Сликички животинско царство

  • Креатор на темата Креатор на темата Tonchie
  • Време на започнување Време на започнување
Мене ми фалат 4-5 сликички, има некој за менување?
 
Пиши во групите на фб за размена што се, таму сигурно ќе ги најдеш.
 
Ми фалат следниве броеви 148, 193, 233, 250,
Овие броеви ми недостасуваат по 2 пати за во 2 албума
 
Јас, веќе не знам кој по ред албум. Мислам дека ми е четврт во последните 10 години. Ама некако го запоставив овој, скоро 6 месеци немам залепено сликичка, а мислам само уште 30-тина ми фалеа.
 
Собирам јас ама немам моментално многу дипликати, 10 дупликат максимум ако имам.

Ќе видам дома што имам.
 
Го собрав 2019 година мислам. Уште е истиот албум - 250 сликички со диносаурусите на крајот?
Истиот е.

Јас секогаш кога ќе го соберам ми остануваат еден куп дупликати. Во ранчето од Краш што ти го даваат за пополнет албум секогаш има нов празен албум. Ќе ги залепам во него дупликатите, ќе ми останат уште 70-80 за собирање и ајде Јово на ново. Си викам - уште малце, а ќе заглавам со години. Така сум на четвртиот албум во моментов.

Инаку - поголем предизвик ми беа тие плишаните играчки што се добиваат со пополнување на дигиталниот албум. Од нив од првата серија ги собрав сите 5, после им го сменија изгледот. Од новата серија имам 3, ми останаа уште лавот и крокодилот, ама и тоа го запоставив веќе со месеци.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom