Патешествие на еден од членовите на build.mk
 
Сакам да споделам со вас малку слики од новиот терминал на Аеродромот Скопје и да го прикажам огромниот фушерај кој е применет при изградбата на зградава. За жал од брзање, не успеав да сликам ни 50% од пропустите допуштени при изграбата на овој *најмодерен и најголем терминал на Балканот, а можеби и пошироко*:
 
Прво, низ целиот терминал, кој е навистина голем за потребите на Скопје, цари атмосфера на апсолутна празнотија и замреност. Терминалот не беше ниту 10% толку оптоварен како што сме навикнати да ги гледаме околните регионални аеродроми:
 
 
 
Веќе сме горе, во отцепената зона за заминувања:
 
 
Она што апсолутно најмногу ми пречи, тоа е невидено ефтината изведба на таванот на целиот терминал. Може без никаков проблем да се види самата ламарина која служи за кров на самата зграда (и која покрај се прокиснува), што на терминалот му придава вид на ефтин хангар за логистика. Можеле за многу ефтини пари да стават некакви тела, кои би го затскриле самиот кров, би ги покриле сите инсталации и би придале многу посветол вид на терминалот. Истото можам да го кажам и за подот кој е премногу темен. Тука можните решенија се неколку: да се постави таписон, кој придава могу погостоприемен и луксузен вид на терминалот, или да се оди со светли јасни плочки кои даваат вид на чистота и јасност, или да се оди со темни плочки, кои одбиваат/рефлектираат светлина. Вака самиот под ми изгледа многу нечисто. Седиштата на горните гејтови (на оние со цевките обележани со кодови 2аа) се генерално ОК, иако секој средно прошетан човек знае дека стандард за ваквите седишта низ светот е на краевите на клупите да има по едно поголемо седиште, кое е во форма на фотеља и служи за поголем комфор и релаксација на патниците. Можеби ќе речете дека премногу замерки наоѓам, но затоа постои цела наука и струка која до последен детал се грижи за сиве овие нешта, спо цел впечатокот и доживувањето да се максимално пријатни. Очигледно турциве не се стигнати на тоа развојно ниво.
 
 
 
 
Одлично место за ваква саксија тип раззеленување во социалистичка канцеларија на јавната администрација - директно пред таблата со ознаки:
 
Полека се спуштаме кон излезите кои се на приземјето (обележани со ознаките 1аа), каде се опслужуваат помали авиони кои неможат технички да се закачат нацевките. Тука пак доаѓаме до поголемото разочарување, фушерај и ефтинија:
Како што може да се забележи, во овој дел се наоѓаат 3 излези (103, 104 и 105), но кога ќе слеземе доле излегува дека гејтот 105 воопшто не постои, осносно не е монитрана потребната опрема за опслужување на патниците (пулт зад кои по стандард стојат по двајца вработени и ги проверуваат и ги пропуштаат патниците кон авионот секој од својата страна на пултот). Е, тука на турците не им стигнало дали време, дали финансии да го изградат гејтот 105 (иако 103 и 104 постојат), па така местото од каде извираат кабли и инсталации од подот се покриени со црвена кутија, а вратат стои засекогаш затворена. Јасно се гледа дека табелата на излезот 105 е поставена, но токму тука се гледа дека таа е крива:
На горните две слики прекрасно се забележува турската посветеност на деталите: со голо око се видливи сите инсталации, меѓу кои и огромните цевки за вентилација, седиштата за одмор на патниците се поефтини и понеудобни од оние прикажани на горниот спрат (небаре се работи за Титаник и втора класа на патници кои плаќаат помалку и со тоа го оправдуваат ова мизерно ниво на терминалот на приземјето). Самите клупи се навистина кратки (по 3 седишта на клупа) и бидејќи се многу на број делуваат како да се расфрлани, на ретко и неуредно поставени. Јасно се гледа и колку квалитетно, иновативно и интересно е решено осветлувањето - како на производствена хала или шивачки цех.
Излегуваме надвор, каде што не беа видни било какви особености, освет фактот што на целиот аеродром имаше само 2 авиона, меѓу кои и оној на Адриа:
Објектите на контролната кула:
Стариот мизерно мал терминал, кој наместо да се претвори во хаб за нискотарифните авиокомпании, по обсежна реконструкција, сега е оставен да пустее и пропаѓа со времето:
 Се разбира тука се и авионите, односно остатоците од неуспешните обиди да се воспостави македноска авио компанија (иако беа успешни во перење на пари се разбира):