- Член од
- 17 октомври 2011
- Мислења
- 14.701
- Поени од реакции
- 36.533
Ова дефинитивно заслужува да има своја тема! Максимално потценета серија! Веќе четвртата сезона се прикажува, а јас дознав за неа откако беше номинирана за ЕМИ за најдобра драмска серија годинава. Ни на форумов нема многумина кои зборувале за неа, па се надевам со темава ќе привлечам повеќе гледачи за да не го пропуштат ова ремек дело.
Slow Horses е британска шпионска трилер серија базирана на истоимениот серијал романи од Мик Херон. Премиерата ја имала на Apple TV+ на 1 април 2022, а втората сезона, насловена Dead Lions на 2 декември 2022. Третата сезона, Real Tigers, излегува на 29 ноември 2023, а четвртата, Spook Street почна да се прикажува на 4 септември 2024, веќе се излезени 2 епизоди. Обновена е и за петта сезона, насловена London Rules, која веројатно исто така веќе е снимена. Тоа што ме изненади со серијава е што по завршувањето на секоја сезона која има по само 6 епизоди, има Next Season сегмент што всушност е трејлер за следната сезона која секогаш е пред време снимена, како во добрите стари времиња кога не моравме да чекаме со години за нова сезона на серија.
Slough House е административно чистилиште за отпадници од MI5, британската разузнавачка служба. Или со други зборови - ако некој агент заебе нешто во MI5, или сакаат да го избркаат од работа но не можат заради врските со кои е примен - го сместуваат во Slough House каде ќе треба да средува купишта папирологија и буквално да не прави ништо се додека самиот не си даде отказ. Во тоа им помага и шефот на куќата - Џексон Ламб кој ги провоцира, навредува и прави се за да им ја направи работата неподнослива и да дадат отказ заради досада или фрустрација. Но, кога некоја опасност демне над Британија, а притоа вклучува понижување на главната зграда на MI5 и нејзините челници - Ламб и неговите агенти со здружени сили прават се за да помогнат...
Во главните улоги се Гери Олдман како шефот на Slough House, Џексон Ламб; Џек Лоуден како Ривер Картрајт, внук на легендарен MI5 оперативец, Дејвид Картрајт; Кристин Скот Томас како Дајана Тавернер, заменик генерален директор на MI5 и шефица на оперативниот тим; Џонатан Прајс како Дејвид Картрајт, дедото на Ривер; Хуго Вивинг како Френк Харкнес, поранешен оперативец на ЦИА кој станува платеник... Во другите и споредните улоги може да ги видиме: Оливија Кук, Розалинд Елеазар, Пол Хигинс, Крис Рајли, а во втората сезона и српските актери Раде Шербеџија и Бранко Ѓуриќ.
Насловната нумера „Strange Game“ ја компонира и изведува фронтменот на Rolling Stones, Мик Џегер.
Третата сезона на серијата беше номинирана за 9 ЕМИ награди и освои ЕМИ за најдобро сценарио за епизодата „Negotiating With Tigers“, напишано од креаторот на серијата Вил Смит (британски комичар, нема врска со американскиот актер).