Има,ама ти нејќеш да сфатиш што зборам ја.Вели, Скопје го има изгубено својот лик..Прашувам кој лик? Скопје го изгуби ликот што му го стрворија од 45-та до 90-та ?
Најмногу ме нервира тоа што многу мислат дека Скопје е изградено од Тито и толку и сега тоа што се сменило го доживуваме како катастрофа..Не бе луѓе,Скопје постоело и пред Тито и пред 200 години и пред 500.Зашто барем еден од вас не кажа греота за градот и сите тие зданија сета староградска архитектура, куќи на богати поединци што е срушени од комунистите за да се изградат денешниве блокови згради што ги сметате за ''белег'' на градот.
Знаеш ли ти колку објекти се срушени за да се изградат МОБ,денешнава зграда на кеј на Комерцијална,Типо-Сити галери..ГТЦ ? По чему тоа е опростено а денешново не?
Е баш заради болдираниве појма немаш шо збориш.. и критиката ти е тотално нелогична.... Ти си тој што се замара со тоа „бит ил небит - Тито ил не Тито“... очигледно имаш некаков комплекс од чоекот затоа што како што читам од целиов подфорум, само ТИ и такви као тебе мислат дека „некој таму мисли оти Скопје е изградено од Тито“...
свашта, и на мртво му се плашите... ццццц
Никој, ама баш никој овде не ти го спомна Тито, нит ти направи некакви споредби за тоа време и сл исл..
Како прво, кога веќе зборуваш за лик на еден град, треба да сфатиш дека ликот на еден град е општествена, технолошка и нормална нужност да се менува, во зависност од општествените, урбаните и технолошките потреби на жителите... Ако ги поставуваш нештата вака, онда значи, по тебе, дека секоја генерација која што градела, го уривала она од претходната, за да го „исчезне“ од историјата, па со тоа некако ние денес го немаме ликот на Градот што уствари постоел пред 200 и 500 години.. Што само по себе врска нема, затоа што
@maja-maja воопшто тоа и не го кажа.... Впрочем, и денес се рушат стари куќи и згради - маркантни (кои бај Д веј се оставени од ВРЕМЕ КОМУНИЗМА) за да никнуваат архитектонски и урбанистички чирови.. Прошетај низ Дебар Маало, ако не си шетал, а од скоро време оди и во Маџир Маало да ја видиш Кулетинана од 5-6 спрата, среде стари трошни куќи од почетоков на XX век - бај Д веј исто така оставени од Комунистите..
Второ, пошо се праиш многу паметен за тоа „колку вкупно згради и куќи биле срушени од комунистите“ за да се изгради МОБ и Комерцијална Банка - де кажи ми, и де кажи ми у какво се стање биле после земјотресот 63-та, и зошто биле срушени?! А не да верглаш политички глупости затоа што тебе Тито ти сметал... овде никој не праи муабет за Тито.. Ти тоа го правиш, за да го оправдаш кичерајов денес... И бај Д веј, знам дека појма немаш за тие твои „згради и куќи“, него така од некоја неразбирлива и нерационална лутина и горчина само зборуваш неаргументирано... Оти ако ти било толку стало до тие „стари куќи и згради од пред -45-та, онда ќе знаеш дека многу од тие куќи и згради се оставени и сеуште фигурираат во Дебар Маало, надвор од Мал Ринг, односно од Градски Ѕид, а на нивно место излегуваат шаренолики урбанистички чирови. И запрашај се чиви куќи биле тие и зошто останале во строгиот Центар на Градот и околу него? Впрочем во некои од нив и сеуште имаш амбасади, како на пример Италијанската, Бугарската, а ако не се лажам до пред скоро една деценија на самиот плоштад во една од тие прекрасни зданија беше мисијата на ЕУ кај нас.. Кој што срушил тука пријателе?!....
И трето, проблемот со губењето на ликот на Скопје со кичерајов и рингишпилов наречен „Скопје 2014“ е во тоа што дури и тие згради и куќи што се изградени, а останати до ден денес, во пред воениот период (од 1900 до 1941) се во сенка на една бледа имитација на нешто што никогаш и не било познато ниту постоело на овие наши територијални простори. Дури и да е се тоа обид за имитација на стилот што Јосиф Михајловиќ, како градоначалник, го наметнал на Скопје , па и тие пред него, воопшто нема никаква доприна точка со нив, туку е едно простачко филмско wanna-be.. и ништо повеќе....
Не е проблемот, кој што изградил во минатото, впрочем треба да знаеш дека во 63- од земјотресот Скопје бил уништен околу 80%... ти по дифолт мора да му дадеш нов лик на градот.. ново урбанистичко решение, смисла на движење, делување, живеење.. а сега ти сета таа смисла ја маскираш затоа што сакаш „бароК“ ил „нео-класицизам“, за да личиш на нечиј дом таму некаде... Ти не го криеш ликот на Тито, него го криеш ликот, т.е. тенденцијата за никнување од таа природна катастрофа - земјотрес, за градење на една поквалитетна, поорганизирана урбанистичка средина.. Средина која што татко ти, дедо ти, и низа други жители на Скопје, тргале камења и рушевини за да изградат покрив над глава.. и ти брат, најпаметно нешо шо можеш да кажеш, е да истресеш комплекс дека „Комунистите рушеле, и дека Тито е крив“.. абе чоек.. имаш ли памет у глава ?!
Жалосното во целава оваа приказна е што таа идеја, таа тенденција за пофункционално и поорганизирано Скопје одамна е заборавена.. а резултат на тоа е „Скопје 2014“, кое што не само што нема никаква смисла за функционалност и организација, туку е само романтичарска квази-естетска желба, која што веќе е остварена во реалноста...
Ете тој лик го изгубил Скопје, а не оној „на Тито“ што ти ниту го знаеш, ниту па знаеш зашо го збориш...
Поздрав пријателе, и земи читај бре малку пред да збориш глупости..
И ако уште не ти е јасно за што ти зборувам (впрочем и на таквите како тебе).. еве ти го Холандскиов весник.. имаш гугл транслејт, па преведувај и читај...
http://www.volkskrant.nl/buitenland/regeringsgebouw-skopje-is-nu-sprekend-het-witte-huis~a3822024/