Скршена вазна

  • Креатор на темата Креатор на темата Сатори
  • Време на започнување Време на започнување
П.С. Зошто сите сте пишувале буквално за вазни, зар не гледате дека Лејди Сатори со примерот за вазната сака да ве поттикне да зборувате за човечките чувства/релации, дали му доаѓа слично со една скршена или залепена вазна?

Затоа што сме биле иронични. Сатори во тој период очигледно беше во некоја фаза-метафора па се изразуваше само на тој начин.

Од друга страна и ние сме биле во фаза-иронија. Некои од нас се заглавија таму.

Ќе реплицирам сериозно на темава овој пат... чисто за промена и да пробам да бидам објективен иако тоа е многу тешко од моја перспектива, верувајте.

Човечките релации секако можат да бидат обновени па дури и подобрени по едно фино спукување (кршење на вазната) на врската каква и да е. За колкав период не знам, но знам и дека ниеден однос не е вечен, бил добар или не. Бракот не е вечен, љубовта не е вечна, пријателството не е вечно. Се` избледува кога тогаш. Односно, секоја вазна може да се извалка... или може да се скрши (колку и да ми е смешна споредбава која ја прифаќам на четврт век живеење).

Инсистирам на втора шанса, па и на трета ако има потреба... но потоа е веќе бесмислено. Иако по секое “лепење“ се стекнуваме со искуство плус и карактерот малку од малку ни се менува... па можеме да очекуваме нешто ново во таа врска.
Секоја чест на оној кој ќе има сила да даде нова шанса и по четрти и пети пат...
 
Зависи за што и за кого се работи.
Во суштина секогаш се трудам да не доаѓа до „кршење“. Но, ако тоа што го давам не ми е барем половина возвратено, губам секаков интерес за личноста. Ако нешто премногу ме повреди и погоди, а претходно сум толерирала, тогаш ниедно продолжување на контактот нема да ни донесе нешто добро. Би било премногу лицемерно и трагите од парченцата секогаш ќе се познаваат.
Да сумирам - давам шанси (не е битна бројката) додека може да се толерира.
 
ДА,може да се залепи ама никогаш нема да биде тоа што била пред да се скрши.Така и во љубовта и во другарството и се останато,кога еднаш ке се скрши трагите остануваат засекогаш безразлика колку сме се обидувале да ја лепиме.
 
Секоја вазна може да се скрши и секоја вазна може да се залепи, но залудно е. Веќе ја губи убавината, ја губи вербата, станува несигурна и плашлива дека со секој нареден невнимателен допир таа би можела овојпат целосно да се скрши и никогаш повеќе да не биде залепена.
Ми велеа дека секоја вазна која што еднаш ќе биде скршена повеќе не може да се залепи. Не верував. Пробав да ја залепам, можеби ми успеа, но видов дека тоа не е тоа. Вазната си ја изгубила својата убавина колку и да ни го красела домот и стигнав до големото откритие- залуден е трудот затоа што секогаш може да се прошета низ град и да се најде многу поубава вазна која што ќе ја засакаме многу повеќе и ќе стане идеална замена за скршената :back:.

Купете си нова вазна- подобро е! Ново си е ново :back:
 
Се тоа зависи, понекогаш после лепење вазната ќе испадне појака а понекогаш никаква реконструкција не помага.
Моите искуства со метафоричните вазни обично се погубни, таков човек сум-не сакам да лепам скршено ремек дело.
 
Колку и да си го трошиш лепилото за некои непоправливи вазни, кои ќе се навикнат на се да пукаат и да се кршат, залудно си го трошиш само времето...
Остави ги да ги лепи некој како нив, лесно кршлив, со квалитет Ш категорија, блиску кинески производ:)
 
Се согласувам со Natural girl (нејзиниот прв пост) дека доколку вазната полесно се крши не вреди да се лепи, само отргни ја од животот или нашки кажано „фрли ја“, а ако е потешко кршива вреди и да се залепи колку и да е тешко и мачно тоа затоа што тоа вреди да се залепи, али мислам дека ако е тешко скршлива нема ни да се скрши вазната.
 
Зависи од тоа како ќе се скрши. Доколку се скрши само на неколку парчиња и гледаш дека има надеж да се залепи, тогаш пробуваш да ја лепиш па може и ќе успееш. Ама ако целата е раздробена и веќе неможеш ни еден дел од неа асално да споиш нема зошто да се вложува залуден труд и да се троши лепак.Се опростуваш од неа (зависи колку ти значела) и идеш во продавница да си купиш нова со која барем ќе пробаш да ја замениш старата, онаа скршената.:toe:
 
абе ќе ја скршиш и секако мојш да ја залепиш е зависи стварно од лепакот како ќе биде залепена:).но сепак следниот пат и малку да погрешно да ја допреш или да ја потурнеш полесно може да се скрши..
 
Хм, мене само една вазна ми се скршила до сега... И, не успеав да ја залепам... И од тогаш не се ни трудам... Вака ми е поубава :) Можеби ќе пробам пак да ја залепам, за некое време... Кога ќе најдам убав лепак :)
 
Ич не се согласувам со ова. Се може да биде одново пак како шо трњба, па макар и подобро. Само треба сила, надеж и верба во она шого имаш зацртано.

Сепак е до лепакот.


:)
 
Ич не се согласувам со ова. Се може да биде одново пак како шо трeба, па макар и подобро. Само треба сила, надеж и верба во она шого имаш зацртано.

Сепак е до лепакот.


:)

Се сложувам со Надево :) Барав соодветни зборови да коментирам и јас на темава, ама ете кој ми прочита мисли овој пат :)
 
По мое, откако ќе се скши ''вазата'' и ќе ја залепите, поголеми се шансите за да ја зачувате да не се скрши повторно, односно знаете кај е најлесна за кршење, зошто и како може да се скрши, со што автоматски внимавате на тоа...како што велат старите "чоек најдобро си учи на сопствените грешки"
 
Секогаш ќе остане трагата. Со каков и лепак да ја лепиме...може нема да се приметува и другите нема ни да знаат дека некогаш била скршена, но јас ќе знам. Ќе ми остане во сеќавање дека некогаш таа вазна се скршила и за мене нема да биде истата.
 
Знам да простам, но никако не можам да заборавам дека таа личност ми ја изиграла довербата.
Ќе дадам шанса да се поправи односот, да вратам нешто што претходно постоело, ако ни успее ОК, ако не, иако било залудно, барем ќе знам сум пробала.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom