Скопје 2014 (Генерална дискусија)

  • Креатор на темата Креатор на темата Принцезичка
  • Време на започнување Време на започнување

Дали го одобрувате проектот Скопје 2014?

  • Вкупно гласачи
    593
Типични напади на левицата во Европа:

- се плашиш (ако поддржуваш политичар кој не се вклопува во нивниот префинет светоглед)
- неписмен си (ако поддржуваш политики и проекти кои не се вклопуваат во нивниот префинет светоглед)
- затуцан верник (ако се залагаш за конзервативни вредности)

Проектов и темава се доказ дека и левицата во Македонија не е поразлична. Нивната патетика им даде толкава комоција на десните, што можат дури и вакви проекти да изтуркаат без ни најмала опасност по нивниот рејтинг и јавна поддршка.
 
Со првиот дел од постот се согласувам 100%. И нема да го коментирам.

За вториов дел, јас не гледам ништо спорно овде во овој проект. Супер е. Патетично ми делуваат повеќето од "експертиве" на темава кои го осудуваат. И јас имам некои замерки, но во глобала го одобрувам. Некои селски осудувања од типот : " Барокот не одговарал покрај Камениот Мост" ми се смешни. Во Франција, пред Лувр изградија пирамида, и никој не се бунеше. Ај нека ми каже некој од "експертиве" на темава како таа пирамида се вклопува со нивната архитектура ? Само ние Македонците сме толку софистицирани кога е во прашање архитектурата и естетиката.

Скопје беше најгрдиот главен град во Европа, заедно со Тирана, пред Приштина да стане главен град. Секој обид да се разубави го поддржувам.

И тоа дека можело да се изградат фабрики и слично, мене ми делува на ефтин популизам.

П.С Немој да ме сфатиш погрешно не е ова наменето за тебе, туку за "експертиве" што се бунат.
 
Ќе ти/ни делува другарче по џебот од 2014-2015 кога ќе почнеме со покачени даноци и триста измислици сето ова узалудно трошење на кредити да го враќаме, а ти не барај фабрики и инфраструктура, барај само барок и шмизли, бикови, рингишпили, ќе не биде нема грешка.
 
Не гледам нит јас ништо спорно во зградите. Дефинитивно беа потребни. Како што биле потребни на времето комплексот факултети, студентскиот дом Гоце, поштата... Иако мене денес не ми се допаѓа што се во натур бетон.

Мегаломанијата е спорна. Врбите, оградите, бродовите и останатите ситници се само покажување на моќ.
 
Така пријател, ама софизмиве пред коперација ќе си ги продаваш.
Тебе пред овој проект трендафили на газот да не ти процветаа ?

Гарант ако не беше "Скопје 2014" преку ноќ фабрики ќе израснеа низ земјава.
 
Какви софизми бре човече, тој ти зборува за фабрики и патишта кои ќе допринесат во економијата, а ти му зборуваш за софизми.
Оправдување на споменици, врби, вртелешки и канделабри е ВРВ на софизмот.
 
Не гледам нит јас ништо спорно во зградите. Дефинитивно беа потребни. Како што биле потребни на времето комплексот факултети, студентскиот дом Гоце, поштата... Иако мене денес не ми се допаѓа што се во натур бетон.

Мегаломанијата е спорна. Врбите, оградите, бродовите и останатите ситници се само покажување на моќ.
Тие згради во тоа време се врв на архитектурата и најдоброто од тој стил (брутализмот).И ден денс со подобро одржување и можеби фарбање на фасадите би можеле солидно да изгледаат.

Ова бароков е што ? Обичен неоригинален,закаснет шунд и кич.Ништо што има сега некоја посебна вредност,а ниту пак ќе има и за 50-100-200 години.

Се согласувам дека му требаше на Скопје фејслифтинг,можеби и 1-2 згради во тој стил што би можеле да се вклопат ( археолошкиот музеј ми паѓа на памет),но цело градско јадро во сред 21 век да го правиш во барок.....:tapp:
И тоа пази го градиш во стил кој тотално не се вклопува со остатокот од градот.

10 споменици на метар квадратен и мостови на секои 50 метри нема ни да ги коментирам сите знаеме колку се беспотребни,кич и пренатрупани.Галиите и прскалките на гомна и врбите уште помалце.

Парите уште најмал проблем се,мада можевме да ги дадеме на Чебрен и Галиште на пример.
 
Нема да го коментирам стилот бидејќи мене лично ми е ирелевантно во кој стил се градени објектите. Јас си ги одговарам овие прашања кога размислувам за проектот.

Дали новите згради за министерството за надворешни, финансиската полиција и сите останати институции ќе го подобрат нивното работење? -Да.
Дали нешто им менува во квалитетот на работењето изгледот на зградата? -Не.
Дали градењето во модернистички стил би било поефтино? -Не, модернизмот значи и асиметрични неправилни форми, што значително ја подига цената на градба. Веројатно би било дури и доста поскапо. (Ако за модернизам не го сметаме застаклувањето. Тогаш бароков е подобар.)

За спомениците на непознатите херои за кои треба Гугл за да дознаеш кои биле, бродовите, оградите и врбите се согласувам целосно. Парите можеа да се употребат поправилно, ама не значи дека ако не се градеше проектов дека ќе се употребеа поправилно. Скопје 2024 ќе беше многу подобар пристап од Скопје 2014. Преголем урбанистички зафат, во премал период, за толку мала земја е ова.
 
Против проектов од причина што е државна инвестиција финансирана од даноци.
И против било какво мешање на државата во слободниот пазар освен во ретки случаи каде искуството од други држави покажало дека е корисно.
 
Дозволено ти е тебе да напишеш со големи букви? - НИКОЛА ГРУЕВСКИ НАПРАВИ ГРЕШКА! :sneaky:
Не ми е. Кога ќе помислам дека Никола Груевски направил грешка си има механизми преку кои можам директно нему да му го кажам тоа и директно тој ќе ми одговори. Ако не ми се допаѓа одговорот можам фино лепо да си ја вратам книшката за која сам сум поднел пристапница да ја побарам. Тогаш ќе ми биде дозволено со големи букви да гракам по форуми. Дотогаш сум обврзан да се придржувам до правилата кон кои сам сум се согласил дека ќе се придржувам.

И, те интересира уште нешто за мене?
 
Еми постирај де, една едноставна реченица, толку тешка да се напише.
За болдираното - good to know.
 
Болдираното се подразбира. Зборуваме за политичка партија, не за културно-уметничко друштво.

Е пријателе, до толку дојде работата, што никој не смее да го напише името на владетелот во лош контекст. Уживајте во спомениците, што да ти речам.
 
Со првиот дел од постот се согласувам 100%. И нема да го коментирам.

За вториов дел, јас не гледам ништо спорно овде во овој проект. Супер е. Патетично ми делуваат повеќето од "експертиве" на темава кои го осудуваат. И јас имам некои замерки, но во глобала го одобрувам. Некои селски осудувања од типот : " Барокот не одговарал покрај Камениот Мост" ми се смешни. Во Франција, пред Лувр изградија пирамида, и никој не се бунеше. Ај нека ми каже некој од "експертиве" на темава како таа пирамида се вклопува со нивната архитектура ? Само ние Македонците сме толку софистицирани кога е во прашање архитектурата и естетиката.

Скопје беше најгрдиот главен град во Европа, заедно со Тирана, пред Приштина да стане главен град. Секој обид да се разубави го поддржувам.

И тоа дека можело да се изградат фабрики и слично, мене ми делува на ефтин популизам.

П.С Немој да ме сфатиш погрешно не е ова наменето за тебе, туку за "експертиве" што се бунат.
Сега е најубавиот. (y) Еве ја не сум експерт али експерти од архитектура тврдат дека се работи за непознавање на основни елементи и пропорции на објекти од класична архитектура и заради тоа е квази. Дури и ако го исклучиме лајтшоуто на секој од објектите кога ќе видиш дека на комиблокови им се мења фасадата со цел да заличат на градби од 18 ти и 19 ти век а крајниот резултат е ружна импровизација и карикатура, не треба да си експерт да кажеш дека нешто едноставно изгледа лошо. А уште полошо е што генералниот впечаток влече кон тоа дека сме доста искомплексиран народ без никаква визија и нови идеи кои би станале дел од некакво светско наследство а уште помалку пак дека знаеме како да го направиме Скопје подобро место за живеење.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom