Скопје 2014 (Генерална дискусија)

  • Креатор на темата Креатор на темата Принцезичка
  • Време на започнување Време на започнување

Дали го одобрувате проектот Скопје 2014?

  • Вкупно гласачи
    593
Многу жалам што оваа идеја на Кензо Танге не е реализирана до крај.

Го имам разгледано проектот на Танге и се сложувам со тебе дека ќе беше одлично решение. Пример, центарот бил планиран да е поделен на административен дел, културен дел, телекомуникациски центар итн. да не набројувам сега. Инаку го видов текстот и има многу интересни и стварно ептен ретки слики од тие години. Сега налетав на уште една таква галерија.
 
Наместо црква- барокна зграда на плоштад до Воинот

Македонија | 1. февруари 2012 - 11:04
На Плоштад, наместо црквата, ќе никне 29-метарска барокна зграда.

Ова е предвидено со најновите измени на Деталниот урбанистичка план "Мал ринг", кои денеска треба да се најдат пред советниците во Општина Центар, објавува весникот Вест. Имајќи предвид дека владејачката ВМРО-ДПМНЕ има мнозинство во Советот, се очекува и овие измени да бидат усвоени.
Во планот е нацртана маркичка за црквата "Свети Константин и Елена", кај Домот на Армијата, односно во зеленилото веднаш до детскиот брод. Димензиите на црквата остануваат исти, како и оние за првата локација, односно верскиот објект ќе биде висок 29 метри. Просторот на Плоштад нема да остане празен. Надлежните од Општина Центар маркичката за црквата ја замениле со локација за зграда, која ќе биде наменета за државната администрација. Таа ќе биде висока 29 метри, односно приземје, девет ката плус потпокрив.
http://www.press24.mk/node/15046

Џабе тепањето луѓе за/против црква, на крајот ова срање да излезе. Се надевам оние кои трубат цело време дека плоштадот не треба да биде празна ледина се задоволни, сега нема кај да плукнеш на истиот, оти во умот на архитекти како Вангел Божиновски и слични, барокна зграда залепена до 30 метарски споменик, на 50 метра од триумфална порта со околу 20 споменици околу нив ептен вкусно и уредено делува.
 
Многу жалам што оваа идеја на Кензо Танге не е реализирана до крај.

Макетите
Kenzo-Skopje-1.jpg

Kenzo-Skopje-2.jpg

Kenzo-Skopje-3.jpg
 
Стокатниците станаа 40 катници :ROFLMAO:
Мислам дека сеуште се прават подготовки,испитувања.. мислење од ИЗИС,дупките мислам се спремни..

Какви дупи, дупки у законо или дупки као темели? А каде се точно ако веќе си почнал да пишуваш?
 
Какви дупи, дупки у законо или дупки као темели? А каде се точно ако веќе си почнал да пишуваш?

oblakoderi.jpg

Во заградениот простор на булевар Србија, во близина на бензиската пумпа „Макпетрол“ се градат првите облакодери во населбата Аеродром. Според Деталниот урбанистички план за овој дел од општината, зградите не треба да бидат со помалку од 33 ката и повеќе од 126 ката.

Земјиштето со површина од 21.150 метри квадратни го купи „Турк мак ИншаатСанаји Ве Тиџарет ЛТД“, фирма на турскиот холдинг „Чевахир“, кој се обврза да ги заврши градбите до 2017 година.

Стенбениот комплекс ќе содржи и објекти за мали комерцијални и деловни намени, трговски центар, спортски терен и 7.000 паркинг места, од кои 3.200 ќе бидат за потребите на висококатниците.

Компанијата освен неколку хотели со пет ѕвезди, фабрики и трговски центар во Истанбул, свои објекти има и во Либан и во Саудиска Арабија. Холдингот постои 60 години, има 12 меѓу нив, а во државава инвестираат регистрирани како „Турк-Мак“.
Oblakoderi%20AER%20viz01.jpg
 
Ќе градат висока зграда на местото кај што беше предвидено црквата :tapp:

Велев јас , плоштад нема да биде тоа , ќе биде музеј на отворено.

Се повеќе се стеснува слободниот простор , ни трумфалната порта нема да изгледа исто , ќе влезеш под неа , одма те очекува висока зграда. После порта , ѕид.

Плоштадот ќе има само 10.000м2 слободен простор каде ќе можат да се соберат народ.
 
Епа видиш,боље црква да беше,ама.. видела жабата коњот се кове па и она дигнала нога.. џамија морало..епа штом нема црква ќе гледаш зграда,ама нема ни џамија да има.
 
Епа видиш,боље црква да беше,ама.. видела жабата коњот се кове па и она дигнала нога.. џамија морало..епа штом нема црква ќе гледаш зграда,ама нема ни џамија да има.

А зошто да нема ни едното ни другото.

Преглупо е ова со зградава, НАЈГЛУПО нешто! По која логика зграда у сред плоштад !?

Со ова целосно се губи „смислата“ на воинот на коњ. Вака како што е сега е супер, тој е централен споменик, околу него доволно празен простор за плоштад каде што ќе може да се соберат луѓе.

Зошто зграда !? Дајте една добра причина зошто да се гради зграда таму !? И тоа 40 метарска !!! :tapp:

Нека исперат парите со зграда на некое друго место, немора у сред плоштад...
 
За црква беше измислено местото ама нашите пички од политичари гомнојадачи потклекнаа .
 
А зошто да нема ни едното ни другото.

Преглупо е ова со зградава, НАЈГЛУПО нешто! По која логика зграда у сред плоштад !?

Со ова целосно се губи „смислата“ на воинот на коњ. Вака како што е сега е супер, тој е централен споменик, околу него доволно празен простор за плоштад каде што ќе може да се соберат луѓе.

Зошто зграда !? Дајте една добра причина зошто да се гради зграда таму !? И тоа 40 метарска !!! :tapp:

Нека исперат парите со зграда на некое друго место, немора у сред плоштад...

Eдина причина (според мене) покрај секако неминовната корист што ќе ја има администрацијата , е и дооформување на плоштадот ..

-Значи на скицата со црвено е објектот кој засега е предвиден во габарит да се гради,т.е. предлог од О. Центар
-Со плаво е предлог кој би бил многу подобар и со помал габарит и нема да го покрива видикот од под портата спрема фонтаната..
Се надевам дека Центар и Тодоровиќ ќе се опаметат и ќе го прифатат предлогот 2, нема смисла да се скрие погледот од портата на споменикот..иначе која би целта на порта Македонија ?

screenshot20111228at236.png

слика од билд.мк
 
Јас уште не добив одговор ,ЗОШТО, ЗОШТО бе од толку места у Скопје мора зградиште за администрација на плоштад да се прави? Толку ли нема други локации, малку ли работи има на и околу плоштадот. Зошто плус трошење пари, за подземни паркинзи, па нели целиме кон растеретување на централното градско подрачје од луѓе и сообраќај. Какво растеретување може да има со уште една нова зграда каде ќе има стотици вработени.
 
Оваа слика најмногу мислам дека ќе долови како би изгледала новата 40 метарска зграда кога би се изградила. Можеби некој да што се разбира до фотошоп да вметне таков објект и тогаш може да се види убаво ќе личи или не.

Triumfalna%20kapija%200731.jpg
 
Рачунај 10 спрата , блиската зграда има 6 , додај уште 4. Ни Сонцето не можеш да го видиш.

Од почеток јас бев против тоа да се гради било каков објект на тоа место. Но властите сакаат да бетонизираат секој слободен простор во Центарот.

Плоштадот според мене , ќе нема воздух , задушлив ќе биде , од сите страни згради , немаш никаков релаксирачки амбиент . затворен хоризонт.

ГТЦ во близина знае да собере многу народ , а тој народ треба да влезе во теснецот да се стигне до плоштад , а тука измеѓу уште две мини трговски центри ги има , кај што е Teranova едно , и NIKE друго ... додај и новите луѓе кои би работале во новата 10 спратна административна зграда ... бомба.
 
Нема да биде 40 метри бе.. него 29 метри..ако еден спрат е 3.5-4 метри рачунајте колку ката ќе има..може кат до два ќе има повеќе од Пелистер.

Еве пример како би изгледало,со една слика од билд.мк

take2front.png

screenshot20111228at236.png
 
Оваа слика најмногу мислам дека ќе долови како би изгледала новата 40 метарска зграда кога би се изградила. Можеби некој да што се разбира до фотошоп да вметне таков објект и тогаш може да се види убаво ќе личи или не.

Triumfalna%20kapija%200731.jpg

Кај има место тука за зграда не ми е јасно ..
Планирано е нешто да се руши од овие од страна или ? не ми е логично некако :eek:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom