Што не ќе се изначита човек, прво овие препирки се за политички поени и лични желби.
Реалниот проблем не е во сечата, сеча имаше и на Илинденска и на Климент Охридски кога се прошируваа во булевари?! Тогаш излегоа десетина граѓани со пароли дека ќе се исекле неколку дрвца и Скопје ќе се задушело. Откако се проширија во модерни сообраќајници се виде разликата, прво во сообраќајот, што помал застој и побрзи сообраќајници тоа повеќе почист воздух, а потоа и како се среди просторот.
Значи овие протести се на група на граѓани што мислат оти Центар им припаѓа ним лично. Со должа почит до сите што живеат таму, меѓутоа за Центар сите плаќаат и Центар е на цела Македонија. Не може стариот театар, официрскиот дом или музеи да се лоцираат во Лисиче или во Пинтија како што тука се аргументираат некои глупави муабети. Центар на Град мора да биде одлика на метрополата и државата.
Што е со Маџир Маало, Крњево, тоа се дувла кои мора да се рушат и да се урбанизира. Утре и таму ќе има протести за тие пет дрвца. Секаде во светот главните атракции се наоѓаат во центар. Имаше муабети и дека откога ги проширија улициве им се слушало од сообраќајот како да се дома кај нив, слободно нека се селат надвор од централно подрачје, бидејќи центар се знае како функционира тоа е и сообраќаен јазол и се останато во една метропола. За нивите и ливадите каде што шеташе добиток нема што да се збори, се е тоа дувло кое мора да се бутка.
Значи со овој таканаречен парк, проблемот е во личните желби на тие околу што живеат. Ќе им се загради видикот и тоа е тоа. Нема тука никакво загадување. Проблемите со загадување нека си ги бараат во институциите во Град Скопје за изградба на шински сообраќај, сите стари автобуси да се заменат, да се користат повеќе точаци и ред други работи што Скопје реално е далеку од тоа. Тие пет дрва нема ништо да заменат.