Скршена вазна

  • Креатор на темата Креатор на темата Сатори
  • Време на започнување Време на започнување
С

Сатори

Гостин
Мислите ли дека откако една вазна ќе се скрши џабе е да се лепи потоа, како што велат, на скинато јаже секогаш ќе се познава каде е јазолот.
Дали е исто така и во човечките релации?
Без разлика дали зборуваме за љубовна, професионална, пријателска релација.
Мислите ли дека ако еднаш ја скршиме вазната, потоа ќе биде џабе да ја залепиме?
:plete:
 
Зависи од вазната, може да биде лесно кршлива или потешко кршлива зависно од нашата внимателност и труд за нејзина изработка.
Е сега, кога веќе ќе се скрши, да, може да се залепи, но сепак нема да биде истата, сеуште ќе ги има оние видливи траги дека била лепена. И тие точки ќе си останат такви осетливи и којзнае дали ќе можат да издржат повторно кршење на вазната, најверојатно не.
 
Дефинитивно. Ако еднаш се скрши нешто, ниеден лепак не може да го залепи или и да успее да го залепи, секогаш ќе има некоја пукнатина останата.

Ако се изгуби доверба во пријателство или врска, џабе е све потоа. Џабе е извинување, затоа што никогаш потполно нема да се врати таа доверба.
Секогаш, макар и потсвесно, ќе има сомнежи.

Како и да е, треба да се пази да не се скрши вазната. Затоа што потоа џабе е лепење, поарно е да ја фрлиш во канта.:wink:
 
Зависи што било тоа што ја “скршило вазната“ ( далечина, навреда, кавга... ).
Понекогаш може да се стабилизираат работите и односот да биде ист како порано, па дури и со поголем интензитет, но некогаш може само упорно да ја лепиме вазната, а таа упорно да се крши.

Исто така, зависи и од волјата на сопствениците на вазната.
Многу е едноставно да речеш “Готово, скршена е и нема враќање назад“ , но после некое време ќе видиш дека ќе ти фали таа личност, дружењето, ситните кавги и се` она што ја градело вашата врска и ако има можност да се обнови, па дури и зацврсти нивниот однос- не е грев да се проба.

Исто зависи и од тоа колку си бил близок со таа личност и колку ти значела.
Лесно е да заборавиш некој што си го гледал еднаш во месецот, но многу е потешко да кажеш “збогум“ на некој кој те правел среќен, некој кој што плачел, се смеел со тебе...

Не вреди поради било што да ја оставиме вазната која некогаш била толку прекрасна и да ја замениме со нова, зашто можеби ќе најдеме нова, дури и поубава, но секогаш ќе има нешто што ќе недостига... но ако немаме друг избор- нека останат само убави сеќавања.
 
Уффф... па зависи како е скршена. Многу сум либерален (понекогаш наивно ) и често ја залепувам вазната. Но еве поради некои “несреќи’’ кои не заслужува лепење. Најнапред би ја ставил лагата во љубовта. Зошто да сакам некоја која упорно ја крши вазната со лага и тоа не било каква лага туку - неверство? Мислам, која е сврхата??? Таквата вазна не заслужува лепење. Но еве има и случај во момент на кавга се крши вазната... Се работи за моментално лошо расположение. Ок тука лепакот е како подобро решение. И да како што вика Маweчко. Зависи и од тоа колку сме желни да ја поправиме вазната. Ако за се гледаме решение - нова вазна, се работи за некој страв од неуспех. Сепак треба од време на време да ги лепиме вазните, не сите туку во тие каде што сме сигурни дека ќе имаат своја позитивна вредност по нивното лепење.
 
Се зависи од тоа каква е вазната... Ако лесно се крши не би се ни трудела да ја залепам повторно, меѓутоа ако ми е драга, би направила се да ја залепам и да не се познава пукнатината. Ќе ја залепам цврсто, па ќе чекам да се исуши, па после ќе се обидам да го покријам со боја тој дел, се само за да не се познава, и да може да биде истата вазна од порано...:pipi:
 
Ја ко копиљ скршив една вазна. Мислев ќе ме скршат моите од ќутек и ја залепив со суперлепак. Џам, не се познава. До ден денес појма немаат дека била скршена.

Значи, не е џабе лепењето. Без разлика дали се работи за метафора.
 
Јас пред некој ден пак скршив една вазна,предложив да ја залепиме, ама мајка ми рече- џабе е, и ја фрли во канта.
Заклучок: За да се залепи- вазна требаат двајца.
 
Имав многу убава вазна...Пробав да и ја вратам нејзината убавина и од кога се скрши, на неколку пати-попусто!
Една не толку убава, се скрши..По нејзиното поправање изгледаше уште поубава:)
 
Имав многу убава вазна...Пробав да и ја вратам нејзината убавина и од кога се скрши, на неколку пати-попусто!
Една не толку убава, се скрши..По нејзиното поправање изгледаше уште поубава:)
Интересно размислување...
Во секој случај внимателен сум така да не дозволувам да се скрши така лесно... Ама кога ке дојде да се крши, се дроби на толку мали парчиња, што е речиси невозможно да се состави.
 
Така викаат кога ќе се скрши после и да лепиш џабе е.Но мислам дека зависи како се скршила вазната и дали може да се залепи.Ако е малку па и да е многу ако лепакот е супер ќе ја залепиш и ќе биде како нова.
 
Нема шанси,јас не можам да се споредам со некоја ебана вазна...
Јас сум згрешил,тие ми згрешиле...опростено ми е,сум опростил.Шо филозофија има тука,јас стварно незнам
 
Ја мислам дека се зависи од лепакот уствари. Има еден добар, го рекламираат, со тој човекот шо го лепат на таван и не паѓа(еј, замисли). Со тој ако се лепи, вазната ќе биде ко нова.
А, оние другите не се сигурни. Плус еден мој другар така лепејќи, се навлече на лепак и сеа место да составува вазни снифа glue :(
Значи се е до лепакот...И такаgwupaca:brm brm:
 
Ја неам вазна... а и да иам, и да ја скршам, лепакот ми е некој турски, и џабе ќе ми биде.... :toe:
Стварно не знам шо е работава, сеа се симнав доле, ни - една вазна еј, само саксии. А саксија не припаѓа на темата... :uvo:
 
Гледав интересна емисија за реставрирање на вазни на Дискавери Ченел, се работеше за некој институт не знам каде во САД па увезуваа некаков лепак од сто смоли правен. Интересно беше колку се намалува вредноста на вазната по кршење, па некои не вреди да се реставрирааат зашто купци нема, никој музеј нејќе да ги изложи и не се ни пријатни за гледање. Вредни кинески, германски вазни од префинет порцелан биваат заборавени затоа што се скршени и седат така во нечиј шпајз. А толку ветуваа.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom