- Член од
- 30 јануари 2005
- Мислења
- 7.397
- Поени од реакции
- 1.307
П.С. Зошто сите сте пишувале буквално за вазни, зар не гледате дека Лејди Сатори со примерот за вазната сака да ве поттикне да зборувате за човечките чувства/релации, дали му доаѓа слично со една скршена или залепена вазна?
Затоа што сме биле иронични. Сатори во тој период очигледно беше во некоја фаза-метафора па се изразуваше само на тој начин.
Од друга страна и ние сме биле во фаза-иронија. Некои од нас се заглавија таму.
Ќе реплицирам сериозно на темава овој пат... чисто за промена и да пробам да бидам објективен иако тоа е многу тешко од моја перспектива, верувајте.
Човечките релации секако можат да бидат обновени па дури и подобрени по едно фино спукување (кршење на вазната) на врската каква и да е. За колкав период не знам, но знам и дека ниеден однос не е вечен, бил добар или не. Бракот не е вечен, љубовта не е вечна, пријателството не е вечно. Се` избледува кога тогаш. Односно, секоја вазна може да се извалка... или може да се скрши (колку и да ми е смешна споредбава која ја прифаќам на четврт век живеење).
Инсистирам на втора шанса, па и на трета ако има потреба... но потоа е веќе бесмислено. Иако по секое “лепење“ се стекнуваме со искуство плус и карактерот малку од малку ни се менува... па можеме да очекуваме нешто ново во таа врска.
Секоја чест на оној кој ќе има сила да даде нова шанса и по четрти и пети пат...