Мистичен
Човек
Бугарското претпријатие “Градски електротранспорт-Софија“ и македонската компанија “МАК 2000“, кои го добија тендерот за изработка на физибилити студија за шински сообраќај (брз трамвај) во Скопје, денеска го претставија планот за сообраќање на трамвај низ главнит град на четирии линии со вкупна должина од 56 километри, за што конечната верзија со пресметани трошоци ќе биде завршена на 20-ти овој месец. По конечните пресметки, како што најавија од Град Скопје, финансиски средства ќе бидат побарани од фондовите на Европската унија, а откако ќе се добијат парите, следува изградба на пругите во главниот град, но за тоа ќе бидат потребни најмалку 10 години.
Со оглед на тоа дека вкупната трамвајска линија во Македонија ќе изнесува 56 километри, за изградба на пругите ќе бидат потребни околу 10 години.
Според Физибилити сдудијата првата трамвајска линија во Скопје ќе почнува од мостот кај Сарај, продолжувајќи по булеварот “Партизански одреди“ и “Димитрие Чуповски“, кон булеварот “Јане Сандански“ до населбат Ново Лисиче, каде ќе свртува и се враќа назад по булеварот “АСНОМ“. Втората линија, според планот, ќе минува по јужен булевар со можност за поврзување со транспортниот центар, како трамвајот би се искористил и како воз кој ќе сообраќа по железничката пруга.
Третата линија, објасни Светлослав Станоев од “Градски електротранспорт-Софија“, ќе почнува од железничкаат станица кај ОХИС, по “Првомајска“ ќе продолжува кон улицата “Даме Груев“ до населбата Бутел.
Четвртата линија е предвидено да се протега од работничкиот универзитет “ Кочо Рацин“ преку Бит пазар, десно кон булеварот “Александар Македонски“ до населбата Ченто.
Од секторот за сообраќај при град Скопје, за утре организираат снимање на бројот на патници и превозници во јавниот градски превоз, а со цел утврдување на фрекфентноста и потербите од градскиот превоз, кои би се имплементирале во планот за трамвајскиот сообраќај. Освен снимање, граѓаните ќе се анкетираат во врска со нивното мислење за воведување трамвај во градскиот сообраќај.