Скопје 2014 (Генерална дискусија)

  • Креатор на темата Креатор на темата Принцезичка
  • Време на започнување Време на започнување

Дали го одобрувате проектот Скопје 2014?

  • Вкупно гласачи
    593
Скопје го има изгубено просторот кој што го имаше пред овој проект.Просторот кој му даваше на градот да диши.А за 10-20 години ако не сме знаеле ќе видиме и доживееме како се распаѓа ''барокна'' архитектура/стил/стиропор.
 
Ова ми личи на она „ах, зошто дозволија увоз на половни автомобили, убаво си ги возевме југовците, стокецовите и ладите “
 
Да,сега сите купија силни коли кои што не знаат да ги возат и затоа се улиците многу ''побезбедни'' посебно навечер.
 
Да,сега сите купија силни коли кои што не знаат да ги возат и затоа се улиците многу ''побезбедни'' посебно навечер.

Затоа се криви џандарите затоа што со седат на топло и си ги дрват.
 
Наздравје

И Кисела Вода со отворени раце го дочекува барокот!

На местото на некогашната сапунара „Цветан Димов“, на влезот во скопската населба Кисела Вода, ќе се гради барокна станбена зграда со висина од дури 18 ката. Пред да започне изградбата на објектот, неговото фасадно обликување ќе мора да го одобри посебна Комисија формирана од страна на градоначалникот на општина Кисела Вода. Од барокниот архитектонски стил ќе зависи издавањето на одобрение за градење на објектот со максимална висина на венец од 57,5 метри. Локалната самоуправа денеска успеа да ја продаде градежната парцела со површина од 4.403 метри квадратни, на која е предвидено да се издигне замисленото барокно здание. Најповолниот понудувач за атрактивното земјиште ќе плати 29.570 денари од метар квадратен, односно за целата парцела е предвидено да одвои 130.196.710 денари или околу 2,1 милиони евра.

Sapunara%20Kisela%20Voda%200101.jpg

Купувачот на примамливото земјиште засега не се соопштува во јавноста. Тој најпрво е должен да ја уплати целокупната сума за планираната локација, по што ќе се потпише купопродажниот договор. Во рок не подолг од 15 дена од завршувањето на постапката за јавно наддавање, најповолниот понудувач ќе мора пред склучувањето на договорот да достави банкарска гаранција за навремено и квалитетно завршување на градежните работи во износ од 20.000 евра. Пред да започне со реализација на проектот, инвеститорот е должен на свој трошок да ги сруши постоечките три објекти на локацијата, меѓу кои е и поранешната сапунара „Цветан Димов“.

Идното барокно здание ќе има варијабилна висина, и тоа со минимална катност од приземје, седум ката и поткровје до максималната висина, која е предвидено да изнесува приземје, седумнаесет ката и поткровје. Вкупната развиена површина на објектот е зацртана на 42.517 метри квадратни. Покрај станбени единици, во идната зграда се предвидени и деловни простории како компатибилна класа на намена. Рокот за издавање на градежната дозвола е 9 месеци по солемнизацијата на купопродажниот договор, додека изградбата на објектот треба да се комплетира во временски период од 10 години.

Бојан Блажевски
http://www.build.mk/?p=42386
Објавено на 09.01.2015
 
Аеродром Александар Македонски
Автопат Александар Македонски
Булевар Александар Македонски
Катна гаража Александар Македонски
Споменик на Алаксандар Македонски
Конгресен центар Александар Македонски
...
Во ред е, сфаќаме дека ни е најпозната историска личност, ама ајде сега секоја втора бутка да ја крстат по него.
 
Не е баш секоја бутка. Верувам дека Гоце Делчев сеуште убедливо води :-) Инаку има и ОУ Александар Македонски во Аеродром.
 
Веќе се губи смислата на големината и значењето на историскиот лик со неговата преупотреба, ама како и да е, од забегани луѓе толку може да се очекува
 
Не е баш секоја бутка. Верувам дека Гоце Делчев сеуште убедливо води :) Инаку има и ОУ Александар Македонски во Аеродром.

На времето вака со Тито беше. :свиркам:

Веќе се губи смислата на големината и значењето на историскиот лик со неговата преупотреба, ама како и да е, од забегани луѓе толку може да се очекува

Е, ова!
 
Веќе се губи смислата на големината и значењето на историскиот лик со неговата преупотреба, ама како и да е, од забегани луѓе толку може да се очекува
Ај сега и ти пак ќе кажам Гоце Делчев за подсмев да не служи? :-)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom