види не знам како дошло до појава на болеста, но слушам дека:
-болеста се појавила по вакцинирањето;
-од многу страни се говори дека во некои вакцини е пронајдена жива (во количини кои ...);
-институциите кои треба да се грижат за здравјето тоа не го прават (повеќе се грижат за профитот на дрогериите кои потоа ги плаќаат*);
-нашето здравје стана нечии профит.
Студии за појава на некоја болест има колку и институти со експерти кои по правило се платени од фармацевтски компании наместо од државата, добро е познато дека работиш за оној што те плаќа, нивните уверувања ќе ги доведувам под сомнеж се додека тие експерти се платен-сервис на фармацевтите.
Нпр. имаше студија која тврди дека аутизмот барем во 90% случаи е предизвикан од пестициди и хербициди, дали е така не знам ниту тврдам, но факт е дека користењето на тие препарати во третирањето на почвата се без контрола, немаме институти кои би контролирале колку дадена локација-почва и води се загадени со хемикалии. Така да што и да објават медиумите го земам со 90% резерва. Повеќе сум склон да верувам на паталец отколку на гаталец.
*знам за пример каде увозник на лекови за само 1 година створи капитал од 4,5 милиони долари (еден камион со лекови увоз од.. го чинеше 70.000 а на нашиве го продаваше за 380-450.000) тоа не се може без организиран криминал со институциите, министерство за здравство!
Види јас ги следам сите страни и не сакам да судам однапред.
Паталциве за жал се најдоа во клинч меѓу две спротиставени страни, едната е класичната медицина со фармацевската индсутрија, другата е надрилекарството со нивните методи, и едните и другите алчни за пари.
Јас бев исклучително внимателен во изборот на зборови и кажав само факти, така да луѓето да си сфатат, дека нема црно бело во оваа војна туку работите се сиви.
Но, самите можеме многу да си направиме за своите деца и за себе си.
Ќерка ми ја гледавме во многу почиста околина, имавме докторка педијатар што ја откости од антибиотици до 2-3 годишна воздраст и два пати имаше бронхо пневмонија. После сменивме доктор и начин на живот, а тоа посебно го применивме покасно на син ми. Тој растеше во повалкани услови, со прстите во уста, нит му викавме нит му забранувавме. Нит попарувавме нит стерилизиравме за него цуцли, лажици итн.
Ќерка ми еве на 18 години се мачи со алеригии, син ми еве дест години има, прима едвај еднаш до два пати антибиотици годишно, да речам пу пу машала.
Антибиотик само ако дојди нож до коска.
Реално на многу родители, а додуша и на многу луѓе најлесно му е да си имаат некој кривец отколку да си ги преземат обврските. Тешко дека деца растени на кренвишли и со таблетот пред нив ќе бидат здрави. Од мали се практично сосила направени аутисти.
Инаку уште една работа што гледам никој не ја кажува, во Македонија има деца аутисти кои немаат примено ниту една вакцина.
И како и за се друго треба да се биде умерен така и за вакцините, нема потреба од вакцина за мали сипаници и за заушки, треба имуниот систем да работи нешто, тоа е фино тјуниран систем уназад 2-3 милиони години.
Но, да се отфрлаат вакцини против детска парализа или туберколоза то е глупост од епски размери.