ke bide ako izleze nekoja pointimna slika, pa makar bilo I vo trojka toj book I nekoja od svalerkite, a ovoj nit go videl not go cul.
 
Инаку уште една работа што гледам никој не ја кажува, во Македонија има деца аутисти кои немаат примено ниту една вакцина.
Тоа е сосема “нормално“ има вроден и стекнат, инаку прв пат слушам дека аутизмот се појавил како последица на вакцина, веќе реков во преку 90% случаи се смета дека е предизвикан од РандАп, од “нашиот“ Монсанто “ќерка“ на Баер... мислам дека од пред неколку години е секаде забранет... пред 4-5 месеци разговарав со пријател во земјоделска вели дека повторно го има само сега под друго име...
Како и да е, треба да се знае дека за здраво потомство потребни се здрави родители илити здрав начин на живеење, не може од наркомани или алкоси, за пеери да не збориме, да се има здраво потомство, ете за тоа треба да се воспитуваат младите. Некои ќе речат дека над 98% од болештиите се од психосоматско потекло или се наследени а дека само 2% се резултат на средината и повреди, ама тоа е статистика а таа секогаш е злоупотребена!

Но, да се отфрлаат вакцини против детска парализа или туберколоза то е глупост од епски размери.
Не треба и верувам никој здрав не повикува да се отфрлаат вакцинте но дека треба контрола на квалитетот за да се врати довербата тоа секако, а за тоа се надлежни институтите и институциите, а тие се како што велеше Зоки со екипата “некредибилни“ ја изгубија довербата и кога таа еднаш ќе се изгуби тешко се враќа. Ако некој сака да носи одлуки треба да биде спремен и да ги прифати последиците од таквите одлуки, таква култура не се негува.

Толку за оваа не би сакал топикот сега да се претвори во ... лични искуства затоа што секој го има, сакав да укажам на аномалиите во системот и криминалот и корупцијата во институциите и потребата да се стори нешто за да се подобрат, многу што зависи од персоналните решенија.
 
Изгледа Верушевски се има откажано од сведочењето против Мијалков, кога веќе сите се испазарија зошто да не и они
 
*знам за пример каде увозник на лекови за само 1 година створи капитал од 4,5 милиони долари (еден камион со лекови увоз од.. го чинеше 70.000 а на нашиве го продаваше за 380-450.000) тоа не се може без организиран криминал со институциите, министерство за здравство!
Даааа... тоа и врапчињата го знаат. За се' посериозно се подмитува. Ако некој (чесен) не земе мито, некој друг ќе ги земе парите. И секако, мора и партијата да има некој ќар, од нешто мора да егзистираат.
Затоа ќе се иселат сите во релативно краток период. Треба 500 евра да чекаат? И тоа е лимитот?
Автоматски споено мислење:

Шведска одби екстрадиција на Дејан Давидовски зa 27 април

со Рекетот оваа вест помина кај нас незабележано, но ова е нова корпичка на нашето Кривосудство, имаше предходно од грчкиот Уставен суд....
Ова може друга консеквенца да напраи, да излезе по странски медиуми и случката со притисокот на Заев врз градоначалникот на Сарај за избор на судии, а се сега воочи добивање Датум....
а и Датум ништо не значи , ќе не одерат на Поглавието Право(Криво)судство...
Ами врбувањето на 8-те пратеници, уцената... не треба да се испита? Тоа е дело за дебела казна. Лицемерие.
 
Ценава на литиумот од минералот пронајден во Јужна Србија е 11.500 долари по тон. Од еден тон на руда може да се извади 169кг таков литиум.

Проценките се дека има 200 милиони тони руда.
200 000 000 * 0.169 = 33 800 000 тони литиум
33 800 000 * 11 500 = 388 700 000 000 долари

Србиве имаат богатство од 388 милјарди долари :)

Се разбира со моменталнава цена на литиумот, а викаат дека ќе се зголеми 8 пати ...

Глејте сега какви игри ќе има допрва со Србија.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom