Скопје 2014 (Генерална дискусија)

  • Креатор на темата Креатор на темата Принцезичка
  • Време на започнување Време на започнување

Дали го одобрувате проектот Скопје 2014?

  • Вкупно гласачи
    593
Во меѓувреме, да се пропере уште некое евренце:

Нови 611 000 евра ќе заминат во Музејот на ВМРО
За Музејот на ВМРО, од проектот ,,Скопје 2014″ Владата ќе потроши дополнителни 611.276 евра.

Парите се наменети за ентериерно уредување на конференциска сала, која претходно веќе беше уредена.

Браво за Владата, ако не инвестираа 611.000 евра во овој музеј, илјадници работници ќе останеа без работа, ова е економски проект, добро вика @bitushanec и @Inglourious Basterd[DOUBLEPOST=1438899743][/DOUBLEPOST]
Пак ти измеша нешто. Тоа е кога поише се бавиш со патетики и флоскули отколку со бројки.

Денес Македонија има:
- 1 672 460 луѓе работоспособно население, во 2006та имала 1 618 482
- 697 248 вработени, во 2006та имала 570 404
- 262 140 невработени, во 2006та имала 321 274
- 713 072 неактивни работоспособни, во 2006та имала 726 804

Значи, и покрај тие 200.000 исселени Македонија денес има околу 55.000 повеќе работоспособни луѓе, скоро 130.000 повеќе вработени, 60тина илјади помалце невработени и само 13-14.000 помалку неактивно население.

Тоа е разликата, некој е доволно писмен за да може сам да пресмета, некој треба да им верува на Јанко, Миленко или да смета дали СНН е порелевантен од Канал 5. И единствено од аргумент што може да понуди, во област во која се се мери со бројки, да биде патетика.

Споредуваш работи од пред 9 години, во држава која 24 години е независна. Луѓе кои 13 години се на власт се фалат дека сме имале само 28% невработеност, и тоа по нивна заслуга, голем успех еј, само 28%.

Знаеш и ти многу добро на кој начин се случи намалувањето на невработеноста, најмногу преку строги контроли и казни, луѓе кои и порано работале сега се внесени во статистиките, а другиот фактор за намалување на невработеноста е огромниот број вработени во администрација.

Објасни ми го ова:

Зошто цели 5 години просечната нето плата тапка во место?
мај 2010: 20.798 денари
мај 2015: 22.071 денари
+6,1%

Инфлацијата за истиот период изнесува 10,66%.
Значи денес со поголема плата добиваш помалку работи и услуги, платите не ја следат ни инфлацијата, а камо да зборуваме за некое подобрување на стандардот.

Ние не сме слепи и да не гледаме дека се отвараат нови фабрики, тоа го поздравуваме, но и ти не биди слеп, работниците не се задоволни.

Сите работи кои ни се приоритет многу бавно се решаваат, а тие непотребните експресно.
 
Последно уредено:

Јас нигде не напишав дека работниците се задоволни. Македонија е 20-30 години далеку од позиција во која воопшто би се размислувало за тоа дали работниците се задоволни.

Инаку, кога споредуваш раст на плати и инфлација, слободно спореди со било кој друг период предходно.
 
Работава е секаде се гради куќа од темели, кај нас од втор спрат, првиот плива во гомна ама од вториот нагоре е европски стил на кој сите ни завидуваат нели :)))))

Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Завчера пречекував пријател на аеродром. На поминуење го прошетав низ центар град Скопје.
Ми рече. "Јаоо па ово Скопје уште ли се опоравља од земјотресот?"
И во право беше Влегов во ГТЦ од кај Холидеј Ин и после се најдов во градилиште од кое беше баш tricky за да го најдам патот надвор.
upload_2015-8-7_20-28-56.png
тунели тунели тунели тунели тунели тунели
 
Прегледај го приврзокот 125909
тунели тунели тунели тунели тунели тунели
Многу ладно луѓево на сликава со капути.
 
Многу ладно луѓево на сликава со капути.
porta3.mk фотка
03(МАРТ).2015
Нешто многу променет Скопје од тогаш глеам. Вчера го шетав. Тоа плоштадот едни треви, една ширина, па тоа гулабите како летаат.....милина.
 
Ова што правите муабет за пописов, незнам дали сте поминале низ Крива Паланка, Пехчево, Делчево, Берово, Крушево, Ресен... Јад, беда и чемер. Пола источна Македонија ќе стане тоа што е Мариово денес, пустелија.
 
Скопје се гради со наши пари.Е тоа градење на Скопје носи смрт на сите мали чисти македонски градчиња.
 
Скопје се гради со наши пари.Е тоа градење на Скопје носи смрт на сите мали чисти македонски градчиња.

Епа тоа е кога во Источна Македонија нема стратешки проект веќе 25 години.

Еве сега "кога се има пари", пола милијарда се трошат во 2 km2 додека за локално патче, канализација и водовод во Источна Македонија чекаме донации од амбасади или кредити од ЕБОР.
Сега ќе бидне автопатот со концесија, па кога ќе лупнат кинезите цена на патарината, ќе биде чешање глава. После се чудиме зошто Пехчево, Делчево и другите градчиња имаат население со 70% бугарски пасоши и се помладо од 40 години е во странство.

Незнам како не им е срам, само за пример лани објавуваат изградба на некои споменици во Скопје од незнам колку милиони евра, а после пет минути се објавува вест дека Норвешка амбасада донирала пумпна станица за местата во Прилеп што немаат вода преку лето конечно да добијат. Ејј Прилеп, трет - четврт град по големина добива пумпни станици за вода преку донации додека овие си играат Sims во Скопје. Не само таму, еден куп села низ Македонија, водовод и канализација добија преку донации. Мене би ми било срам амбасадорите да ги погледнам во очи после.
 
porta3.mk фотка
03(МАРТ).2015
Нешто многу променет Скопје од тогаш глеам. Вчера го шетав. Тоа плоштадот едни треви, една ширина, па тоа гулабите како летаат.....милина.
таков сум ситничар :-) знам дека е заграден доста и глупо е ама дај стави поактуелна слика. Сега кејот е преграден.
 
Епа тоа е кога во Источна Македонија нема стратешки проект веќе 25 години.

Еве сега "кога се има пари", пола милијарда се трошат во 2 km2 додека за локално патче, канализација и водовод во Источна Македонија чекаме донации од амбасади или кредити од ЕБОР.
Сега ќе бидне автопатот со концесија, па кога ќе лупнат кинезите цена на патарината, ќе биде чешање глава. После се чудиме зошто Пехчево, Делчево и другите градчиња имаат население со 70% бугарски пасоши и се помладо од 40 години е во странство.

Незнам како не им е срам, само за пример лани објавуваат изградба на некои споменици во Скопје од незнам колку милиони евра, а после пет минути се објавува вест дека Норвешка амбасада донирала пумпна станица за местата во Прилеп што немаат вода преку лето конечно да добијат. Ејј Прилеп, трет - четврт град по големина добива пумпни станици за вода преку донации додека овие си играат Sims во Скопје. Не само таму, еден куп села низ Македонија, водовод и канализација добија преку донации. Мене би ми било срам амбасадорите да ги погледнам во очи после.
Нема што да ти е срам, сигурно туристи нема да дојдат за да го видат водоводот и канализацијата во Прилеп. Едно со друго нема врска, од ова првото се очекува парите да се вратат, регионален развој или социјална политика е друга тема.
Автопатишта за кои нема економска oправданост не се градат од Кинески концесионери, тој проект за изградба на автопатишта од концесионери пропадна, не се јави ниеден концесионер.
Патиштата ги гради државата, со Кинески кредит. Се разбира парите ќе ги враќаат даночните обврзници, нема сообраќај за да се вратат преку патарини.
 
Државата прво треба да овозможи благосостојба за своите граѓани па после да им разубавува на туристите. Ова ми делува како Јужна Африка за светското, кога за да свети стадионот повеќе од пола град немаше струја.
Не правиме муабет да се направи метро или трамвај, туку да им се обезбеди на луѓе основна потреба за вода и канализација, што не би требало да биде од донација туку од државата каде што луѓето живеат со векови.
Ако е таков случајот на регионален развој подобро да го направиме Скопје град - држава а другава красна земја да ја поделиме по комшиите да се грижат за неа што ние сме презафатени со туризам.

И на крај, не сфаќам колку е ефективен проектов за туристи, кога најинтересни и најпосетени знаменитости се Чаршија, Кале, Водно и Матка :toe:

Посебно кога ќе им кажеш дека другите објекти во стар стил се направени вчера.
Препознаваат и они што е навистина интересно и типично за Скопје.
 
^
Ако не разубавува за туристите, туристите нема ни да дојдат. Ако не дојдат нема да има пари ни за водоводи и канализации (таму каде недостасуваат) и поголема социјална помош.

Од социјала никој не се развил, треба издржани проекти кои што враќаат пари, без разлика дали се работи за туризам, производствени погони, гасоводи итн, и во Скопје и во другите градови.

За централизацијата во Скопје се сложувам и треба драстични мерки, други држави кои го имале истиот проблем дури и ја преместувале престолнината, од Истамбул во Анкара, Рио - Бразилија...

Што им е интересно на туристите ќе видиме, се уште е градилиште Скопје, стара чаршија им е интересна затоа што е автентична. Како земјотресот да не ja погоди стара чаршија, џамиите, ановите, амамите него само зградите како театарот, офицерскиот дом, народна банка, црквите Св. Конст. и Елена, Католичка црква итн. Него јасно е што им била идејата тогаш. Добро што барем стара чаршија и Калето не ги урнале и останало нешто автентично.
 
^
Ако не разубавува за туристите, туристите нема ни да дојдат. Ако не дојдат нема да има пари ни за водоводи и канализации (таму каде недостасуваат) и поголема социјална помош.
Па нема да има пари ни ако све фрлиш на споменици. А чим се градат споменици значи имало пари за другиве работи. Што не се средат прво водоводите и канализациите, па после споменици? Тоа е уствари муабетот.
 
Па се средуваат и тие. Што ти фали тебе? Немаш вода или канализација?
Еве ти стани градоначалник и за 4 години поправи ги сите улици во градов (веројатно за 4 години цел буџет ако се троши на тоа ќе се оправат) и не работи на ништо друго па да видиме дали ќе добиеш втор мандат.
Се се фрлило на споменици...па си прошетал ли надвор да видиш улици, објекти и што уште не. Пред 10 години еден проект ако се завршеше успешно се прославуваше. Сега ако решат зграда од 100.000 квадрати за година дена ќе ја направат.
Ао критикуваш критикувај со усул. Овие 9 години или колку и да е Коце, според тебе само споменици направил?[DOUBLEPOST=1439111179][/DOUBLEPOST]@Ne_sum_ja еве пошто не си сигурен колку им се допаѓа, германецов ја запросил девојката на новиот мост на плоштад. Пред 15 години да беше не сум баш сигурен дали ќе ја запросеше пред Кенан на плоштад. изгледа овој германски будала по цел ден гледа сител и канал 5.
zaprosi.jpg

http://vobelo.com/index.php/zanimlivosti/300-prosidba
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom