Текстот на овој автор односно прашањата се составени сосем погрешно, но доволно точно за да по дифолт без размислување кажеш, да беее, ништо лично не ми смета.
Е, ама проектот (или проектите, затоа што везден се прошируваат) не би ме интересирал доколку го градат од свои средства, на сви приватни површини, и донекаде за лична употреба. На пример не коментирам за Мерк-ур, Систина или кој и да е објект граден од приватни пари, на приватно земјиште, кое не е во строгиот центар каде едноставно пречи и тоа како во смисол на лоша инфраструктура.
Да се гради од пари исклучиво на архитектите и "стручни лица", ок, нека коментираат само тие. Ама кога се гради од пари на граѓани, од мој и лебот на семејството, кога не можам половина час да дојдам до центар или да најдам место за паркинг, кога сето тоа и многу друго ќе се собере, со прашањата од текстот
Дали уметничкиот „проблем“ на проектот ви го загрозува приватниот живот?
Дали ...
...
се пробува да се маргинализираат невкусот, хаосот низ градот и трошењата на властите.
Дали авторот би си ги поставил овие прашања ако барем половината од наведените згради беше изграден во запоставената периферија од Скопје или во друг град?