Јас како љубител на историјата можам да противречам уште веднаш на тоа бидејќи - археолошки „Словенството“ е многу сиромашно на овие простори, не само на овие туку и насекаде каде што тие наводно „емигрирале“...Тука не го земам во обзир фактот што „Зад Карпатите“ е пронајден артефакт кој го окарактеризираа како наводна „божица“ на старите „Словени“ а освен тоа....празнина, апсолутно ништо...
Книжевни - Ако мислиш на античките записи за наводно напаѓање на хорди „од онаа страна на Дунав“ и тука нашле пустелија па се населиле, воопшто „не држи вода“, прво логично ако наишле на пустелија, ќе немало кој да го запишува сето тоа....Иако имало, и иако на неколку наврати е забележано како „враќање на народите“ а не „мигрирање“...Ако мислеше на некаква „словенска книжевност“ која датира од 5-6-7 век, такво нешто не постои бидејќи Словените, не донеле писмо со нив.
Лингвистички - Гол факт е и тоа дека никаде нема никој антички писар историчар и тн. дека јазикот на кој зборувале тие народи е неразбирлив за мештаните, гол факт е и дека истите, не асимилирале никој на овие простори од причина што, ниту „христијанството“ е донесено од „задкарпатието“, ниту јазикот, ниту писмото....
Антрополошки - Зависи од која гранка го гледаш сето тоа...Физички, нема апсолутна сличност меѓу Русите и Македонците, Полјаците и Србите и тн да не ги набројувам...Менталитетот е уште поразлична работа...Но тоа веќе не е Историја, тоа е друга наука...
Сума сумарум, сите „артефакти“, „писанија“, докази и сами факти носат кон тоа дека мигрирањето на јазикот, религијата, културата и обичаите се движеле во обратна насока а не во таквата каква што се претставува во официјалната историја која е де факто пропагандна машинерија, последна останата од повоениот „социјализам“
Ако грешам нека изгорам
Istorik напиша:
Мислам дека не грешам кога велам дека од многумина вас произлегува еден младешки крик, отпор против здодевната официјална наука и желба да се има еден свеж, макар и неточен поглед на светот.
Не е свеж а уште помалку неточен бидејќи поглед кон светот не се осврнува на диктирана историја, туку на вистината....
Istorik напиша:
Спремам серија есеи со кои на кус и едноставен начин ќе ви ја исложам генезата на Словените на тлото на Република Македонија.Се надевам дека истата ќе ве увери дека доаѓањето на Словените на Балканот е една опиплива вистина.Но прво би сакал да ве чујам вас:што ви пречи кај официјалната историографија во сегментот за преселба на народите.
Како што кажав и погоре, истото гласи и тука....
Со голем ентузијазам ги чекаме твоите „есеи“...