Ако сака Carrefour може и со загуба да го продава млекото, ако мисли дека тоа е правилен начин за привлекување муштерии. Досега да работи некој со загуба не сум сретнала, така ни овие 39ден не им се со загуба, само маржата им е симната очигледно на денарче. Веро и Тинекс работат со високи маржи, исто земаат и можеби два до три пати повеќе роба од Carrefour, бидејќи имаат центри низ цело Скопје и Македонија нели. Е сега иде Carrefour и вели јас ќе земам два шлепера млеко по оваа цена и ќе ја продавам со заработка од денарче. Тинекс и Веро кога ја виделе цената веднаш реагирале во млекарата поради дампингот, оти продажбата на тоа млеко кај нив ќе се намали и ќе мора да ја симнат маржата која очигледно им е 14/15 денари. На тој начин ако Carrefour ги симне маржите на речиси сите увозни производи, Тодорвски и Веро нема да имаат парички за нови центри, за колички, за станови, за луксузи, итн.
Бидејќи можат да влијаат кај еден производител, неможат кај сите нели, оти празни ќе им се рафтовите. Сега млекарава е зависна од парите на Веро и Тинекс и повеќе и одговара на Carrefour да не им дава роба, одколку на овие.