Скопјанки - спремајте бикини!

  • Креатор на темата Креатор на темата Македонец
  • Време на започнување Време на започнување

Плажа на Вардар?


  • Вкупно гласачи
    186
Форумџики! Ги спремивте ли бикините? :pos:
 
Коментар од ивентот на ФБ за плажава:

Dobra zamisla,po moe mislenje so vreme tuka mozat da "niknat" splavovi kako na Sava vo Belgrad,so ziva muzika,gostuvanje na poznati peaci....dobra zabava za mladiot svet,pa i za postarite.Zosto da ne?



Е зошто не де? :pos2:
 
Дај не шири идеи,оти коцката ќе пушти и брод низ Вардар,па патување до Грчка,на риби во Велес пресно уловени,со скари поставени на кеј под ново мовче.Паф паф мераци,блазе нас Македонците!
 
Ај, карамба. Знам зошто напаѓате коментари со политичка позадина, ама си премолчувам. Ама ова е стварно #mkfail
Во јули Вардар има толку да се смали што и шатките ќе го напуштат.

Енивејз, обавезно да отидете и да пишете рецензија како ве бендисало. Јас дури во вторник ќе можам да поминам натаму.
 
а кај ќе се плива?:raz::icon_roll
 
8784141.jpg


Прегледај го приврзокот 31244
 
Ова не верувам дека ќе успее ама ајде....:toe:
 
Ајде идеме, Грујо во спидо гачици ќе ја сече лентата. ><
 
кај најдоа денеска да ја отвараат, после геј парадата ќе навалат на плажа.
 
Ќе има геј парада? Скопјани, спремајте купачите :)
ма и зоо парада и ....
 
Море..Дерик Меј..на плажа, морски песок,антена DJ-и шанкчиња,лежалки, кафе,пиво...све ви се погоди..е само времето денес е малце удрено..али ќе се оправи и оно :)
 
Отворена првата градска плажа на кејот на Вардар

gradska-plaza-skopje.jpg


Морски песок среде Скопје. Со бразилска капуера отворена првата градска плажа на кејот на Вардар. Идејата е за помладите да стане монденско место, за постарите да разбуди спомени од минатите времиња.

Скопјани задоволни од градската плажа направена по урнек на некои европски градови. Во неа од шанкови за освежување до безжичен интернет и трамболини за најмалите.
„На прв поглед супер е направено, добри импресии има.
- Буди спомени, на сите стари Скопјани.
- Без примедби, спомени, се потсетуваме“, изјавија анкетираните граѓани.
Се чини децата најрадосни во играњето со песок. Некој ги зафатија лежалките, други пак само се шетаа. Некогаш место за средби дружење и нови љубови, нема причина историјата на градската плажа да не се повтори, ќе рече хроничарот на Скопје, Данило Коцевски.
„Девојките не играа олди, но затоа изведуваа пируети и секоја од нив си замислуваше дека е Естер Вилијамс, од Бал на вода“, рече Коцевски.
„Сакаме да го оживееме духот на Скопје и традициите на градот. Сакаме повторно Скопје да го има својот препознатлив градски дух, да освојува со својот шарм и да ја продолжи својата урбана традиција“, вели Коце Трајановски.
Бањањето во Вардар е забрането, но граѓаните секојдневно ќе имаат на плажата многу забава. Вечерва таму во чест на отворањето, Скопјани ќе ги забавува дј-от Дерик Меи.

Видео вести
 
Чудно ми е како мрчете со коментари од стилот на "Леле нема шанси да се сончам во близина на кеј, ќе станам радиоактивен" и сл. а уствари голем дел од вас дремат по кафичите на кеј што е во непосредна близина на тоа радиоактивно што го викате, и се возите со ролерки/точаци на кеј а си викате "Ех малце здраво тело да имам"-.-
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom