Скопјани ќе добијат трамвај

Да, ама ако се изгради трамвај ќе се редуцира бројот на автобусите кои се тркалаат низ градов а и плус се големи загадувачи. Се е убаво само што слушнав дека ЈСП ке стопанисувал со трамвајот :uplav:
 
хахахаха жити се уште тоа фали:) дали ќе има место за таа работа.?:?:
 
само не знам дали вие воопшто сте се возеле трамвај.
Ако сте се возеле ќе знаете дека со трамвај се стига многу брзо за разлика од тоа да патуваш со автобус. Што би било причина повеќе да патуваат луѓето со трамвај, освен тоа еве тука кај мене во трамваите дозволено е да се внесе точак или количка со бебе или мало дете , бидејќи подот е на рамниште со специјално за станицата подигнатиот тротоар.
 
Сагата со Скопскиот трамвај продолжува. Ако некој се секава не толку одамна во 1987 (или 88) имаше референдум во нашиот главен град за самопридонес за тролејбус и транвај низ скопските улици. Под мотото „Троли и Трафи“ се проба да се подигне граѓанската свест за потребата на овој проект. Но гласањето не помина сјасно и како што гледате сеуште ништо од тој проект.
Колку што ме држи памтењето тогаш веќе имаше проект и мислам дека дури сегашниот предлог се базира на потполно истите линии. Зарем Скопје од 1987 до сега толку многу се промени за да мора нов проект да се прави. И тогаш постоеше населба Аеродром и Ново Лисиче (сега имаат 5-6 згради плус) единствено на тој дел се догради булеварот. Во Ѓорче одамна ништо големо се нема изградено (освен улицата кај Реплек). И да не набројувам, сепак мислам дека нова студиа не е потребна.
И друга работа што не ми се бендисува: Зашто Бугарите, многумина од нас биле во Софија и ги виделе тие застарени трамваи а башка што они и не инвестираат во транвајската мрежа туку во метрото. Мое мислење е дека не се толку во тек со најновите работи на тоа поле. Ова особено затоа што видов и други примери за трамвај, особено во Барселона, каде трамвајот за прв пат е пуштен во 1872
Историјат
а денес го имаат ова
Е ова е напредок и пратење на технологии и решенија.
 
Со среќа Скопјани....Ви треба трамвај:salut:
 
Трамвај?...Да видам да не верувам:)..не ни треба и вака е убаво:)
 
тоа е голема инвестиција,со тие пари можат да ги средат улициве наши никакви,да купат нови автобуси малку да заличи сообраќајот на нешто.ама
ако решиле да прават и такво нешто ок,зошто да не
 
ne deka sum skeptik po priroda...ama aj da vidime sto ke ispadne na kraj so ovie nasive gansteri
inaku i tranvaj i metro ne ne spasuva od guzvata vo Skopje.....
loso proektirani ulici,tesni grla,......itn,itn
 
Не ми се верва за то треба премногу посебни патеки улиците да се пожироки и шо не глупости треба. Гледам овде во Софија како е баги е комплицирано.
 
Cestitam braci Skopljancima na dobijanju tramvaja!!!:smir:

I mi smo krenuli "Tramvajem u 21.Vek" ovde,u Beogradu...
Posle toga ce verovatno kocije,pa taljige..?:vozbud:
 
Сањиви не мрчи, у бЕОграду се имам возено у трамвај еднаш затоа што морав, бидејќи беше блокиран дел од градот и од Калемегдан можеше да се излезе само со трамвај, а внатре гужвааааааааа.
 
Сањиви не мрчи, у бЕОграду се имам возено у трамвај еднаш затоа што морав, бидејќи беше блокиран дел од градот и од Калемегдан можеше да се излезе само со трамвај, а внатре гужвааааааааа.

Тончи да те потсетам ека со создавање на трамвајска мрежа во скопје ќе добиеш директна врска од железничка до сите делови во скопје, и освен тоа самиот од искуство си кажа дека кога е закрчен градот единствениот и најбрз пат до саканото место е со трамвај.
 
Мислам дека од поголема корист би било да се направи мрежа по модел на московското метро, со концентрични прстени околу центарот на градот. Нормално дека тие прстени ќе бидат поврзани и со центарот.
Мое лично мислење е дека ваква мрежа би била о дпоголема корист за граѓаните.
 
Како што се населува Скопје со ова темпо не не вади ни воздушна линија Маџари-Ѓорче.
Oва дефинитивно е права работа...нешто ко жичара...криминал е да се патува со кола од Ченто до Ѓорче 45 минути...

Иначе за Трамвајов, ја мислам дека едно 10 години го зборат само а за тоа дека ќе го напраат цел дур сме млади или подобро е дур сме живи незнам, сумљам ама ај....Че видиме:wink:
 
Мислам дека од поголема корист би било да се направи мрежа по модел на московското метро, со концентрични прстени околу центарот на градот. Нормално дека тие прстени ќе бидат поврзани и со центарот.
Мое лично мислење е дека ваква мрежа би била о дпоголема корист за граѓаните.

Тончи убаво се тоа да иде под земја но ко прво според големината на градот може да се пројде и со надземна железница, додоека за да се прави подземна ќе треба пет пати повеќе средства, да не спомнувам дека при тоа дека ќе треба да се средува и да се става во ред целата подземна инфраструктура во целиот град од типот телефонски, водоводни, електрични, одводни, топлификациски и какви не други мрежи. Што значу да се фокусираме на тоа што реално е можеме да го платиме кое сепак ќе сврши многу работа, а во иднина ако скопје нарасне да фаќа веќе милион или повеќе од милион жители тогаш веќе и реална е потребата од подземна железничка врска.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom