Ски скокови

  • Креатор на темата Креатор на темата The`bItCh
  • Време на започнување Време на започнување
Во јапонскиот ски центар Сапаро изненадувачка победа за германецот Северин Фројнд на кого ова му беше прва победа во Светскиот куп. Со скоковите од 124 и 129 метри заврши пред Моргенштен, додека трет беше Адам Малиш кој водеше после првата серија.

Никад ама баш никад подосадни скокови немам гледано.Не знам што беше работата дали не им се скокаше на дечкиве или се уморија после новогодишната турнеја не знам само немаше никаква желба за натпреварување :toe:
 
Никад ама баш никад подосадни скокови немам гледано.Не знам што беше работата дали не им се скокаше на дечкиве или се уморија после новогодишната турнеја не знам само немаше никаква желба за натпреварување :toe:

Ќе се согласам со тебе дека скоковите не беа ништо посебно. Сепак не верувам дека станува збор за замор, дечките се професионалци. Лошо е за гледање кога од леталницата (минатата недела) ќе се префрлат на скокалница. Можеби тука лежи одговорот:).
Денешните скокови не ги гледав но од она што можев да го прочитам победил Кофлер 131 и 132.5 метри, пред Фројнд и Морги.
 
Ги пропуштив последниве два натпревари,на првиот триумфираше овој германецот,а на вториот Кофлер така?Колку е разликата у бодови со Моргенштерн?
 
^ Моментно разликата во бодови помеѓу Морги и второпласираниот Кофлер е 417 поени, така што ако не се случи некоја сензација реално е да се очекува дека Моргенштерн ќе го освои светскиот куп оваа сезона.

Денес во Закопане пред домашната публика победа во светскиот куп по пауза од 3 години и 10 месеци издвојува Адам Малиш (138.5) и (128.5 метри), пред Андреас Кофлер (127.5); (134.5) и Северин Фројнд (137); (130).
 
Денес на ски-летовите победи Мартин Кох а втор беше Том Хилде и трет Грегор Шлирензауер.
Шлири полека но сигурно се враќа во старата форма.
 
Нов светски рекорд немам зборови :)
 
Во сообраќајна несреќа загина Рускиот ски скокач Павел Карелин :(
Повеќе информации за несреќата тука.
 
Жалосно. Имаше само 21 година. Русија загуби голем талент. Rip :(
 
Нека почива во мир :(

Адам Малиж уште од мал ми беше фаворит,но сега се пензионираше немам некој фаворит друг.
 
Дали некој знае кога почнува првенството оваа година во ски скокови? едвај чекам да гледам
 
Дали некој знае кога почнува првенството оваа година во ски скокови? едвај чекам да гледам
Почна денеска.
Тројна победа на Австријците. Прв Кефлер, втор Шлири, трет Моргенштерн.
Наредна недела се во Лилехамер
 
Јас само тимското натпреварување го гледав неделата а за индивидуалното видов само дека Шлирензауер беше 2, по се` изгледа оваа година уште поубедливи ќе бидат австриците им нема конкуренција како индивидуално така и тимски.
 
Слабо активна темава некако...
Изгледа и на вас ви се здомачи доминацијата на австиријците.:D
Сега за сега Андреас Ке(о)флер најдобро се покажува.
 
Ќе го видиме Кефлер на новогодишната турнеја Четири Скокалници, која започнува на 29ти со квалификациите.
Оваа сезона ќе биди неизвесна, има повеќе фаворити за висок пласман.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom