Скопје 2014 (Генерална дискусија)

  • Креатор на темата Креатор на темата Принцезичка
  • Време на започнување Време на започнување

Дали го одобрувате проектот Скопје 2014?

  • Вкупно гласачи
    593
„Скопје 2014“ се распаѓа како кула од карти: „Умреа“ и водоскоците во Вардар

Двете фонтаните во реката Вардар, кои требаше да прават водоскоци покрај Камениот мост, високи и по 20 метри, и да бидат осветлени во боите на виножитото, ги „изеде“ забот на времето, иако има едвај четири години откако се изградени.

image_1436796957_74.jpg
 
Не ми текнува кога последен пат гомноскоците ги имам видено да работат, ќе јаде овој проект пари со децении понатака, овојпат за одржување.
 
@Inglourious Basterd, имаш информација што ќе биде со оградата пред Влада? Разгледував некои рендери пред извесно време, требало крстови да стават на оградата, ама дојде до промена на финалниот изглед (некој ја издејствувал?).

Во меѓувреме, либерал-демократот М.Зекири од Ал-Сат ТВ се препоти да се тргнеле крстовите од оградата зашто таквиот чин не ја симболизирал мултиконфесионалноста во државата.
 
Поставија едно парче со крстови, па ДУИ имаат реагирано и се прекина со поставувањето. Е сега, дали дојде до промена не сум сигурен. Таа одлука не верувам дека и Груевски ја има донесено сеуште. Мислам дека ќе калкулира и со тајмингот и со тоа дали ќе останат крстовите.
 
Сепак мора да признаеме дека проектот СКОПЈЕ 2014 е добар во секој поглед.

Од една страна, се разубави градот, доби грандиозни градби во современ неокласичен стил како продолжение на традиционалниот неогласицизам присутен во Скопје посебно по 1913 г. Градот, посебно центарот на Скопје, до пред 5 години, не личеше на ништо, се напасуваа коњи, а источниот брег на Вардар беше ко запуштена ливада од плевел и трња кој наликуваше на валкано јавно ВЦ. Сега барем централното скопско подрачје приликува ко метропола и дури привлекува странски туристи.

Од друга страна, со спомениците се зајакнува патриотскиот дух на народот.

Од трета и најважна страна, Скопје 2014 е одличен економски проект, двигател на многу индустрии во Македонија и обезбеди илјадници работни места на Македонците. Така, се даде огромна поддршка на градежниот сектор, керамичката груба индустрија,керамичката фина индустрија, секторот за вадење и преработка на руди и камен, огноотпорната индустрија, енергетскиот сектор.
 
Началниче?

Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Началниче?

Sent from my iPhone using Tapatalk

Јас сум обичен човек кому му се допаѓа проектот Скопје 2014, а чинам галиба моето мислење по однос на овој проект го делат и повеќето Македонци.
 
а чинам галиба моето мислење по однос на овој проект го делат и повеќето Македонци.

Види горе во анкетата колку го делат твоето мислење
 
Јас сум обичен човек кому му се допаѓа проектот Скопје 2014, а чинам галиба моето мислење по однос на овој проект го делат и повеќето Македонци.
sk2014.PNG

Слаб ти е составот од погоре, да си научите в комитет што е завршен дел.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom