Slow Horses

Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.700
Поени од реакции
36.529
Ова дефинитивно заслужува да има своја тема! Максимално потценета серија! Веќе четвртата сезона се прикажува, а јас дознав за неа откако беше номинирана за ЕМИ за најдобра драмска серија годинава. Ни на форумов нема многумина кои зборувале за неа, па се надевам со темава ќе привлечам повеќе гледачи за да не го пропуштат ова ремек дело.

1726575369375.png

Slow Horses е британска шпионска трилер серија базирана на истоимениот серијал романи од Мик Херон. Премиерата ја имала на Apple TV+ на 1 април 2022, а втората сезона, насловена Dead Lions на 2 декември 2022. Третата сезона, Real Tigers, излегува на 29 ноември 2023, а четвртата, Spook Street почна да се прикажува на 4 септември 2024, веќе се излезени 2 епизоди. Обновена е и за петта сезона, насловена London Rules, која веројатно исто така веќе е снимена. Тоа што ме изненади со серијава е што по завршувањето на секоја сезона која има по само 6 епизоди, има Next Season сегмент што всушност е трејлер за следната сезона која секогаш е пред време снимена, како во добрите стари времиња кога не моравме да чекаме со години за нова сезона на серија.

Slough House е административно чистилиште за отпадници од MI5, британската разузнавачка служба. Или со други зборови - ако некој агент заебе нешто во MI5, или сакаат да го избркаат од работа но не можат заради врските со кои е примен - го сместуваат во Slough House каде ќе треба да средува купишта папирологија и буквално да не прави ништо се додека самиот не си даде отказ. Во тоа им помага и шефот на куќата - Џексон Ламб кој ги провоцира, навредува и прави се за да им ја направи работата неподнослива и да дадат отказ заради досада или фрустрација. Но, кога некоја опасност демне над Британија, а притоа вклучува понижување на главната зграда на MI5 и нејзините челници - Ламб и неговите агенти со здружени сили прават се за да помогнат...

Во главните улоги се Гери Олдман како шефот на Slough House, Џексон Ламб; Џек Лоуден како Ривер Картрајт, внук на легендарен MI5 оперативец, Дејвид Картрајт; Кристин Скот Томас како Дајана Тавернер, заменик генерален директор на MI5 и шефица на оперативниот тим; Џонатан Прајс како Дејвид Картрајт, дедото на Ривер; Хуго Вивинг како Френк Харкнес, поранешен оперативец на ЦИА кој станува платеник... Во другите и споредните улоги може да ги видиме: Оливија Кук, Розалинд Елеазар, Пол Хигинс, Крис Рајли, а во втората сезона и српските актери Раде Шербеџија и Бранко Ѓуриќ.

Насловната нумера „Strange Game“ ја компонира и изведува фронтменот на Rolling Stones, Мик Џегер.

Третата сезона на серијата беше номинирана за 9 ЕМИ награди и освои ЕМИ за најдобро сценарио за епизодата „Negotiating With Tigers“, напишано од креаторот на серијата Вил Смит (британски комичар, нема врска со американскиот актер).
 

zee German

mpkfa
Член од
12 август 2009
Мислења
6.431
Поени од реакции
6.078
Од секогаш знаеле британциве да прават вакви серии како Лутер, Броадчурч и сега оваа шо е право освежување во крими - детективски серии. Нема досадни воук сцени и филери, 44 минути епизода исполнета со интрига, мистерија и акција.
Иначе мислам дека не е толку позната кај нас дека нема apple tv, и таргетирана група им е Велика Британија па пред да ја отвори Злате темава единствено само на ladbible имав прочитано дека постои серијава.
 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.146
Поени од реакции
16.080
Мене ми беше на листа за гледање, ја тргнав пред некое време. Штом е стварно добра, ќе ја вратам пак.
Добро е што и брзо излегуваат сезоните, ме нервираат овие со по година ипол, две што чекам нови, затоа и избегнувам да гледам веќе недовршени серии.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.700
Поени од реакции
36.529
Заврши и четвртата сезона и беше пре-ја-ка! Според мене, на исто ниво со првата, а и другите 2 не се нешто многу полоши. И ко по обичај, со трејлер за 5 сезона... И веќе сум хајпнат!
 

Magic Mike

Blessings and Love
Член од
20 септември 2023
Мислења
1.546
Поени од реакции
4.030
Фала Злате што ја отвори темава инаку никогаш немаше да дознаам за ова ремек дело.
Гери Олдман е маестрален во серијава.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.700
Поени од реакции
36.529
Фала Злате што ја отвори темава инаку никогаш немаше да дознаам за ова ремек дело.
Гери Олдман е маестрален во серијава.
Мора повеќе да спамаме во Општи муабети за да почнат да ја гледаат повеќе луѓе, штета е ова да се пропушти!
 

volare_g

Nediplomiran i nedokvakan
Член од
28 февруари 2014
Мислења
753
Поени од реакции
1.911
Zlate da puknes zlaten , so ubavo si fativ red na spienje so meseci veke , i op vo nedela citam komentari za serijava, a koincidentno (ako ima takvo nesto) vo petok dobiv 3 meseci free apple tv, i mi se eba mater, dve dwna i noki ja bingam serijava kako nekoj tinejdzer, idam na rabota i doma do niedno vreme pred televizor, pa op doslo vreme za rabota.....
Fala zlaten, stvarno fala i ironicno i iskreno.....
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.700
Поени од реакции
36.529
Zlate da puknes zlaten , so ubavo si fativ red na spienje so meseci veke , i op vo nedela citam komentari za serijava, a koincidentno (ako ima takvo nesto) vo petok dobiv 3 meseci free apple tv, i mi se eba mater, dve dwna i noki ja bingam serijava kako nekoj tinejdzer, idam na rabota i doma do niedno vreme pred televizor, pa op doslo vreme za rabota.....
Fala zlaten, stvarno fala i ironicno i iskreno.....
:pos: Пиши и во Општи како сум ти го уништил животот, please. Да уништиме уште некој. ;)
 

Magic Mike

Blessings and Love
Член од
20 септември 2023
Мислења
1.546
Поени од реакции
4.030
Ги спичив сите четири сезони и сега имам две прашања.
Се знае ли сега кога ќе ја пуштат петтата сезона?
Не ми е јасно дали кога ќе заврши една сезона следната е веќе снимена или трејлерот во последната епизода е фејк нешто во стилот на Тарантино и Родригез па новата сезона ја снимаат по трејлерот што оди во последната епизода?
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.700
Поени од реакции
36.529
Не ми е јасно дали кога ќе заврши една сезона следната е веќе снимена или трејлерот во последната епизода е фејк нешто во стилот на Тарантино и Родригез па новата сезона ја снимаат по трејлерот што оди во последната епизода?
Веќе снимена е петтата сезона, во пост-продукција е. Затоа ми е уште појака серијава, сезоните се снимаат уште пред прикажувањето на претходните.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom