Скопјанки - спремајте бикини!

  • Креатор на темата Креатор на темата Македонец
  • Време на започнување Време на започнување

Плажа на Вардар?

  • Вкупно гласачи
    186
Г-дин Коце планира нешто топлес или нудистичка ова-она у скоро време? Дал да доаѓаме со апаурини
 
и така веќе никој не пишува на темава,скопјанки си заминаа да ги почуствуваат благодетите на нивната плажа(блазе си им),ве молам за впечатоци зошто ние провинцијалците можиме да го осетиме амбиентот преку медиумите ЛИНК
 
Уште еден од проектите, да не отвораме милион теми:

Фонтаните на Вардар ќе прскаат бактерии
B87E825C4F59FB4EB32812BC0D23803E.jpg

Фекално-контаминираниот Вардар содржи ешерихија коли, стептококус фекалис и други бактерии опасни за здравјето на луѓето
Фекални бактерии и стрептококи, исклучително опасни за здравјето на луѓето, ќе летаат од водените млазови на двете фонтани што општина Центар веќе ги гради во коритото на реката Вардар. Фонтаните, кои ќе бидат поставени лево и десно од Камениот мост, ќе исфрлаат водени млазови високи до 30 метри, што значи дека минувачите на мостот постојано ќе бидат заплискувани од водени капки и прав, која под силни млазови ќе се исфрла директно од реката со фекална загаденост од четврти степен.

Фонтаните се градат и покрај одлуката на Уставниот суд, од пред една недела, да се стопираат дел од градбите во ДУП „Мал ринг“. Веќе се монтирани контејнерите за работниците, а транспортирани се и потребните машини.

Од Општината велат дека фонтаната ќе користи комбинирана вода од реката Вардар и од подземни води. Според микробиолозите, капките вода од Вардар, кој е фекално контаминиран, со сигурност ќе ги содржат ешерихија коли, стептококус фекалис и други бактерии опасни за здравјето на луѓето. Од Институтот за микробиологија велат дека луѓето што ќе дојдат во допир со ваква вода, во себе ќе внесат бактерии што предизвикуваат опасни болести, кои понекогаш, ако не се третираат, завршуваат и фатално.

- Реката Вардар е фекално контаминирана. Постарите лица и тие со слаб имунитет може да бидат заразени при минувањето по Камениот мост - потврдуваат и од лабораторијата на Јавното претпријатие „Водовод и канализација“.

Според најавите на општина Центар, веќе е почната изградбата на фонтаните, а се градат и машинските хали за инсталација на пумпите што ќе ја исфрлаат водата. Тие ќе имаат филтер, но тој ќе биде само за габаритни работи, како шишиња, гранки и слично, но секако ќе нема хемиска лабораторија што ќе ја прочистува водата.

- Ако временските услови се поволни, градежните работи ќе бидат завршени во рок од една година. Материјалот од кој ќе бидат изработени фонтаните е армирано-бетонски постамент, на кој ќе се монтираат прскалки од пониклувани водоводни цевки и прскалки видливо поставени во коритото на реката Вардар.

Водените ефекти ќе ги видиме откако ќе биде изведена фонтаната. Идејното решение на фонтаната е ИН-ПУМА, а фонтаните ќе ги гради италијанската фирма „Ла моне мореда“ - велат во општината Центар.

Фонтаните ќе имаат кружна форма, на средината ќе има цевка која ќе испушта млаз висок 30 метри, а од страната ќе има осум помали цевки што ќе испуштаат млазови, високи 7 метри. Цевките воопшто нема да се гледаат бидејќи ќе се постават на дното на реката и ќе бидат практично во вода. Надвор од реката ќе се гледаат само млазовите што ќе ги испуштаат. Фонтаните ќе бидат осветлени со специјални подводни рефлектори.

Водената површина на коритото од Вардар е широка околу 60 метри. Според проектот, фонтаните ќе се поставуваат на средина, а максималниот млаз што ќе биде исфрлан од фонтаните ќе биде висок 30 метри.
Марија Тасев

Извор: Дневник

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=BADEBE885852E747AB8F8EDCA2ECCA33
 
Па тогаш зошто е забрането капењето во Вардар на плажата кога на 100 метра од таму ме прскаат со истата вода? :pos2:
 
Па ти нели беше против плажата..рече не идеш ....и така фино лепо,пошто не идеш,нема ни да те прска ...:tapp:
 
Па ти нели беше против плажата..рече не идеш ....и така фино лепо,пошто не идеш,нема ни да те прска ...:tapp:

Според твојава логика за да одам на тренинг подобро да вртам и од Аеродром од спротивна страна да стигнам. Па богами и така ќе правам, нема да се изложувам на прскотници со гомна. Ова нема врска со плажата, не е таму, а на плажата не сум ни била фала му на Господ.
 
1Stitch.jpg
Гледај пажљиво,кај ќе биде фонтаната и каква е.. и не лупај ! Тебе со гомна ќе те прскала..:tapp: Ко од мед да си .. па ќе те лижат муви гомнарки :tapp:
 
1Stitch.jpg
Гледај пажљиво,кај ќе биде фонтаната и каква е.. и не лупај ! Тебе со гомна ќе те прскала..:tapp: Ко од мед да си ти..пази мајку му

Не сум од мед, од шеќер сум.

П.С. Не измислив јас ништо, читај убаво ти:

ќе исфрлаат водени млазови високи до 30 метри, што значи дека минувачите на мостот постојано ќе бидат заплискувани од водени капки и прав, која под силни млазови ќе се исфрла директно од реката со фекална загаденост од четврти степен.
И се надевам дека за разлика од овие што работат на проектов си учел физика за дифузија. Ако си учел, ќе ти биде јасно што зборувам. T.e. ова за дифузијава батали го ,ситница е, ние директно ќе бидеме плискани xD
 
Не сум од мед, од шеќер сум.

П.С. Не измислив јас ништо, читај убаво ти:

И се надевам дека за разлика од овие што работат на проектов си учел физика за дифузија. Ако си учел, ќе ти биде јасно што зборувам. T.e. ова за дифузијава батали го ,ситница е, ние директно ќе бидеме плискани xD

Aj нека се изградат,па ќе праиме муабет,зш сега е банален. И дали тие што ќе ги градат фонтаниве-итаљанска фирма,незнаат физика.. ко они до сега не граделе вакви фонтани,па појма немаат....

А на Дневник знаеш колку му верувам.... неможам да објаснам колку
 
Ако се водиме според проценките на весникот Серник Македонија до сега три пати требаше да банкротира.

Коце Трајановски има намера Вардар да го направи питок за максимум 5,6 години (голема инвестиција е, вредна неколку стотици милиони евра)
 
Aj нека се изградат,па ќе праиме муабет,зш сега е банален. И дали тие што ќе ги градат фонтаниве-итаљанска фирма,незнаат физика.. ко они до сега не граделе вакви фонтани,па појма немаат....

А на Дневник знаеш колку му верувам.... неможам да објаснам колку
Братче џабе се буниш... водата како прво не течи идеално право, нити пак времето е идеално мирно... Знаеш што се дешава на најобична фонтана што прска некои 2 метра кога ќе дувни ветар? Во Битола има две такви пред МВР и пред музејот, па тушира на 10 метра на најмал ветар... Не ни сакам да помислам што ќе се дешава кога ќе дувни ветар на вода висока 30 метра. И чиста да е од водовод, нема да сакаш да те изводени, а не пак загадена од четврт степен.
 
Ќе се вработат 2 лица кои ќе ја контролираат работата на фонтаните, при најмал ветер ќе ги гасат фонтаните, ова ќе трае се додека Вардар не се направи питок.
И да не беа фонтаните сметам дека проектот "Вардар со питка вода до 2014" треба да биде на врвот на приоритетите на оваа влада.

До тогаш ќе импровизираме.
 
Братче џабе се буниш... водата како прво не течи идеално право, нити пак времето е идеално мирно... Знаеш што се дешава на најобична фонтана што прска некои 2 метра кога ќе дувни ветар? Во Битола има две такви пред МВР и пред музејот, па тушира на 10 метра на најмал ветар... Не ни сакам да помислам што ќе се дешава кога ќе дувни ветар на вода висока 30 метра. И чиста да е од водовод, нема да сакаш да те изводени, а не пак загадена од четврт степен.

Ако те допре водата, готово одма у болница или со 100% алхохол само, радијација ништо не е у спроедба со Вардар :pos: немој да сте се приближиле до водата!!! а за фонтаните, бегајте на 100 метра, ни на тревата не газете, тоа све е бетер од чернобил!
 
Братче џабе се буниш... водата како прво не течи идеално право, нити пак времето е идеално мирно... Знаеш што се дешава на најобична фонтана што прска некои 2 метра кога ќе дувни ветар? Во Битола има две такви пред МВР и пред музејот, па тушира на 10 метра на најмал ветар... Не ни сакам да помислам што ќе се дешава кога ќе дувни ветар на вода висока 30 метра. И чиста да е од водовод, нема да сакаш да те изводени, а не пак загадена од четврт степен.

ОК ај да видиме.. би било стварно дебилно да прска по цел кеј, а за убаво ќе биде убаво
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom