Скопје 2014 (Генерална дискусија)

  • Креатор на темата Креатор на темата Принцезичка
  • Време на започнување Време на започнување

Дали го одобрувате проектот Скопје 2014?


  • Вкупно гласачи
    593
Не претркаа Полјаците :(
Ама не е се загубено, слушам Бенедикт бил болничок. Кога ќе скине, можеме споменик да му направиме.
 
Не претркаа Полјаците :(
.

Без грижи. Глупи се Полјаците, не знаат да билдаат идентитеth. Не се ко нас. :D

Наместо да го крстат „свештеникот кој едно време го чуваше Швајцарска гарда“, тие кажуваат Војтила ова она... ц ц ц
 
Не претркаа Полјаците :(
Ама не е се загубено, слушам Бенедикт бил болничок. Кога ќе скине, можеме споменик да му направиме.

Ќе му направиме споменик, само ќе биде во облеката на Императорот Палпатин.
 
Ќе му направиме споменик, само ќе биде во облеката на Императорот Палпатин.
Госпо да те блаослој, чедо!

palpatineo.jpg
 
100 000 евра субвенции за сончеви колектори


Четврт врба. :pos:
Јас еднаш за ова напишав стих :
Ти даваат 300 евра субвенции, за да за 1500 евра купиш колектор, кој вреди 150 евра
 
Од економска гледна точка, проектот Скопие 2014 не ударжа одникаде. Остава политичката - на Македонија и е нужен идентитет.
Ако и тоа не успее, ќе се покаже дека многу пари се фрлени на ветрот / или во некои џебови/ - слични споменици по цени за регионот чинат 3-5 пати поевтино.
Од економска гледна точка, проектот нема да ги извади парите од туристи наредни 100 год. Туристите се сликаат со споменици си коментираат и одат во Стара чаршија на ќебапи, Матка или Водно. Така да, за враќање на парите, тешко да ги видиме во скоро време.
Идентитет не се гради со илјадници илјади евра вложени во барок и бронза. Идентитен се гради кога народот е најаден, секој граѓанин има од 1ви до следниот 1ви, секој граѓанин може да си ја дозволи потршувачката кошничка. Џабе е да е поставен Чакаларов или еве да го земеме Ченто, ако некој не учел кој е неговиот лик и дело. И јас мислам дека можеше секој споменик да се направи за 2-3 пати поевтино. Парите ако се трошеа во интерес за сите ќе беше сосема друго. Смрт на зони и пајак воз. си кажа убаво. Делови од Скопје, односно приградски населби сеуште имаат септички јами а не канализации. Приоритет требаше да бидат други работи.
 
Идентитен се гради кога народот е најаден, секој граѓанин има од 1ви до следниот 1ви, секој граѓанин може да си ја дозволи потршувачката кошничка

Да, а кога се градеше Париз у времето на Наполеон или пак кога ја градеа Ајфел цела Франција и Париз беше најаден..,

Мислам дај молим те не трескај глупости, тоа е УТОПИЈА што пишуваш ти!
 
Да, а кога се градеше Париз у времето на Наполеон или пак кога ја градеа Ајфел цела Франција и Париз беше најаден..,

Мислам дај молим те не трескај глупости
А што демек во тоа време немало протести и негодување, немало сиромаштија? Непотребен трошок и фрлање на пари е, без разлика во кое време е. Од една страна поставуваме споменик од 300000 евра, а од друга страна собираме донации за детска кардиохирургија. Ајде сега објасни ми што е приоритет, и за што треба да се дадат пари? За бронза или за животот на некое дете кое виси на конец. Почит кон оние кои допринеле за државата треба да има, тоа е факт. Но не треба да има прескапи споменици и нивна концентрација и згуснување на мал простор. Посебно не во време, кога има побитни проблеми кои треба да се решаваат.
 
Доцитирај ме до крај, дека тоа е УТОПИЈА што сакаш ти, цел народ да биде задоволен, тоа го нема, ниту па некогаш ќе имаме топ здравство затоа што тоа го нема НИКАДЕ, па ни на Запад.

Идеална сфера во едно општество НЕ постои, па макар ти изградил и 100000000 болници.
Глуп е тој аргумент со болниците. Ај тоа ќе го направат, после за што ќе се збори, за нови филтер-станици? Или за повеќе електрани?
 
Доцитирај ме до крај, дека тоа е УТОПИЈА што сакаш ти, цел народ да биде задоволен, тоа го нема, ниту па некогаш ќе имаме топ здравство затоа што тоа го нема НИКАДЕ, па ни на Запад
Народот не може да биде задоволен до крај тука се согласувам со тебе. Здравство совршено не постои, тоа се гледа и кај развиените земји. Но, иронично е да собираме донации за обејкт кој мора да го имаме, а од друга страна даваме пари на сосема друга работа. Со тој објект овде, некои од тие случаеви не би се оперирале во странство, би ги вршеле овдешните доктори. Ем ќе се заштеди на време ем на средства.
 
Па чекај, може Доктор 2016 ќе биде наредно :icon_lol:
 
А што демек во тоа време немало протести и негодување, немало сиромаштија? Непотребен трошок и фрлање на пари е, без разлика во кое време е. Од една страна поставуваме споменик од 300000 евра, а од друга страна собираме донации за детска кардиохирургија. Ајде сега објасни ми што е приоритет, и за што треба да се дадат пари? За бронза или за животот на некое дете кое виси на конец. Почит кон оние кои допринеле за државата треба да има, тоа е факт. Но не треба да има прескапи споменици и нивна концентрација и згуснување на мал простор. Посебно не во време, кога има побитни проблеми кои треба да се решаваат.
Taкви донации како за детската хирургија имаш насекаде,многу клиники низ Европа , УК,Америка собираат донации,а и за многу други работи,не дека државите немаат пари да го покријат тоа..нит е топла вода нити нешто страшно..а и не е оправдание за споменикот од 300000,само како да кажам.. И уште нешто,изгледа на многумина не ви се јасни некои работи.Дали мислите дека ако не се изградеше ск 2014 од тие пари народот ќе беше побогат и понајаден? Тешка утопија е тоа. Или сите болници средени а патиштата закрпени.Одговорот е НЕ. Тие пари на ваков или онаков начин магично ќе ги снемаше/немаше.
 
Па чекај, може Доктор 2016 ќе биде наредно :icon_lol:
Дај боже, да се надеваме дека ќе има таков проект. Само да не почнат во дворот на Клинички да ставаат статуа од секој доктор кој дал допринос во својата област. :icon_mrgr:
 
Вчера возев Струмица-Радовиш... Новиот пат е ТОП. Значи не е се само у споменици
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom