Скопјани ќе добијат трамвај

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.099
Веб-сајт
www.kajgana.com
Бугарското претпријатие “Градски електротранспорт-Софија“ и македонската компанија “МАК 2000“, кои го добија тендерот за изработка на физибилити студија за шински сообраќај (брз трамвај) во Скопје, денеска го претставија планот за сообраќање на трамвај низ главнит град на четирии линии со вкупна должина од 56 километри, за што конечната верзија со пресметани трошоци ќе биде завршена на 20-ти овој месец. По конечните пресметки, како што најавија од Град Скопје, финансиски средства ќе бидат побарани од фондовите на Европската унија, а откако ќе се добијат парите, следува изградба на пругите во главниот град, но за тоа ќе бидат потребни најмалку 10 години.

Со оглед на тоа дека вкупната трамвајска линија во Македонија ќе изнесува 56 километри, за изградба на пругите ќе бидат потребни околу 10 години.
Според Физибилити сдудијата првата трамвајска линија во Скопје ќе почнува од мостот кај Сарај, продолжувајќи по булеварот “Партизански одреди“ и “Димитрие Чуповски“, кон булеварот “Јане Сандански“ до населбат Ново Лисиче, каде ќе свртува и се враќа назад по булеварот “АСНОМ“. Втората линија, според планот, ќе минува по јужен булевар со можност за поврзување со транспортниот центар, како трамвајот би се искористил и како воз кој ќе сообраќа по железничката пруга.

Третата линија, објасни Светлослав Станоев од “Градски електротранспорт-Софија“, ќе почнува од железничкаат станица кај ОХИС, по “Првомајска“ ќе продолжува кон улицата “Даме Груев“ до населбата Бутел.

Четвртата линија е предвидено да се протега од работничкиот универзитет “ Кочо Рацин“ преку Бит пазар, десно кон булеварот “Александар Македонски“ до населбата Ченто.

Од секторот за сообраќај при град Скопје, за утре организираат снимање на бројот на патници и превозници во јавниот градски превоз, а со цел утврдување на фрекфентноста и потербите од градскиот превоз, кои би се имплементирале во планот за трамвајскиот сообраќај. Освен снимање, граѓаните ќе се анкетираат во врска со нивното мислење за воведување трамвај во градскиот сообраќај.
 
Od sega pa vo narednite deset godini nema raat vrvenje po ulicite, kaj do sega se pravi nenormalna guzva sega ushte poveke! Pff! Samo aj airlija neka e rabotava, eden den daj boze i Metro da vidime!
 
Како што се населува Скопје со ова темпо не не вади ни воздушна линија Маџари-Ѓорче.Оваа идеја за трамвај ке иде како и за новата сала ке стане изградбата историска само што сега сите ке трпиме -окопани улици матеж сообракајни нервози, партали ке биде градов сепак тоа е методот на Трифун споро и неефикасно,за трамвај треба средна лента дебела колку цела улица најинтересен момент ке биде кога за таа лента и простор ке треба да руши на Партизанска и на другите делови каде што е потесно тоа ке трае една вечност и ке има нервози многу.Мислам дека треба да се гледа подалеку и да се предвиди населувањето на Скопје во наредниве години и треба директно да се прејде на подземна железница.
 
ова ќе биде катастрофа!
Поефикасно ќе биде да се прејде на подземна железница како што кажа итар пејо отколку ова,но Македонија е ова,нема пари за нови автобуси а камоли за подземна...не верувам јас во ова но дајбоже да се случи,а за овие 10години сите заедно ќе пцуеме еве овде на форум!!! :icon_lol:
 
Се додека не го видам тоа чудо како се движи низ скопје не верувам :), пошто до сега има мал милион проекти кој се почнати, ќе се почнат, се подготвуваат и што уште не... им давам 25 години :salut:
 
Ако се решат да градат најлесна ќе им биде првата линија односно таа што ќе се движи по партизанска и јане сандански, освен тоа нема да се кочат тие улици пошто само на просторот на зеленилото во седината ќе раскопаат и ќе ги наместата таму шините. Со тоа ќе се искористи како што е тука во градов кај што сум и истите тие ленти кај што минуваат трамваите се користата и за автобусите што значи ќе се исчистата и автобусите од коловозите.
 
А за промена, место трамвај да купат нови автобуси за ЈСП, и да ги средат автобуските, барем нека ги означат и најбитно нека го исчистат градот од ѓубре. ПОсле тоа ако сакаат и спејсшатл нека донесат у Ск.
 
Бреј македонски синдром - кукај, кукај, кога ќе реши некој нешто да прави, кукај пак, да не случајно промениш ритам. Скопје плаче за трамвај. Ако се направи како што треба, ниту ќе има метеж, ниту ќе се онеспособи нешто повеќе градот од што е онеспособен сега, со сите автомобили кои го опсипуваат секојдневно. Ви текнува кога Србија го заврши трамвај системот во Белград? (ова што се однесува скептицизмот за пари и брзина на изградба). Ај аирлија нека е!
 
Добро би ни дошол еден трамвајн. Секако шо како ќе биде, ќе видиме тоа, ако се заврши работата :)
 
ова по стоти пат го кажуваат па ајде еднаш нека направат нешто.У секој случај добро ќе ни дојде секој европски главен град има трамвај срамота е без трамвај
 
На тестови за возачки испит често се паѓаат прашања (раскрсници) со трамвај. И сите викаат зошто поѓаволите вакво прашање, во Македонија никогаш нема да има вакво нешто.
Трифун се залета на големи објекти (Салата кај Александар Палас, обиколницата кај Континентал). Ај баш да видиме како ќе се одвива работата со трамвајот.
На Скопје му е неопходен трамвај.
 
На Скопје му е неопходен трамвај.

Не ради друго туку да не бидат безвезе прашањата на тестови за возачка со раскрници со трамвај.:hahi::hahi::hahi:

Исто ко со кружниот ток, во Скопје сега за сега познава само два кружни тока, али еве со клучката кај Континентал ќе има и трет тпоголем и пофрекфентен кружен ток.
 
Немојте луѓе да кукате,обиколницата се напраи скоро и тоа во многу брзо време,ке биде и ова,не е финтата у Трифун,ова се сериозни компании кои што добиле тендер не за џабе. И мора да имаме метро,па и да трпиме лош сообраќај,претерани гужви низ Скопјево додека го праат,до сеа да не ви беше ко шо треба??? Не,ама вака барем ке се растерети кога се ке биде готово...
 
Уште ова му фали на градов.Можам да замислам кои кочења,сообракајќи ќе ги има....
 
Мислам дека Скопје и вака е презагушен со сообраќај и не се поминува низ повеќето од овие улици попладне а камоли па со трамвај.Што знам според мене нема потреба за трамвај.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom