Skopje City Mall

Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.915
Поени од реакции
41.878
Мислам дека ќе биде исто како во Рамстор и Веро само ќе зјапаме низ продавниците и ќе ги сонуваме Енерџи и Дизел фармерките кои сигурно ќе бидат 9000 ден и најк и адидас тренерките 6000 ден. :D
Среќа фраерите и шмизлите ќе се дотераат од таму, а ние тешко со оваа просечна плата.
Па и Виктор Шевигнон бре бре мешавина од ГТЦ+Рамстор+Веро ова е веќе видено и цените однапред се знае какви ќе бидат. Веќе видовме некои марки во другите трговски центри дај нека си седат таму, а не на 3 места една иста продавница со иста роба и исти цени. Орка,Топ Шоп, Нептун, Шатце и Сваровски уште на Водно кај крстот да отворат продавница веќе ги има во секој град не се интересни.
Да можеа и Шутка ќе ја пренесеа они имаат позната марка - турска роба. :icon_lol:
Уште 5 молови да се отворат цената нема да падне. Македонските газди на продавници се лакоми и тешко евтино да ја продадат брендираната роба. Тоа што нема да се продаде во истата продавница во Рамстор или ГТЦ иде во Сити мол.
Ќе има некои попусти качи цена потоа пиши 50% сезонски попуст. ЈБГ пак ќе се оди во БГ и Солун сакале или не.
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.879
Поени од реакции
1.092
„Сити мол“ ќе привлече 7,5 милиони посетители


Ивајло Иванов, извршниот директор на „Скопје сити мол“, вели дека бројката од 2.000 нови вработувања не е воопшто за занемарување и само во првата година очекуваат 7,5 милиони посетители, домашни и странски




Продавницата на „Зара“ ќе се простира на 2.200 квадратни метри на два ката
Големи очекувања пред отворањето на најголемиот шопинг-центар во градот
Од идната недела граѓаните ќе може да уживаат во 140 продавници, најразлични ресторани и кафулиња, хипермаркет, киносали со најсовремена дигитална технологија, сала за куглање, како и други забавни содржини. Сето тоа ќе биде понудено во трговскиот центар „Скопје сити мол“, кој, освен одличен шопинг и забава, ќе овозможи и вработување за околу 2.000 лица, велат надлежните од трговскиот. Ивајло Иванов, извршниот директор на „Скопје сити мол“, вели дека бројката за нови вработувања не е воопшто за занемарување имајќи го предвид степенот на невработеност во Македонија и ќе придонесе во ублажување на сегашната состојба. Свеченото отворање на центарот е закажано за 4 октомври.

- Потребата за нови работни места ја огласуваат самите закупци. Тие го одредуваат видот на работните места во согласност со нивните потреби, како и бројот на работни места, а интересот претпоставувам дека е голем - вели директорот Иванов.

„Керфур“ - најголем закупец

„Скопје сити мол“ се простира на површина од 90.000 квадратни метри во населбата Карпош 4, вреди 70 милиони евра и ќе донесе 40 нови брендови. Според Иванов, „Скопје сити мол“ е вистински регионален шопинг-центар, кој ќе ги донесе на едно место сите оние што сакаат да купуваат квалитетни производи и истовремено да се релаксираат.

- Во трговскиот ќе бидат застапени околу 140 бренда. Дел од нив првпат доаѓаат кај нас, дел се веќе познати домашни и странски трговски марки. Би ја издвоил групацијата „Индитекс“, која одлучи првпат да им се претстави на нашите граѓани токму во „Скопје сити мол“. Добро познатите и, можам да кажам, долгоочекуваните „Зара“, „Масимо Дути“, „Пул енд Беар“, „Страдивариус“ и „Бершка“ ќе имаат свои продавници. Со нивното доаѓање, градот има можност да стане регионален моден центар и, што е исто така значајно од повеќе аспекти, веќе нема да мораме да одиме во некоја од соседните земји по омилените парчиња облека - вели директорот.

Тој дополнува дека најголемиот закупец е познатиот синџир на хипермаркети, француски „Керфур“, кој ќе се простира на 4.500 квадратни метри, а „Зара“ ќе го има најголемиот продажен простор на Балканот. Нивната продавница ќе се простира на 2.200 квадратни метри на два ката.

-Во „Скопје сити мол“ ќе бидат застапени и многу други големи имиња, сите етаблирани во својата индустрија. Не сме нескромни кога велиме дека очекуваме околу 7,5 милиони посетители, домашни и странски, во првите 12 месеци, едноставно убедени сме дека ги задоволуваме потребите и стандардите на нашиот потрошувач. Трговскиот располага и со најголемиот паркинг-простор во градот, за 1.300 возила на неколку катни нивоа - вели Иванов.

Цената за квадратот иста како и кај другите

Фирмите што сакаат да изнајмат простор во трговскиот велат дека цените за квадрат се разумни и се движат речиси исто како во другите трговски центри доколку се работи за помал простор, додека за поголем цените се доста повисоки и поголемиот простор им се дава само на компании што остваруваат голем профит.

- Сакавме да закупиме простор од 50 квадратни метри за книжарница и ни рекоа дека цената за квадрат е 36 евра месечно, односно 1.800 евра, што е разумна цена, слична како и во другите трговски центри. Другите фирми што бараа поголем простор велат дека цените достигнуваат многу повеќе - вели сопственик на продавница во ГТЦ.

Директорот вели дека цените се одредени во согласност со условите на пазарот.

- Цените секако зависат и од површината, местото на кое се наоѓаат во трговскиот, како и од дејноста со која се занимаваат- посочува Иванов.

Во поглед на другите трговски центри што се во нашето соседство, во Белград и во Софија, Иванов вели дека „Скопје сити мол“ го карактеризираат повеќе особености што го прават поинаков од другите големи шопинг-центри.

- Би ги навеле неговата локација, одличниот сообраќаен пристап, стратегиската поставеност до соседните држави, одличната мешавина на брендови од сите категории и за сите целни групи, како и голем број нови брендови што првпат одлучуваат да инвестираат во сосема нов пазар. Секако, тука е и неговиот општествено-културен карактер со кои се надеваме дека ќе придонесеме кон побогат и поразновиден културно-забавен живот на граѓаните - вели Ивајло Иванов.
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=92712112138&id=14&prilog=0&setIzdanie=22690
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.256
Поени од реакции
18.205
Мислам дека ќе биде исто како во Рамстор и Веро само ќе зјапаме низ продавниците и ќе ги сонуваме Енерџи и Дизел фармерките кои сигурно ќе бидат 9000 ден и најк и адидас тренерките 6000 ден. :D
Среќа фраерите и шмизлите ќе се дотераат од таму, а ние тешко со оваа просечна плата.
Па и Виктор Шевигнон бре бре мешавина од ГТЦ+Рамстор+Веро ова е веќе видено и цените однапред се знае какви ќе бидат. Веќе видовме некои марки во другите трговски центри дај нека си седат таму, а не на 3 места една иста продавница со иста роба и исти цени. Орка,Топ Шоп, Нептун, Шатце и Сваровски уште на Водно кај крстот да отворат продавница веќе ги има во секој град не се интересни.
Да можеа и Шутка ќе ја пренесеа они имаат позната марка - турска роба. :icon_lol:
Уште 5 молови да се отворат цената нема да падне. Македонските газди на продавници се лакоми и тешко евтино да ја продадат брендираната роба. Тоа што нема да се продаде во истата продавница во Рамстор или ГТЦ иде во Сити мол.
Ќе има некои попусти качи цена потоа пиши 50% сезонски попуст. ЈБГ пак ќе се оди во БГ и Солун сакале или не.
се сложувам до негде дека некој од цените криви се македонските газди кој се лакоми,ама еве на pull and bear исти се цените ко во грција.
А дека ќе глеаме од стакло и ќе сонуваме облека не ни се криви газдите,туку тоа што сме гревови на финансиски план и неаме услови за вакви брендови.Се надевам коа ќе отворат продавниците ќе се освести народот колку е лоша состојбата коа нема да може во еден синџир продавници за облека кој не се во врвната мода да си купи нешто:)
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.915
Поени од реакции
41.878
се сложувам до негде дека некој од цените криви се македонските газди кој се лакоми,ама еве на pull and bear исти се цените ко во грција.
А дека ќе глеаме од стакло и ќе сонуваме облека не ни се криви газдите,туку тоа што сме гревови на финансиски план и неаме услови за вакви брендови. Се надевам коа ќе отворат продавниците ќе се освести народот колку е лоша состојбата коа нема да може во еден синџир продавници за облека кој не се во врвната мода да си купи нешто:)
Па од 140 продавници изгледа само во pull and bear ќе ни се оствари сонот за фармерките и патиките 2000-3000 ден се. :pos:
Ако ни ги фати око ќе ги купиме, по што ми изгледаат ептен класично.

Не се криви газдите што ние ќе ја сонуваме нивната облека, туку владата е крива наместо прво да направеше фабрика каде сите ќе се зимаат плата, па потоа ова.
А не да отвараме продавници за штрумфовите кои владеат на бит пазар и шмизлите, фраерите на кои родителите им се милионери и за политичарите и нивните жени да се облекуваат во Бициани, новодојдентите фраери кои студираат на ФОН.... итн.

Пак ќе имаат муштерии од Косово, Белград, ќе доаѓаат како ние што одиме во Солун и метрото во Бугарија.
Кој си купувал од Рамстор ќе си купува и од тука. А колку ќе биде брендирана и квалитетна робата ќе видиме. :rolleyes:
Само немој патиките да се од оние како на Бит пазар "оригинал" и да траат 3-4 месеци.
И продавање на турска роба како што лани приметив во Кара, шаловите им беа 700 ден а во обичен бутик кој купува од турција и солун истите за 250 ден.
А потоа истиот го видов и во Авон за 800 ден. :facepalm:
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
Хах, една јакна што ми ја донесоа поклон од Чешка пред година дена сега е најнова роба во Њу Јоркер и тоа 2 пати поскапа.
Знам и дека не треба да се обвинуваат брендовите што стандардов ни е еквивалентен на тој на Мозамбик, Замбија, Уганда, ама и факт е дека државава изобилува со лакоми газди на дуќани.
 
Член од
4 февруари 2009
Мислења
7.733
Поени од реакции
7.549
Пак ќе имаат муштерии од Косово, Белград, ќе доаѓаат како ние што одиме во Солун и метрото во Бугарија.
Кој си купувал од Рамстор ќе си купува и од тука. А колку ќе биде брендирана и квалитетна робата ќе видиме. :rolleyes:
Само немој патиките да се од оние како на Бит пазар "оригинал" и да траат 3-4 месеци.
И продавање на турска роба како што лани приметив во Кара, шаловите им беа 700 ден а во обичен бутик кој купува од турција и солун истите за 250 ден.
А потоа истиот го видов и во Авон за 800 ден. :facepalm:
А зошто од Белград да доаѓаат на шопинг кога во Белград е дупло поевтино и Ушче е дупло поголемо од трговскиов?
 
П

Пепси_

Гостин
За вас незнам ама оти сум манијак по вакви патики конечно ќе ги имам на дофат,не дека купувам секоја година али....сепак цените на патики им се разумни според изгледот и квалитетот за разлика од овие другите кај нас. Е сеа за фармерки ќе се прашам дали ќе плеснам некогаш 3000 илјади :pos:

leandra перверзии се патичињата обавезно земај ги :P
 
М

Мартин`

Гостин
Секоја конкуренција каква таква е добредојдена, плус работни места за многу Скопјани па и останати луѓе од внатрешноста. Сигурно дека ретко кој во нашава држава може да си дозволи брендирана облека сепак чим ги отвараат си знаат они дека ќе имаат доволен број на муштерии, лично јас маркиве од листава не ги свиѓам многу што ќе дојдат во мол-ов единствено нешто лакосте ако се начека на попуст може да земам нешто ..
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.915
Поени од реакции
41.878
Они мислат дека сме прости и како да живееме во Африка ни донесоа брендирана роба, па не ги знаеме цените и ќе се палиме. :icon_lol:
Еден фраер уште пред 3 години купил дизел фармерки од 9000 и најк патики од 4000 за матурска поклон од баба му и уште си ги носи јбг фраер си е. :icon_mrgr:
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
1.104
Поени од реакции
359
Луѓе се вработи ли некој во трговскиов? Многу ме интересира зошто останува уште малку време а најавени се 2000 вработувања би требало повеќето кандидати да се одбрани веќе
И мене ме занима ова многу па ако има некој што знае нека пише :)
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.915
Поени од реакции
41.878
До сега имам сретнато само неколку јавни огласи за во Шевигнон и некој си АДЛ бутик. А мислам дека повеќето газди сами ќе си ги наоѓаат работниците и тоа нивни ќерки и синови пријатели многу тешко да влезе некој анонимец со онлајн аплицирање.
БУТИК ADL во CITY MALL
бара 7 продавачки со искуство.
За информации и договор јавете се на
тел. 075/478 901
Dukan za brendiran nakit vo noviot Skopje City Mall bara 3 devojki za rabota kako prodavacki. Prednost imaat mladi, ambiciozni devojki so poznavanje na stranski jazik (angliski), minimum sredna strucna sprema, komunikativni, otvoreni. Zainteresiranite da ispratat kratko CV so fotografija na: rimex@t-home.mk
За во Carrefour огласот е завршен го пуштиле уште на 7 септември. А некои уште во јуни си ги обезбедија работните места.
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.206
Поени од реакции
34.442
До сега имам сретнато само неколку јавни огласи за во Шевигнон и некој си АДЛ бутик. А мислам дека повеќето газди сами ќе си ги наоѓаат работниците и тоа нивни ќерки и синови пријатели многу тешко да влезе некој анонимец со онлајн аплицирање.

За во Carrefour огласот е завршен го пуштиле уште на 7 септември. А некои уште во јуни си ги обезбедија работните места.
Јас па еден куп луѓе знам што се вработија таму. Во Carrefour, спортска продавница (не ми текнува на името), Timberland и тн... :)
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.879
Поени од реакции
1.092
Јас па еден куп луѓе знам што се вработија таму. Во Carrefour, спортска продавница (не ми текнува на името), Timberland и тн... :)
И јас знам 15ти, вклучувајки се и себеси.Carrefour првиот оглас им беше пуштен уште во јули. А интервјуата се вршеа во Континентал на 7и8 август. За другиве исто така имаше огласи редовно на интернет порталите наменети за тоа, само кој колку гледал на тоа.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom