Слаткарот од Хрватска

  • Креатор на темата Креатор на темата TpH_Bo_OkO
  • Време на започнување Време на започнување
Едноставно е тоа...
Сами ќе си ги дадат за проф. Иванов...
Од тие луѓе никој никогаш нема да гласа за СДСМ. Ако веќе не за Иванов, тогаш нема ни да гласат.
Сепак, мислам дека повеќето ќе заокружат редниот број пред Иванов.
Тука веќе разговараме за дијаметрално спротиставени ставови помеѓу двајца претседателски кандидати.....ти текнуе :)
 
А јас за психологија на гласачкото тело :)
 
Е арно де си сменил став, ништо страшно...него кажи ми ти како сега ДПМНЕ и Иванов ќе ги барат гласовите на 150-те илјади предавници (ставот за името) кои застанаа позади политиката на "бугарофилот" Љубе ?

На прашање дали чека поддршка од ЉБ во вториот круг, Иванов изјави: Кој за кого ќе ја даде својата поддршка е лично право. Народот треба да излезе на гласање без разлика за кого ќе гласа.

А ти не се грижи толку за гласовите.
 
А јас за психологија на гласачкото тело :)
Психологијата на гласачкото тело вели дека доколку сакале да го подржат Иванов, тоа ќе го стореле уште во првиот круг.

Инаку зборуваме за 150 илјади луѓе, а не за 150 илјади овци :)
А ти не се грижи толку за гласовите.
Ти си задолжен за тоа ?
 
Психологијата на гласачкото тело вели дека доколку сакале да го подржат Иванов, тоа ќе го стореле уште во првиот круг.
А истата таа психологија ќе ти укаже и на тоа дека тие гласови пак ќе отидат во полза на Иванов и тоа за неполни две недели.

Ама пуста надеж...не ти дава да се помириш :kesa:
 
Психологијата на гласачкото тело вели дека доколку сакале да го подржат Иванов, тоа ќе го стореле уште во првиот круг.

Инаку зборуваме за 150 илјади луѓе, а не за 150 илјади овци :)

Да да... 150.000 луѓе со ВМРО-вски бекграунд...како погоре што ти опишав, барем поголемиот дел од нив...
Па сега...верувај му ти на Емилијан и на Геро ако сакаш, дека наводно сите комплет гласови за другите кандидати се всушност гласови против Иванов :)
далеку од вистината...
 
Но имало и некои кои "наседнале" и моментално се најжестоки плукачи по него:

Баш прочитав една теза дека Брат Љубе го подистренирале во Хаг, по цена неговата слобода. Значи , од кога ќе се врати во Македонија да одигра важна улога на политичката сцена, поконкретно - да ја подели, разедини , владеачката ВМРО ДПМНЕ, се со цел да не се создаде едно поцврсто Македонско народно единство.

Така да , сите со почит и љубов ќе си го гледаме Братот, но треба да направиме граница до каде сега.

Продолжуваме понатака , честито ни победа ВМРО.
 
Да да... 150.000 луѓе со ВМРО-вски бекграунд...како погоре што ти опишав, барем поголемиот дел од нив...
Па сега...верувај му ти на Емилијан и на Геро ако сакаш, дека наводно сите комплет гласови за другите кандидати се всушност гласови против Иванов :)
далеку од вистината...
Доколку те интересира мислењето на Емилијан и Геро, слибодно обрати се до нив....во моментов мислам дека со реален дискутираш.
А истата таа психологија ќе ти укаже и на тоа дека тие гласови пак ќе отидат во полза на Иванов и тоа за неполни две недели.

Ама пуста надеж...не ти дава да се помириш :kesa:
Мене ми е јасно кој ќе победи на изборите, но не ми е јасно со кое лице сега ДПМНЕ ќе дудла кај "предавникот и бугарофилот" за неговите гласови.

Можеби тебе ти е позната тактиката ?
 
Баш прочитав една теза дека Брат Љубе го подистренирале во Хаг, по цена неговата слобода. Значи , од кога ќе се врати во Македонија да одигра важна улога на политичката сцена, поконкретно - да ја подели, разедини , владеачката ВМРО ДПМНЕ, се со цел да не се создаде едно поцврсто Македонско народно единство.

Така да , сите со почит и љубов ќе си го гледаме Братот, но треба да направиме граница до каде сега.

Продолжуваме понатака , честито ни победа ВМРО.
Почит??? Ако стварно направил таков договор, а по неговите постапки се гледа дека направил тогаш е најголемиот предавник и во ништо не е подобар од Љубчо и БЦ.
 
Доколку те интересира мислењето на Емилијан и Геро, слибодно обрати се до нив....во моментов мислам дека со реален дискутираш.
Исто ми се фаќа.
Реален ги застапува нивните гледишта :)
 
Мене ми е јасно кој ќе победи на изборите, но не ми е јасно со кое лице сега ДПМНЕ ќе дудла кај "предавникот и бугарофилот" за неговите гласови.
Тој филм не го гледаш. Тоа дудлање како примат го имаат Нано Ружин и Тито Петковски :wink:

Љубе ќе проба да направи партија, ама и таа пак ќе си стане сателитче.:smir:
 
Исто колку што ти ги застапуваш гледиштата на ДПМНЕ....њали ?
Не баш.
Застапувам десничарко-конзервативистички гледишта, врз основ на мои сопствени согледувања и анализи, кои често се разликуваат од оние на ВМРО-ДПМНЕ.
 
Брат Љубе има шанса сега да покаже кој е и што е. Во вториот круг останаа двајца кандидати:

1. Иванов
2. Фрле

Ако го подржи Иванов, повеќе ја сака Македонија и не сака да се гласа за платеникот Фрле.

Се останато ќе значи дека и не е толкав патриот колку што мислиме.
 
Брат Љубе неможе да ги натера гласачите да гласаат за Иванов или Фрле. Факт! Посебно не би им рекол да гласат за Фрчкоски. Ќе им остави сами да одлучат. Конкретно јас, ако се прашувам, би го поништил ливчето (или не излегувам).
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom