Случки при патување со воз

Случки има многу е сега само една ми останува во сеќавање кога ми заспа студентката на рамено десно во шпанскиот, не се знаевме ама ме искористи како перниче :icon_lol:.
A ти не проба нешто да искористиш ?:icon_lol:
 
Другпат, одиме пред новогодишни празници за Скопје, во возов нема сламка да се фрли. Наеднаш, на една станица, се качува човек, со ДВЕ огромни вреќи тутун! Почнува да вика Ајдеее, место, место....! Кое црно место човече, немаше место каде нозите да си ги ставиме, а не пак две вреќи тутун. На крај, го опцуја, се изнервира човекот и заедно со вреќите тутун се затвори во вцто. :D

Може не е за смеење, ама ме изнасмеја да непукниш... :pos:

„Е на сеа што ќе мочате во возот“. :D
 
Може не е за смеење, ама ме изнасмеја да непукниш... :pos:

„Е на сеа што ќе мочате во возот“. :D
Човекот сигурно има нирвана достигнато... затворен во веце од македонски железници со две вреќи тутун. Па тоа никаде го нема :)
 
па белки не е толку страшно,а замислете како би се чувствувале ако се качиме на воз дури и на покрив како жителите од Индија бре бре
 
Не се секирајте, му тропкаа на вратата во редовни интервали и го прашуваа дали диши.
Еден му се обрати и со ,,шеќеру,,. :D Знаете што се случува кога на изнервиран тутуноберач, затворен во вц ќе му се обратиш со тоа име ?!
Нирвана се случува, де. ;)

Ах, добрите стари времиња, дури сум во искушение утре со воз да си одам за Скопје. Малку авантура и возбуда да си внесам во животот. :vozbud:
 
памтам ко помал татко ми се знаеше со некои луѓе од МЖ и ја имав честа да ме пикнат у локомотива :) Се беше у најдобар ред дур не се замуабетија татко ми и машиновозачот и у тој момент се растискав на се што начекав у близина, рачки копчиња имаше едно ко волан, прекинувачи, и финалето на крај: стиснав едно дугме и се избаци еден звук сшшшшшш. Тогаш срипа чичкото ме тргна од командната табла, чепкаше 10 мин (проверуваше да не сум пореметил нешто) ме зема татко ми и ме изнесе надвор, мислам дека каснеше и тргањето :D Од тогаш немам влезено у локомотива :)
 
Ауу бегај. Уште да споделиме случка при патување со Македонски Железници. Ужаси :mad:
 
Ги заборај случаите на внесување домашни животни (птици) во возот од типот на кокошки ,а еднаш и јагне имам видено кај шо внесуваа негде меѓу Прилеп и Богомила.

Јас бев сведок на две свињи во воз, еден си ги натовари и си ги прошета.

Воз ти е доживување, ако немаш нерви не се качувај. Случки еден куп. Порано се делеше картата со кондуктерот, од Битола до Скопје беше 70 ден. од Прилеп 50 ден, а од Велес 30. Беше дозволено пушење, непушачите излегуваа во ходник. Карта никој не вадеше, на контрола сите се караа и никој не го симнуваа ниту казнуваа. Од дување во купе пуштање на некое старче во купе и цел пат смеење, до ретардирани кондуктери кој ти бараат во ноќниот воз, врискање, брканица и криенка.
Нашите возови се слични како во Индија патем :)
 
Секс во купе !? По муабетиве испаѓа дека возовите во Македонија се место каде ќе си поминеш најдобро. ;)
 
Јас бев сведок на две свињи во воз, еден си ги натовари и си ги прошета.

Воз ти е доживување, ако немаш нерви не се качувај. Случки еден куп. Порано се делеше картата со кондуктерот, од Битола до Скопје беше 70 ден. од Прилеп 50 ден, а од Велес 30. Беше дозволено пушење, непушачите излегуваа во ходник. Карта никој не вадеше, на контрола сите се караа и никој не го симнуваа ниту казнуваа. Од дување во купе пуштање на некое старче во купе и цел пат смеење, до ретардирани кондуктери кој ти бараат во ноќниот воз, врискање, брканица и криенка.
Нашите возови се слични како во Индија патем :)
Рајко, Пчиња, Кадина, Зелениково, Јане. На тие релации редовно се возат домашни живоинт. посебно во локалот на сабајле. понекогаш вреќи со дрва, буриња со комиње.
 
Ах, добрите стари времиња, дури сум во искушение утре со воз да си одам за Скопје. Малку авантура и возбуда да си внесам во животот. :vozbud:

ако си имала тапа weekend, верувај оти тоа е тоа шо ти треба за да си земеш данокот за тупавиот weekend... ;)

Р.S. јас до саа не сум се возил у воз на МЖ :D
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom