Скопски фестивал 2009 - одбери го твојот победник (анкета)

Победник на Евросонг!

  • Сленг – Генгста оро

    Гласови: 127 48,3%
  • Ристо Самарџиев feat. Зоран Џорлев – 103 бели лебеди

    Гласови: 14 5,3%
  • Next Time - Нешто што ќе остане

    Гласови: 29 11,0%
  • Проект Македонија – Помалку наивно

    Гласови: 10 3,8%
  • Рок Агресори - Динг донг

    Гласови: 20 7,6%
  • Даниел – Сила на љубовта

    Гласови: 2 0,8%
  • Александар Белов - Застани

    Гласови: 9 3,4%
  • Костадин Папа – За неа постојам

    Гласови: 3 1,1%
  • Влатко Лозаноски - Блиску до мене

    Гласови: 20 7,6%
  • Верче Пандиловска – Северно од мене, јужно од тебе

    Гласови: 0 0,0%
  • Браво Бенд - Девојко

    Гласови: 2 0,8%
  • Влатко Илиевски - Најбогат на свет

    Гласови: 13 4,9%
  • Калиопи & Наум - Рум дум дум

    Гласови: 12 4,6%
  • Кристијан - Нема да зборам

    Гласови: 1 0,4%
  • Дејан Трифуновски - Љубовта доаѓа

    Гласови: 0 0,0%
  • Андријана Јаневска – Дрво без корен

    Гласови: 1 0,4%

  • Вкупно гласачи
    263
Статус
Затворена за нови мислења.
1. Сленг
2. Проект Македонија
3. Браво Бенд
4. Влатко Илиевски
5. Ристо Самарџиев и Зоран Џорлев
6. Андријана Јаневска
 
Влатко имал многу поубави песни, и не само Влатко, него и Некст Тајм имале поубави песни
А за калиопи да не зборам, не знам што е полошо, дали рум дум дум или целиот албум кој САМО на српски го извади
Гласав за Сленг и Оро, затоа што песната е откачена и интересна, али изгледа форумџиите не гласаат, па затоа после коментираме дека требало друг да победи
ГЛАСАМ вечер и тоа за Орото и за близнаците!
 
Ауу и да, под итно да го отпуштат оној камерманот кој вчера ја шибна Дани по глава со тоа камерата :pos:
 
Песната на Влатко ми беше некако како веќе слушната. Мелодија слична на многу други. Се на се песниве се шит. Па кога веќе немаме добра песна подобро да пратиме нешто за зезање. Мој фаворит се Рок Агресори.
 

Па Дани настапуваше во ревијалниот дел (што беше посветен за „Кирилицо испеана“), а тој камерманот што управуваше со кран-камерата цело време се доближуваше до лицата на тие на сцената, што на крај резултираше така што ја сплеска Дани по лице. :pos:
 
1 Лозаноски
2 Сленг
3 Илиески
4 Ристо
5 Проект Македонија
 
Конечно некој се сети да направи песна која супер ќе одговара да се прати на Евросонг...се работи за песната Динг Донг од Рок Агресори...алал да му е на типчето шо му текнало да направи таква песна ... а богами и пионерките кои танцуваа околу него беа јаки...ми го кренаа ( моралот де )...хе хе хе...ако ја пратиме оваа песна во Москва обезбедено ни е финалето 1000 % , а можеби на крајот ќе бидеме и во топ 10...шо се однесува до песната на Кире Костов ( Рум Дум Дум ) , јас да бев во комисијата која одлучуваше кои песни ќе бидат изведени на двете полуфиналиња , воопшто немаше да ја примам...треба да му се забрани на Кире Костов да пушта песни на Мак Евросонг...не дека е лош композитор или слично , но факт е дека чоеков нема поим како треба да звучи песна која ќе се прати на Евросонг...а тоа дека Калиопи ќе се налутела и немало повеќе да настапува за Македонија ако годинава не победи , баш ме заболе...ионака типката последниве години ептен се испозанесе и почна да губи осет за реалноста
 
А да не го знае некој случајно редоследот по кој ќе настапат изведувачите вечерва?
 
јас не планирам да гласам за никого, од едноставна причина, што имам попаметни начини како да ги трошам моите пари. баш вечерва, наместо да дадам 50 денари за еден глас на наместен натпревар, ќе дадам 120, ќе си го гледам филмот за тоше, и парите ќе одат во хуманитарни цели.:toe:

а за тоа кој ќе оди, мислам дека ако не одат генгста оро или динг донг, тогаш, подобро е да оди калиопи, отколку да одат белов, некст тајм, или лозаноски. зошто? затоа што песните не им се кој знае што, а тие се почетници во музиката, и ќе одат, нема ништо да направат и после, кај и да е, ќе им згасне кариерата (xxl кај нас, и многу други низ европа.) тие се млади, нека направат кариера прво тука и на балканот, па после нека одат на евровизија, нека си направат промоција (како што беше со тоше.) едноставно сега не е вистинскиот момент за нив, па оттаму или одличните заебанти - сленг или рок агресори, или најглупавата песна - калиопи и наум. што ќе постигнеме? со првите ќе правиме шоу и забава, и ќе имаме реални шанси за оличен пласман. со калиопи, ќе бидеме меѓу последните уште во полуфинале, па мтв ќе заштеди на пари :pos2:

Имаш право за сленг и генгста оро. Мада со вториов дел го кажуваш тоа што јас го кажав порано...жирито размислуваше на сличен начин како ти што размислуваш т.е. гласаше за името и репутацијата а не за песната. На европска евровизија се гласа според политика, тука според репутација на пејачите, почнав да се прашувам дали фестивалов е воопшто за музика :vozbud:

Па Дани настапуваше во ревијалниот дел (што беше посветен за „Кирилицо испеана“), а тој камерманот што управуваше со кран-камерата цело време се доближуваше до лицата на тие на сцената, што на крај резултираше така што ја сплеска Дани по лице. :pos:
:vozbud::pos2::pos2:
 
Па приказните од типот дека ако не победи Калиопи идната година ќе пее за друга земја се приказни за мали деца таму сечат вени за неа и имаат еден куп Каљопи и тоа со стас и глас,а и нели пееше на Будва шо направи апсолутно ништо а у Хрватска на Радискиот фестивал не успеа ни у финале да влезе а не нешто повеќе.Тоа дека ќе пее за Србија или Хрватска се само пуста желба и лажен маркетинг тоа секоја година го кажуваат а никако да се случи,а и да учествува на Дора или Беовизија треба да има државјанство нивно а таа го нема.
 

Пази материјал за Евровижн, текст разбирлив и лесно запамтлив. Мелодична е и певлива. Имаме идиот кој настапува, и три секси цури кои се облечени као средношколки. Епа боље од ова никад нема да извадиме. Али, господичните ќе гласаат за Влатко Куропецовски, Калисеркова, и Елена Попушовиќ. :toe:
 
Според мене:

Гангста оро - Сленг
Влатко Лозаноски

од нив 2 најзадоволен бев ептен и кој и да оди нема да ми е криво

Динг Донг - ме зачуди немам мислење, ама може да помине и таа :)

Влатко Илиевски и Некст Тајм ок беа али не доволно

Белов испеа тапа кој колку сака нека го обожава ама се е тоа ради ОТ шоуто
неговиот настап беше едвај забележителен и да не беше во ОТ немаше ни во финале да влезе, Кристијан беше ептен подобар од него

а Калиопа и Безум поглупа мештаљка немам видено
аман
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom