Нема пореба да зборуваме за вакви примери, ете денес видов на телевизија едно јуручко село со 500 жители во Радовишко, сеуште вода полнеле во селска чешма.
Стотина илјади граѓани пијат небезбедна вода од бунари, дури и села со над 2000 жители, кога ќе се додадат и септичките јами, тогаш јасно е на кое ниво сме.
Во Мексико сити се зборува за отварање на просторот за повише зеленило, повише слободен простор за пешаците.
Скопје 2014 е сосем спротивното, го затворија секој можем слободен простор, на штета на зеленилата и на штета на пешаците.
Додатно кога го видов и ова денес, слободно нека ни фрлат атомска бомба, не не бива и точка, стручно средно училиште веќе 4 години функсионира во монтажни бараки, без вода и тоалети, без сала за спорт, без двор, со низок плафон, 34 ученици во една барака, самиот амбиент кога го гледам разочарува, и после бараме квалитет.
Зошто бе 4 години не е изградено нормално училиште за дури 1150 ученици, нека скратеа на еден споменик само.
Школа ли е , затвор ли е? (не е затвор, средно училиште медицинско, на албански јазик)