- Член од
- 1 ноември 2008
- Мислења
- 7.396
- Поени од реакции
- 1.880
Често патувам со воз и секое патување си е приказна само по себе. Македонски железници располагаат со ужасни возови па може да ти се случи возот да касни пола саат а може и цел саат да касни. Секогаш се наоѓа по некој полуотворен прозор кој не оди ни горе ни долу па во зимно време доколку ти е во близина ќе се укочиш целиот, а смрдеата некогаш е неподнослива.
Но муабетот ми беше друг, а тоа е нашата култура по возовите
- Пристигнува возот и уште не застанат има такви кои се качуваат внатре, се ствара невидена турканица, безредие за тоа кој побрзо да влезе, иако скоро секогаш има место за сите. А некој кој начекал отворен прозор ја фрла својата торба внатре за прв да си зафати место.
- Често може да ти се погоди некој кој во купето ќе ги собуе своите чевли и внатре ќе се угушиш од мизирзбата на неговите чорапи, нозе. Ако му речеш да се обуе или ако отвориш прозор настанува кавга и никако не можеш да излезеш на крај со него па од нервоза ти доаѓа да му удриш две-три воспитни или да смениш купе.
- Редовно има некој кој не сака да плати карта, односно сака да го подмити кондуктерот, па бидејќи има некои кои не се подмитуваат настанува кавга, закани по животот и фамилијата на кондуктерот. Џандарите кои треба да го обезбедуваат возот ич не им чуе и воопшто не реагираат.
- Се погодува некој цело време да ти зборува, да ти раксажува приказни иако ти нити му поземаш муабетит, нити му даваш знаци дека го слушаш нити сакаш да го слушаш.
- Многу родители не знаат да си ги приберат своите деца па овие уште што не го превртеле вагонот.
- Има такви кои се однесуваат како да го купиле купето па не пуштаат никој да влезе в натре демек зафатено било, а цел пат ќе го поминат сами. Бидејќи на некои кондуктери им е гајли дали некој стои воопшто не рагираат на тоа.
- Ако вагоните се без купе, туку е оној што го викаме „Шпанец“ тогаш често има такви кои цело време прегласно разговараат. Има такви кои не слушнале за слушалки па сите околу нив ја трпат нивната музка. Има и такви кои заради суеверие или некоја друга причина не сакаат да седат на седиштата кои се во обратна насока, па цело време им висат над глава на другите патници да си ги заменат местата.
На крај постот би го завршил со тоа што најмногу ме нервира мене и повеќето кои патуваат со воз а тоа е што во западниов крај често возот наидува на препреки, дрво на шините, камења (најчесто во тетовско), а во најлош случај каменување на возот како што беше случај пред една недела кога едно девојче беше повредено при каменување на возот кај Сарај.