- Член од
- 30 ноември 2007
- Мислења
- 7.481
- Поени од реакции
- 5.949
Во меѓувреме, да се пропере уште некое евренце:
Нови 611 000 евра ќе заминат во Музејот на ВМРО
За Музејот на ВМРО, од проектот ,,Скопје 2014″ Владата ќе потроши дополнителни 611.276 евра.
Парите се наменети за ентериерно уредување на конференциска сала, која претходно веќе беше уредена.
Браво за Владата, ако не инвестираа 611.000 евра во овој музеј, илјадници работници ќе останеа без работа, ова е економски проект, добро вика @bitushanec и @Inglourious Basterd[DOUBLEPOST=1438899743][/DOUBLEPOST]
Пак ти измеша нешто. Тоа е кога поише се бавиш со патетики и флоскули отколку со бројки.
Денес Македонија има:
- 1 672 460 луѓе работоспособно население, во 2006та имала 1 618 482
- 697 248 вработени, во 2006та имала 570 404
- 262 140 невработени, во 2006та имала 321 274
- 713 072 неактивни работоспособни, во 2006та имала 726 804
Значи, и покрај тие 200.000 исселени Македонија денес има околу 55.000 повеќе работоспособни луѓе, скоро 130.000 повеќе вработени, 60тина илјади помалце невработени и само 13-14.000 помалку неактивно население.
Тоа е разликата, некој е доволно писмен за да може сам да пресмета, некој треба да им верува на Јанко, Миленко или да смета дали СНН е порелевантен од Канал 5. И единствено од аргумент што може да понуди, во област во која се се мери со бројки, да биде патетика.
Споредуваш работи од пред 9 години, во држава која 24 години е независна. Луѓе кои 13 години се на власт се фалат дека сме имале само 28% невработеност, и тоа по нивна заслуга, голем успех еј, само 28%.
Знаеш и ти многу добро на кој начин се случи намалувањето на невработеноста, најмногу преку строги контроли и казни, луѓе кои и порано работале сега се внесени во статистиките, а другиот фактор за намалување на невработеноста е огромниот број вработени во администрација.
Објасни ми го ова:
Зошто цели 5 години просечната нето плата тапка во место?
мај 2010: 20.798 денари
мај 2015: 22.071 денари
+6,1%
Инфлацијата за истиот период изнесува 10,66%.
Значи денес со поголема плата добиваш помалку работи и услуги, платите не ја следат ни инфлацијата, а камо да зборуваме за некое подобрување на стандардот.
Ние не сме слепи и да не гледаме дека се отвараат нови фабрики, тоа го поздравуваме, но и ти не биди слеп, работниците не се задоволни.
Сите работи кои ни се приоритет многу бавно се решаваат, а тие непотребните експресно.
Последно уредено: