Слатка лага или горка вистина?

  • Креатор на темата Креатор на темата Тамарче
  • Време на започнување Време на започнување
Горка вистина дефинитивно.:pipi:Затоа со тек на време се ќе се среди, а со секоја лага влагаш во поголеми и поголеми лаги...:toe:
 
Горка вистина ,затоа што не сакам да живеам во заблуда.
 
слатка лага.
Некогаш вистината е многу,многу горчлива,до толку и животот да ти го загорчи.
 
лагата...барем нема да боли :):)
 
Колку сакам кога ме лажат... страшна работа. Уште пострашна е кога знам дека уживаат ја коа ги лажам. И така сите среќни и задоволни во еден имагинарен свет, свет на невистини, но со полно срце. :pipi:
 
Лага? Вистина? Не знам. Ценам луѓе кои ме соочуваат со реалноста при што заштедувам време и нерви.
 
Горка вистина секогаш,што може да те убие те прави посилен!Слатката лага е само моментална среќа!
 
Горка вистина,колку и да е болна треба да ја прифатеме и да се соочиме со реалноста.
 
Па секогаш вистината !!! Некому вистината го боли и не сака да ја прифати па се лажи самиот себе ама тоа не е добро оти од вистината не се бега мора да се соочиш,што по рано тоа по добро :smir:
 
Па во повеќето случаи во животот да не речам скоро во сите (тука не ги сметам оние мали т.н. "бели" лаги што скоро сите ние дневно ги кажуваме) е подобро горката вистина. Затоа што ниедна лага не трае засекогаш и знаејќи го тоа не е возможно да ни носи насмевка засекогаш. А лагата колку е послатка и поубава толку и погорчлива и поголема ќе биде болката ако (кога ќе) излезе на виделина.
 
Па јас сум реалист и би ја избрал вистината колку таа да боли или не,понекогаш е тешко да се соочиш со неа ама сепак кога лажната насмевка ке помине вистината останува
 
Не случајно се измислени и двете...битно е да се користат онака како што треба.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom