Скопје calling... асална Архитектура needed!

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување

Дали ви се допаѓа архитектурата во Скопје?


  • Вкупно гласачи
    236
Скопје бил ептен убав град, земјотресот од 1963 го усрал. Какви градби биле банката, официрскиот дом, театарот! Убавина! По земјотресот, комуњарите ја усраа работата. МНТ личи на бункер, да го ебам, а каква градба бил ц ц цц ц
Еве го бункерот
skopje01.jpg

А видете ја убавината
teatar.JPG

Зборот ми е, погледнете ги сите главни градови на Балканот, сите имаат вакви убави градби, и Скопје имал убави градби, не дека сега нема, но премногу е модерно граден и некако без вкус.
 
Ова темава нешто како London calling.хехех
Напредуваме

Богами, повикува на третман градов. Само за лепо (и ако има неинформирано) друштво, еве го коверот на култниот албум на Клеш:
B00004BZ0N.01.LZZZZZZZ.jpg


Скопје бил ептен убав град, земјотресот од 1963 го усрал. Какви градби биле банката, официрскиот дом, театарот! Убавина! По земјотресот, комуњарите ја усраа работата. МНТ личи на бункер, да го ебам, а каква градба бил ц ц цц ц
Еве го бункерот
skopje01.jpg

А видете ја убавината
teatar.JPG

Зборот ми е, погледнете ги сите главни градови на Балканот, сите имаат вакви убави градби, и Скопје имал убави градби, не дека сега нема, но премногу е модерно граден и некако без вкус.

Прво, онака само сакам да те прашам дали си влегол во МНТ?

Второ, другите главни градови на Балканот ја имале среќата и генезата да бидат далеку поважни центри на моќ, финансии, џет-сетеорство - култура него Скопје. Токму затоа во нив се граделе во континуитет далеку посовремени и репрезентативни градби во изминативе стотици години, додека Скопје и останатите наши градови биле под окупација те на султани, везири и кадии, те на други посланици.

Околу земјотресот... Види, не е дека не исчезнале навистина убави градби во таа катастрофа - но секое лошо за добро, или среќа во секоја несреќа - е што токму Скопје го имало моментот на модерна преродба, поточно архитектите кои биле дел од градбата на новото Скопје (која завзела големи димензии со учество на странски фондации од целиот свет) ја имале привилегијата и можноста да имплементираат на маркантни локации и на значајни места алатки кои ги превзеле (и модифицирале-кој како) од големите мајстори на модерната архитектура. Со тоа, некако се надоврзале на природниот тек на случувањата и се помириле со она што засекогаш заминало на некоја депонија како градежен шут, па одлучиле да градат нов, поубав град.

Конкретно, јас како иден архитект ја почитувам историјата - и воедно тврдам дека не може и не смее да се игнорира истата при проектирање на нешто ново - но, мојата генерација сака да остави свој белег на овој град, на оваа земја, белег на своето време. Ако сите одлучиме дека не ја бива работата како што тргнала, можеби ќе има некоја трета ренесанса и повторно во "мода" ќе се вратат класичните мотиви кои ти ги величаш во постот (иако со развојот на технологијата на глобално ниво и влијанието кое таа го има врз општествениот развиток, како и со пронаоѓањето на нови материјали, според мене ова е практично невозможно).

Ајде, театарот не ти се допаѓа, личен вкус. Само, немој да грешиш, нити ти нити било кој друг и за изгледот на Скопје од архитектонски аспект денес да бидат обвинети погрешни луѓе, наместо урбаната мафија која била секогаш присутна (повод: прекинот во исполнувањето на планот на Кензо Танге за урбанистичката реконструкција на главниот град) само денес, поради условите во кои живуркаме е поизразена.
 
Така, мој личен вкус е да не ми се допаѓаат некои нови градби. Мој вкус се оние класики, сметам дека имаат посебен шарм во себе. Со тебе нема да расправам околу архитектура и дизајн и такви работи од проста причина што од овие две се разбирам колку и од хидротехника:) не сум компетентен.
П.С. :kesa: никогаш не сум бил во МНТ.
 
Ma ajde neka go rusat MNT , na niso ne lici , nadobra idea bi bila da se izberat nekolku mladi luge so jaki idei i da i da bidat ukluceni vo sovetot na grad Skopje , samo taka Skoje ke se oprai .
 
Ma ajde neka go rusat MNT , na niso ne lici , nadobra idea bi bila da se izberat nekolku mladi luge so jaki idei i da i da bidat ukluceni vo sovetot na grad Skopje , samo taka Skoje ke se oprai .

Без проблем... само на форумов имаме 10тина архитекти и млади и стари. :wink: Имаш при рака неколку милијарди евра за да средиме?
 
еј абе луѓе ај ако мозете поставете што е мозно повеќе слики од старо Скопје, пред земјотресот. Малку да имаме увид за што зборуваме. Јас знам дека на времето пред 1963 Скопје бил среден град, со свој дух и шарм. Иако не е од рангот на Белград или пак Софија, сепак Скопје бил своевиден центар, со доста капитални објекти кои се разурнати со земјотресот. ајде дајте повеќе слики ако има некој па да правиме муабет. :)
 
Има ептен прекрасни места, и преубава архитектура. Но, има толку тапа места ухх.

Би трпел корекции, и тоа салам корекции.
 
еј абе луѓе ај ако мозете поставете што е мозно повеќе слики од старо Скопје, пред земјотресот. Малку да имаме увид за што зборуваме. Јас знам дека на времето пред 1963 Скопје бил среден град, со свој дух и шарм. Иако не е од рангот на Белград или пак Софија, сепак Скопје бил своевиден центар, со доста капитални објекти кои се разурнати со земјотресот. ајде дајте повеќе слики ако има некој па да правиме муабет. :)

Да не прикачувам илјадници слики, еве ти интересен линк.
 
Проблемот со архитектурата со Скопје и во Македонија е следен:
1. Урбаната мафија, која е коруптинво насочена и на која и е битен бројто од квадратни метри кој ќе го изгради и продаде за дебели пари.
2. Невидената корупција која владее кај локалната самоуправа, кај која може да „помине„ секоја будалаштина наречена архитектонски проект, доколку е добро „подмачкан„
3. Големиот број од новопечени парајлии ов Македониа, кои, од неукост, прво купуваат станови и локали, па после се каат за купеното и преуредувајќи ги, тие така неквалитетно изградени постории, се исложуваат на двојни трошоци. Но знаете како е со парите: како дошле-така пошле...
4. Падот на професијата архитект, кој е невиден досега. Затоа, наместо инвеститорите да ангажираат вредни архитекти, тие вработуваат пацери кои знаат да цртаат на комјутер и Аутокад за мали пари, т.е. плата. А да не зборам за онаа: „..градиме вака оти мајсторот (?????) така ни кажа...„
5. Немањето еснаф кој ќе ги брани интересите од архитектите.
6. Невидена простотија и неписменлак кај народот, кој купува се и сешто, наспроти сите обиди за масовно образование кај граѓанството.
7. Власта не ги штити архитектите ниту на локално, ниту на централно ниво.
 
Не знам што се сите овие негативни коментари за МНТ. Реалноста е дека тој е можеби и најмодерниот објект што го имаме во Скопје. Проблемот е што таков објект бара сериозно одржување.
Инаку најубавите објекти во Скопје се направени декадата после земјотресот, во модерната преродба што ја започнал Кензо Танге (и ја посрале комунистите).
 
На Скопје му фали булдожер. Единствено што му се допаѓа тоа е новата спортска сала и зградата каде што е Уни Банка И ППБанка, се вклопува со старите објекти. Се ново што се гради е без план, на сервисна улица со ширина 5м се градат згради, и нормално ни има кола каде да паркираш, ни место за тротоар. Им се чудам на луѓето што даваат тешки пари за да купат стан во дебар маало и сл. Отвараш прозор и му викаш на тој од карши во зградата - што бе комши,пак грав денес? Не дај боже да повратиш низ прозор, отиде во тањирот на комшијата од карши. Плански се и новите згради кај ми-да, со простор меѓу нив и паркинг, тераси...Плански населби по мене се карпош 1-4, топанско и аеродром.
 
Од сите градови што сум ги прошетал, после секое враќање си викам дека Скопје е најубавиот. А само 7 години живеам тука, дали е од home sweet home - синдромот или нешто друго, не би знаел.

Убави населби ми се Дебар Маало, Центар, Водно.
Исто така ми е убава населбата Хром, ама делот во близина на Порта Влае, баш фина, мирна и зелена населба :) Ѓорче Петров, Влае, Кисела Вода, Карпош - не ги “мирисам“ многу, многу. Не знам зошто, ама не ми се допаѓаат, кога сум таму, како да сум во некое место оддалечено 1000 километри од дома.

Дефинитивно најгрд предел што ми е и засекогаш ќе остане таков е од хотелот Холидеј Ин до факултети и од главната пошта до факултетите, па потоа и Бит-пазар. Воопшто не можам да го смислам тој пат, смрт ми е кога треба да одам на факултет, практикувам да одам со автобус за да не ја гледам “околијата“. Нечисти улици, нечисти тротоари, грди луѓе, растурени продавници... И оној трговскион “Мавровка“ би бил погодно место за снимање хорор-сцени. Распослани тезги, тука мириса на плескавици а до неа T-Mobile опнале дуќан... 20th kisses 21st century. Не знам што повеќе да искоментирам. Гледам поликлиниката Бит-пазар ја обоиле розово-црвено, симпатична боја, не како тоа жолтилото што беше претходно, да те фати страв да влезеш.

Минатиов февруари одев на часови во населбата Аеродром, првпат имав прилика така убаво и со секојдневно повторување на глетката да оформам впечаток за неа :) И не е позитивен. Огромни зградишта, огромни улици и раскрсници, лавиринти... Единствено ми се допадна трговскиот “Бисер“ и некои продавнички околу него, фина атмосфера. Другово ме асоцира на зима, студенило.

Верувам секој град има и грди и убави места, само глупавото е што на Интернет се ставаат секогаш поубавите глетки.
 
Sedam pred 2 nedeli во карпе Дием, Охрид и позади мене охриѓанец и двајца скопјани и разговараа баш за овој проблем. И тој охриѓанецот вика, ‘‘Ајде да се соберат булдужери нека го урнат цел град па нека изградат се од ново, не можи тоа? Чим на Париз успеа ќе биди и на Скопје.‘‘ :nesvest: ете ви прост охриѓанец :)
Можи е добра идеа ама за на "I robot" само.
Него, муабетот ми беше дека СКопје е убав град, ми се допаѓа најповеќе центар, само му фалат објекти со постара архитектура, и постари архитекти. Фасадите добро ќе е да се сменат со постар изглед. Барем обид за да се врати старото од него и да лажиме туристи после =)
Не ми е јасно зошто после земјотресот не се потрудиле да ги градат ко шо биле објектите туку експериментирале.
 
Градов ми е, искрено, шминкерски. Се што се прави ми е некако различно, нема некаков ред. Јас мислам за еден главен град треба да биде се убаво усогласено и организирано а не да се тупнува како ќе му текне на некој и да се гради по свое. Треба да имаме некој добра група на архитекти кои ќе одлучуваат што треба да се поправи, дали е во духот на градот. Всушност она што фали на архитектурата е скопскиот белег, духот во градбите сеедно дали се модерни или класични . Мнооооооооогу работи ни фалат. Се е испомешано нови градби до оние со постар шмек, глупости, безредие. Ама се надевам ќе почнеме да се оправаме.:toe:
 
Абе каков и да е Скопје е наш и сите многу си го сакаме :pipi:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom