Скопје 2014 (Генерална дискусија)

  • Креатор на темата Креатор на темата Принцезичка
  • Време на започнување Време на започнување

Дали го одобрувате проектот Скопје 2014?

  • Вкупно гласачи
    593
Ќе ти/ни делува другарче по џебот од 2014-2015 кога ќе почнеме со покачени даноци и триста измислици сето ова узалудно трошење на кредити да го враќаме, а ти не барај фабрики и инфраструктура, барај само барок и шмизли, бикови, рингишпили, ќе не биде нема грешка.

http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=2510B1D861A08F41AD01D43546B89C30

Oвој т.н проект почна да се гради 2007. До 2014 се 7 години,значи пари од 7 годишни буџета. Ако не си знаел суграѓанин,само за плати у јавна администрација се трошат повеќе пари у една година одколку што кошта цел проект за 7 години.
А што се мене тиЧе ја би комотно пола од нив избркал од работа,пошто такви паразити ја кочат државата.Али проблемот е што тоа е ебано добра работа за вработување на партиската машинерија и обезбедување на гласови за двете најголеми партии.
 
Citro, а кој ти рече дека малку пари се трошат за администрација....Европа не тера да баталиме 2 третини од истата, а партииве наши си вработуваат ли си вработуваат....компарацијата ти е несоодветна...
 
Нема да го коментирам стилот бидејќи мене лично ми е ирелевантно во кој стил се градени објектите. Јас си ги одговарам овие прашања кога размислувам за проектот.

Дали новите згради за министерството за надворешни, финансиската полиција и сите останати институции ќе го подобрат нивното работење? -Да.
Дали нешто им менува во квалитетот на работењето изгледот на зградата? -Не.
Дали градењето во модернистички стил би било поефтино? -Не, модернизмот значи и асиметрични неправилни форми, што значително ја подига цената на градба. Веројатно би било дури и доста поскапо. (Ако за модернизам не го сметаме застаклувањето. Тогаш бароков е подобар.)
.
Мене не ми е ирелевантно.Имавме шанса да го направиме центарот на градот како што доликува и да ги обележиме наредните неколку века.Сфаќаш колкава привилегија имаше оваа генерација и како ја потроши на ефтин кич ?
Зградите ќе бидат тука и во наредните векови,место да го оставиме најдоброто од ова време за наредните генерации и да оставиме трајна вредност на нас ќе ни биде запишано дека сме направиле барокно градско јадро во сред 21 век кое тотално се разликува од веќе постоечките стилови во градот.

Инаку за градењето на зградите како згради се согласувам дека требаше да бидат изградени,само тоа можеше многу подобро да се направи.Модерното е поскапо и самиот реков мене парите не ми се толку важни.Убаво си кажа - требаше проектов да биде Скопје 2024,тогаш ќе имаше пари и за врвни ремек дела да се изградат + помалку споменици што исто ќе заштедеше некој денар.
 
Citro, а кој ти рече дека малку пари се трошат за администрација....Европа не тера да баталиме 2 третини од истата, а партииве наши си вработуваат ли си вработуваат....компарацијата ти е несоодветна...

Не кажав дека малку се троши на адм. него многу. Има многу повеќе вработени него што реално има потреба. И ако се зимаат некакви заеми и кредити од странство,тоа главно се за исплата на социјалните трансвери,плати и пензии. Многу голе дел од буџетот оди во тие расходи,наместо во продуктивни цели. А генерално Ск 2014 од финансиски план е боранија во споредба со горенаведените трошоци.
 
http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=2510B1D861A08F41AD01D43546B89C30

Oвој т.н проект почна да се гради 2007. До 2014 се 7 години,значи пари од 7 годишни буџета. Ако не си знаел суграѓанин,само за плати у јавна администрација се трошат повеќе пари у една година одколку што кошта цел проект за 7 години.
А што се мене тиЧе ја би комотно пола од нив избркал од работа,пошто такви паразити ја кочат државата.Али проблемот е што тоа е ебано добра работа за вработување на партиската машинерија и обезбедување на гласови за двете најголеми партии.
Македонија на годишно ниво само за плати на администрацијата троши по 600 милиони евра годишно . За 7 години ќе потрошат околу 4,2 милијарди евра само за плати на јавна админитрација од која 40% од јавната администрација е вишок. Или само за 7 години Македонија фрлила во ветер 1,68 милијарди евра! Според Владата СК 2014 ќе чини 80 милиони евра , според објективни мислења помеѓу 120- 150 милиони евра. А според некој опозицски спинери меѓу 350- 500 милиони евра. Аме не видов некој на форумот да ги каже овие бројки , од причина што послесно е да се :гомце: по форуми отколку да се гледаат објективно работите. Инаку околу 80% од парите потрошени од Ск 2014 се во згради , а околу 20% се споменици. Така да не држи муабетот дека потрошиле толку и толку пари само за споменици. А никој не спомнува дека многу министерства државни агенции итн. Беа сместени под кирија каде плаќаа дебели кирии. Сега што нема да плаќаат кирии за 7-10 години ќе си поврати државата парите што ги вложила во тие згради. А после 10 години веќе ќе биде во ќар. За разлика од опцијата и наредни 10 години да плаќаа кирија државните институции и , и пак да ги дадат истите пари колку да си изградат зграда и пак да бидат без сопствена зграда и пак да мора да плаќаат и после 10 години кирија. Ама медиокритетите ќе се фатат за јајцата на Букефал, или за 4 лава на Мост, и тука завршува секој муабет. Тоа е тоа.
 
Не кажав дека малку се троши на адм. него многу. Има многу повеќе вработени него што реално има потреба. И ако се зимаат некакви заеми и кредити од странство,тоа главно се за исплата на социјалните трансвери,плати и пензии. Многу голе дел од буџетот оди во тие расходи,наместо во продуктивни цели. А генерално Ск 2014 од финансиски план е боранија во споредба со горенаведените трошоци.
Да не барам по интернетов....види колку пари годишно лееме по белиот свет за енергија. Само за струја ни иде милијарда годишно. Ај патиштата што ни се мизерни више-мање - што ќе значеше толкаво вложување во енергетика и како ќе ни останеа повеќе пари и ќе живеевме понормално?
 
Ало бре,ја ти викам дека главниот проблем е пренатрупаната администрација,социјалци и пензионери ти пак како слеп за стап си се фатил за скопје па скопје. Тоа што за 7 год градење се потроши се троши за пола година за јавна администрација,а на крај добиваш ароганција кога идеш на шалтер.Муда ми отековте со тоа што можело све да се направи со париве,пази немој Швајцарци ќе бевме ако не се потрошеа за згради и споменици. Што ќе направеше ти за енергетика , нуклеарка? Термоцентрала? Со кој јаглен,со кои ресурси? Хидроцентрала? На која река?
 
Нуклеарка....што мора на наша територија да е? Ти текнуе?
Хидроцентрали, полиња со ветерници, фотоволтажни панели....
Пак ви остануе споменициве у Ш да си ги пикнете...
 
Стварно на новата зграда на МВР пишува дека е изградена во 2009? :eek:
 
Па тогаш е започната изградбата!!!!! :eek:

Зошто мислам дека сеуште не беше почната зградата во 2009... Може тогаш била во нечија глава, ама не и на терен.

Да се надополнам. Зградата е на МНР (освен ако нема сега некои промени). Камел темелник е поставен на 13 април 2010 година, што повторно не е 2009 година.
 
Не знам што се случи со овој проект вреден 1,2 милијарди евра, знам некаков договор се потпишуваше со кинески инвеститори

За ова неуспешен им беше тендерот по не знам кој пат

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom