Скопје 2014 (Генерална дискусија)

  • Креатор на темата Креатор на темата Принцезичка
  • Време на започнување Време на започнување

Дали го одобрувате проектот Скопје 2014?

  • Вкупно гласачи
    593
Taкви донации како за детската хирургија имаш насекаде,многу клиники низ Европа , УК,Америка собираат донации,а и за многу други работи,не дека државите немаат пари да го покријат тоа..нит е топла вода нити нешто страшно..а и не е оправдание за споменикот од 300000,само како да кажам.. И уште нешто,изгледа на многумина не ви се јасни некои работи.Дали мислите дека ако не се изградеше ск 2014 од тие пари народот ќе беше побогат и понајаден? Тешка утопија е тоа. Или сите болници средени а патиштата закрпени.Одговорот е НЕ. Тие пари на ваков или онаков начин магично ќе ги снемаше/немаше.
Има Цитро во право си, ама зошто да собираме пари кога можеше да ги пренамениме веќе потрошените во проектов. Ем актуелните владетели ќе оставеа дело, ем ќе си добиеа поени кај гласачкото тело.
Во вториов дел од постов веќе загатнуваш друго прашање. Тоа е веќе прашање за прераспределба на буџетот каде што треба, или негово магично снемување, односно префрлање во џеб кај некого/некои. :)
 
Вчера возев Струмица-Радовиш... Новиот пат е ТОП. Значи не е се само у споменици

Се работи и на кор.10 Смоквица-Д.Капија,Катланово-Велес,,еве конечно КОНЕЧНО во најава е и за обнова на магистралата Миладиновци-Куманово.Што значи дека ако се сака се може.Парите не се изговор,пари има,нека не лаже никој.
 
Ај да не испадне дека само гомна јадам, во тек е и Чашка - Мартолци обнова на асфалтот се надевам нема да го остават недопраен. (y)
 
Идентитен се гради кога народот е најаден, .
И ја тоа викам Идентитето се познаа у кафана...кој е кој се гледа по чинијата а богами и по чашата...Даи меанџи уше по една плескајца и ракиа...
 
Ова рингишпилов пред зградата на Телеком најверојатно до утре ќе го намонтираат пошто од Понеделник превзема Жерновски.

SAM_1608.jpg

Ова се бројки во евра кои се фрлени само за споменици и ќе видите една многу забегана ствар, а тоа е дека само еден споменик е под 100 000 евра. Мислам разбирам крадење ама до толку да се немало усул не разбирам. Јас само се надевам дека нечива глава ќе летне по доаѓањето на новиот градоначалник, со цел да не се опуштаат и да мислат дека можат да прават ама што ќе посакаат во Скопје.

spomenici.png
 
Го видов вчера, ЛОМ е, ако не го средат до летото нема да се минува таму од туристи

Нов пат се прави 2+1 лента. Кога ќе се направи сегашниов ќе е вон употреба,како селски пат ќе се користи..али за едно 3-4 години.
--- надополнето: 14 април 2013 во 01:38 ---

Пример 1.

Даме Груев -850
Карпош Петар - 540

Ако го погледнеш од изглед ке видиш дека по форма,облик висина и сл. се скоро исти. И двајцата се на коњи (додуша на Карпош пољут) и нема некоја голема разлика во материјалот и количината. Разликата е во цена - 310 000.

Пример 2.
Јустинијан 1200 000
Самоил 1 500 000
Разилка 300 000.
 
Ова рингишпилов пред зградата на Телеком најверојатно до утре ќе го намонтираат пошто од Понеделник превзема Жерновски.

SAM_1608.jpg

Ова се бројки во евра кои се фрлени само за споменици и ќе видите една многу забегана ствар, а тоа е дека само еден споменик е под 100 000 евра. Мислам разбирам крадење ама до толку да се немало усул не разбирам. Јас само се надевам дека нечива глава ќе летне по доаѓањето на новиот градоначалник, со цел да не се опуштаат и да мислат дека можат да прават ама што ќе посакаат во Скопје.

spomenici.png

Само будала може да верува во овие цифри дека се точни... 10 милиони евра за 1 споменик човече.. со тие пари можат да се решат животите на поголем број семејства... Ехеее колку само има и дополнувања на проектот Ск 2014 со тоа анекс договорите... Вкупната сума никој нит ќе ја објави нит ќе ја каже...
 
Мислам разбирам крадење ама до толку да се немало усул не разбирам. Јас само се надевам дека нечива глава ќе летне по доаѓањето на новиот градоначалник, со цел да не се опуштаат и да мислат дека можат да прават ама што ќе посакаат во Скопје.
Praesumptio sumitur ex eo quod plerumque fit - Претпоставката се изведува од она што најчесто се случува.
Ограмното мнозинство на луѓе се чесни и не крадат. Секој ден илјадници граѓани влегуваат во црква или џамија. Обично никој нема ништо да украде. Се разбира дека има и такви кои крадат. Но, ако нешто е можно, не значи дека тоа и се случило.
Од каде потекнува табелата со цени на спомениците?
 
Сликата е од еден друг форум, build.mk, од член кој се потрудил да ги собере сите суми кои можат да се сметаат за официјални а кои дошле од изјави на бившиот градоначалник Тодоровиќ и кои се објавувани по весници, а кои веројатно нешто превземале и од веб страницата на Биро за јавни набавки кои ги објавуваа податоците за сите споменици.

Како што не беше спроведен соодветен конкурс при кој стручна комисија ќе избереше најдобро архитектонско решение, како што владата и начелно министерството на култура сами си одлучуваа што треба да се гради па и архитектонските стилови сами ги одредуваа и сами си избираа решенија и никој не прашаа дали смеат тоа да го прават и чии пари трошат за такви проекти, така и јас можам да кажам дека крадат.

И на крај, спомеников чини 80 000 евра
skenderbeg-spomenik-300.jpg

и тоа 60 000 евра изработка и 20 000 евра царини

Овие два споменика чинат скоро милион евра

spom[2].jpg

поточно 850 000 евра според изјавата на градоначалникот Тодоровиќ, а се исти по големина скоро со споменикот на Скендербег, е сега може се употребени различни материјали ама бар од злато да беа ќе ми беше јасно зошто чинат толку.
 
И на крај, спомеников чини 80 000 евра

и тоа 60 000 евра изработка и 20 000 евра царини

Овие два споменика чинат скоро милион евра

поточно 850 000 евра според изјавата на градоначалникот Тодоровиќ, а се исти по големина скоро со споменикот на Скендербег, е сега може се употребени различни материјали ама бар од злато да беа ќе ми беше јасно зошто чинат толку.
Мене и 80 илјади евра ми се чинат прескапо, а камо ли 850 илјади.
Тоа е само споменик.
 
Рингишпилот е дело на Коце....да не кажам е во негова надлежност, така да Жерновски и пред и после понеделник, може само да застане во ред за возење на истиот...
 
Ова рингишпилов пред зградата на Телеком најверојатно до утре ќе го намонтираат пошто од Понеделник превзема Жерновски.

SAM_1608.jpg

Ова се бројки во евра кои се фрлени само за споменици и ќе видите една многу забегана ствар, а тоа е дека само еден споменик е под 100 000 евра. Мислам разбирам крадење ама до толку да се немало усул не разбирам. Јас само се надевам дека нечива глава ќе летне по доаѓањето на новиот градоначалник, со цел да не се опуштаат и да мислат дека можат да прават ама што ќе посакаат во Скопје.

spomenici.png

Скопје, резилу мој :place:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom