Скопје 2014 (Генерална дискусија)

  • Креатор на темата Креатор на темата Принцезичка
  • Време на започнување Време на започнување

Дали го одобрувате проектот Скопје 2014?

  • Вкупно гласачи
    593
Ок,точно е лудост е. Ама кој лик го изгуби Скопје..? Предисторискиот,средновековниот,нововековниот или 45-90 - та?

Шо збориш бе чоек!? Добро има ли побогу логика во ова шо го праша живти се!?! :-)
 
Шо збориш бе чоек!? Добро има ли побогу логика во ова шо го праша живти се!?! :)

Има,ама ти нејќеш да сфатиш што зборам ја.Вели, Скопје го има изгубено својот лик..Прашувам кој лик? Скопје го изгуби ликот што му го стрворија од 45-та до 90-та ?
Најмногу ме нервира тоа што многу мислат дека Скопје е изградено од Тито и толку и сега тоа што се сменило го доживуваме како катастрофа..Не бе луѓе,Скопје постоело и пред Тито и пред 200 години и пред 500.Зашто барем еден од вас не кажа греота за градот и сите тие зданија сета староградска архитектура, куќи на богати поединци што е срушени од комунистите за да се изградат денешниве блокови згради што ги сметате за ''белег'' на градот.
Знаеш ли ти колку објекти се срушени за да се изградат МОБ,денешнава зграда на кеј на Комерцијална,Типо-Сити галери..ГТЦ ? По чему тоа е опростено а денешново не?
 
Тоа што е уништено во некое друго време не дава за право да се уништува тоа што останало. Каде се скопските маала, каде се старите куќи и зданија кои сега добиваат барок стил. Старата железничка станица ја нема , и тоа што остана е уништено. Плоштадот , повеќе ме потсетува на надгробните статуи во гробиштата во Бутел само во енормни големини. Би ја издвоила фонтаната која ми се допаѓа. Коњи, лавови , мостови на поредени статуи , галии...Мислиш ли тоа е лик на метропола?
Ако некогаш си бил во некоја метропола ќе разбереш за што зборувам.
И не биди титофоб зашто неможеш да негираш некое време во кое не си ни бил роден.
 
Тоа што е уништено во некое друго време не дава за право да се уништува тоа што останало. Каде се скопските маала, каде се старите куќи и зданија кои сега добиваат барок стил. Старата железничка станица ја нема , и тоа што остана е уништено. Плоштадот , повеќе ме потсетува на надгробните статуи во гробиштата во Бутел само во енормни големини. Би ја издвоила фонтаната која ми се допаѓа. Коњи, лавови , мостови на поредени статуи , галии...Мислиш ли тоа е лик на метропола?
Ако некогаш си бил во некоја метропола ќе разбереш за што зборувам.

E каде се де.

А што ли има во другите метрополи,врска немам. :)
 
Во светот се прави спој на старата и модерната архитектура, не сум видела да се градат нови објекти во стил кој бил минато. Старите објекти се реставрираат, а новите изобилуваат со модерни облици кои се карактеристика на модерното време.
 
A што да правиме ние што старите објекти се срушени а на нивно место се градени нови? :)
 
A што да правиме ние што старите објекти се срушени а на нивно место се градени нови? :)
Ако го познаваш Скопјето ќе знаеш дека имаше нешто што останало и што немораше да добие барок стил. Ама и тоа е готово, го нема. Некој си замислил дека најубаво се чувствува во барок стил, ама надвор од својот дом , и ми го наметнува и мене која не го сака барокот. Но тоа е веќе завршена работа, се пропрале пари наместо да се изградат старачки домови, домови за деца, градинки, болници, центри за палијативна нега, продавници за социјални случаи во кои ќе пазарат со половина цена.....
 
Има,ама ти нејќеш да сфатиш што зборам ја.Вели, Скопје го има изгубено својот лик..Прашувам кој лик? Скопје го изгуби ликот што му го стрворија од 45-та до 90-та ?
Најмногу ме нервира тоа што многу мислат дека Скопје е изградено од Тито и толку и сега тоа што се сменило го доживуваме како катастрофа..Не бе луѓе,Скопје постоело и пред Тито и пред 200 години и пред 500.Зашто барем еден од вас не кажа греота за градот и сите тие зданија сета староградска архитектура, куќи на богати поединци што е срушени од комунистите за да се изградат денешниве блокови згради што ги сметате за ''белег'' на градот.
Знаеш ли ти колку објекти се срушени за да се изградат МОБ,денешнава зграда на кеј на Комерцијална,Типо-Сити галери..ГТЦ ? По чему тоа е опростено а денешново не?

Е баш заради болдираниве појма немаш шо збориш.. и критиката ти е тотално нелогична.... Ти си тој што се замара со тоа „бит ил небит - Тито ил не Тито“... очигледно имаш некаков комплекс од чоекот затоа што како што читам од целиов подфорум, само ТИ и такви као тебе мислат дека „некој таму мисли оти Скопје е изградено од Тито“...

свашта, и на мртво му се плашите... ццццц

Никој, ама баш никој овде не ти го спомна Тито, нит ти направи некакви споредби за тоа време и сл исл..

Како прво, кога веќе зборуваш за лик на еден град, треба да сфатиш дека ликот на еден град е општествена, технолошка и нормална нужност да се менува, во зависност од општествените, урбаните и технолошките потреби на жителите... Ако ги поставуваш нештата вака, онда значи, по тебе, дека секоја генерација која што градела, го уривала она од претходната, за да го „исчезне“ од историјата, па со тоа некако ние денес го немаме ликот на Градот што уствари постоел пред 200 и 500 години.. Што само по себе врска нема, затоа што @maja-maja воопшто тоа и не го кажа.... Впрочем, и денес се рушат стари куќи и згради - маркантни (кои бај Д веј се оставени од ВРЕМЕ КОМУНИЗМА) за да никнуваат архитектонски и урбанистички чирови.. Прошетај низ Дебар Маало, ако не си шетал, а од скоро време оди и во Маџир Маало да ја видиш Кулетинана од 5-6 спрата, среде стари трошни куќи од почетоков на XX век - бај Д веј исто така оставени од Комунистите..

Второ, пошо се праиш многу паметен за тоа „колку вкупно згради и куќи биле срушени од комунистите“ за да се изгради МОБ и Комерцијална Банка - де кажи ми, и де кажи ми у какво се стање биле после земјотресот 63-та, и зошто биле срушени?! А не да верглаш политички глупости затоа што тебе Тито ти сметал... овде никој не праи муабет за Тито.. Ти тоа го правиш, за да го оправдаш кичерајов денес... И бај Д веј, знам дека појма немаш за тие твои „згради и куќи“, него така од некоја неразбирлива и нерационална лутина и горчина само зборуваш неаргументирано... Оти ако ти било толку стало до тие „стари куќи и згради од пред -45-та, онда ќе знаеш дека многу од тие куќи и згради се оставени и сеуште фигурираат во Дебар Маало, надвор од Мал Ринг, односно од Градски Ѕид, а на нивно место излегуваат шаренолики урбанистички чирови. И запрашај се чиви куќи биле тие и зошто останале во строгиот Центар на Градот и околу него? Впрочем во некои од нив и сеуште имаш амбасади, како на пример Италијанската, Бугарската, а ако не се лажам до пред скоро една деценија на самиот плоштад во една од тие прекрасни зданија беше мисијата на ЕУ кај нас.. Кој што срушил тука пријателе?!....

И трето, проблемот со губењето на ликот на Скопје со кичерајов и рингишпилов наречен „Скопје 2014“ е во тоа што дури и тие згради и куќи што се изградени, а останати до ден денес, во пред воениот период (од 1900 до 1941) се во сенка на една бледа имитација на нешто што никогаш и не било познато ниту постоело на овие наши територијални простори. Дури и да е се тоа обид за имитација на стилот што Јосиф Михајловиќ, како градоначалник, го наметнал на Скопје , па и тие пред него, воопшто нема никаква доприна точка со нив, туку е едно простачко филмско wanna-be.. и ништо повеќе....

Не е проблемот, кој што изградил во минатото, впрочем треба да знаеш дека во 63- од земјотресот Скопје бил уништен околу 80%... ти по дифолт мора да му дадеш нов лик на градот.. ново урбанистичко решение, смисла на движење, делување, живеење.. а сега ти сета таа смисла ја маскираш затоа што сакаш „бароК“ ил „нео-класицизам“, за да личиш на нечиј дом таму некаде... Ти не го криеш ликот на Тито, него го криеш ликот, т.е. тенденцијата за никнување од таа природна катастрофа - земјотрес, за градење на една поквалитетна, поорганизирана урбанистичка средина.. Средина која што татко ти, дедо ти, и низа други жители на Скопје, тргале камења и рушевини за да изградат покрив над глава.. и ти брат, најпаметно нешо шо можеш да кажеш, е да истресеш комплекс дека „Комунистите рушеле, и дека Тито е крив“.. абе чоек.. имаш ли памет у глава ?! o_O

Жалосното во целава оваа приказна е што таа идеја, таа тенденција за пофункционално и поорганизирано Скопје одамна е заборавена.. а резултат на тоа е „Скопје 2014“, кое што не само што нема никаква смисла за функционалност и организација, туку е само романтичарска квази-естетска желба, која што веќе е остварена во реалноста...

Ете тој лик го изгубил Скопје, а не оној „на Тито“ што ти ниту го знаеш, ниту па знаеш зашо го збориш...

Поздрав пријателе, и земи читај бре малку пред да збориш глупости..

И ако уште не ти е јасно за што ти зборувам (впрочем и на таквите како тебе).. еве ти го Холандскиов весник.. имаш гугл транслејт, па преведувај и читај...

http://www.volkskrant.nl/buitenland/regeringsgebouw-skopje-is-nu-sprekend-het-witte-huis~a3822024/
 
Последно уредено:
Jao леле туго..што ми наприча. Тотално појма немаш што сакам да кажам,ај не е битно :)..a и долги огромни текстови на форум немаат логика.Форум е ова не роман,кој има живци да ти чита :)
 
Jao леле туго..што ми наприча. Тотално појма немаш што сакам да кажам,ај не е битно :)..a и долги огромни текстови на форум немаат логика.Форум е ова не роман,кој има живци да ти чита :)

Е токму тоа... „што сакаш да кажеш“.... ама очигледно не само шо не ти одговара, него и не се замараш да размислиш подалеку од она што исклучиво ТИ го мислиш, а кое е крајно ограничено...

И продолжи да не читаш... гледам ти годи... ;-)
 
Aбе ја читам 4 години и 4 години дискутирам на темава.Дали е ограничено моето мислење или не тотално небитно,исто небитно е и твоето. Млатиме празна слама тука,само времето ќе покаже чие мислење е поблиску до реалното.
 
Па што онда читаш и пишуваш 4 години ако млатиш празна слама?!

Него те иам приметено на форумов, а те фатат у тесно, одма нешто релативизираме на празно.... „Времето ќе покажело“.... Епа еве, изминаа четири години, а горе на форумов за период од 4 години имаш резултати од спроведено гласање - и уште се гласа ... ете „времето покажува“... чие мислење е поблиску до реалното?!

И за тоа ли треба да спориме?
 
Aко ти е мерило форумов за нешто у животов - тешко тебе.
Ни ја ни ти не сме во состојба да смениме нешто околу ситуацијава.РЕАЛНО.Затоа викам млатиме празна слама,ако напишеш 65 реда на кајгана форум не значи дека утре некој ќе се стресе на Илинденска под новата барокна фасада.
4 години пишувам и уште од тогаш до сега стојам на истиот став,а не како некои што тогаш биле за сега се против или обратно.Моето е за али со редица забелешки и критики,значи делумно за а не слепо за.Да образлагам ме мрзи многу пати го имам тоа правено, а и веќе немам инспирација за темава.
Времето ќе покаже,ама за едно 10-20 год.Ова време е прекратко за било што да се суди.
 
Aко ти е мерило форумов за нешто у животов - тешко тебе.

За мене не, но е мерило за тоа какви се луѓето... А ти пошто си пишувал и читал 4 години, и не знам дали баш дали не ти е некое мерило ниту пак интерес...

ама нејсе.. најмалку важно е тоа..

Ни ја ни ти не сме во состојба да смениме нешто околу ситуацијава.РЕАЛНО.Затоа викам млатиме празна слама,ако напишеш 65 реда на кајгана форум не значи дека утре некој ќе се стресе на Илинденска под новата барокна фасада.
4 години пишувам и уште од тогаш до сега стојам на истиот став,а не како некои што тогаш биле за сега се против или обратно.Моето е за али со редица забелешки и критики,значи делумно за а не слепо за. Да образлагам ме мрзи многу пати го имам тоа правено, а и веќе немам инспирација за темава.
Времето ќе покаже,ама за едно 10-20 год.Ова време е прекратко за било што да се суди.

Па баш ме заинтересирало за оние од Илинденска ББ дали читаат кајгана форум :))))))))))) ... Важно е за тебе, мене и сите остали што дискутираме овде.. затоа што ние ќе живееме во овој град за едно 10-20 години..

А да.... сум за али со критики - како беше она „конструктивна критика“ као „конструктивна опозиција“.. не ме јеби :)))))))))) ..

Не е прекратко.. затоа и постојат овие форуми, интернет и сл и сл.. да критикуваш и верглаш денес и сега. .за да не си ја трескаш главата после 10-20 години.... на крај краева.. колку смешно веќе денес звучи „Времето ќе покаже ама за едно 10-20 години“.. .шо?! :eek: Се осеќа чоек немоќен денес во вртлогот на она „денес и сега“, затоа што некој таму си „поигрува со него“, па сега ете се предаваме на неизвесната судбина „ај за едно 10-20 години“... :pos: ..

Колку што ти „млатиш празна слама“ овие 4 години, мислиш дека некој ќе те потапша по рамо затоа што си „Верен следбеник на Скопје 2014“ сега, , а и после некои си 10-20 години?!

Башка, бегаш веќе од тема... сосема друго ти пишав во „рефератот“ шо ти бил многу голем... држи се за тоа... Како беше она за Ликот на Скопје?! :pos:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom