Ски скокови

  • Креатор на темата Креатор на темата The`bItCh
  • Време на започнување Време на започнување
Баш се подобрил денес Шлирензауер :pos::pos:

Иначе мене сеуште омилен ски скокач ми е Ханавалд :)
 
Денеска во Енгелберг поради лошото време се одржа само една серија скокови и тие се земаа како конечни...ова најмногу му одговараше на Австријците кои имаа троен триумф.
Првото место го освои неприокосновениот оваа сезона Моргенштен, послем него беше Кофлер, а трети Лојцл.
Во генерален пласман води Моргенштен пред Кофлер со 95 бода повеќе.
 
Шлири се повредил, ќе одсуствува четири недели и нема да учествува во новогодинешната турнеја.
Морги е во одлична форма и денес победи а втор беше Малиш додека трет беше Мати Хаутамеки.
 
Утре почнува традиционалната новогодишна турнеа т.е „Четирите скокалници“ .
Прва е Оберздорф, утре се квалификациите...во среда е главниот настан.
Потоа следува Гармиш на 31 Декември-01 Јануари...па турнеата се сели во Австрија во Инзбрук скокачите ќе се натпреваруваат на 02-03 Јануари и финалето е во Бишофсхофен на 05-06 Јануари.
Директни преноси на Еуроспорт..почнувајќи од утре со квалификациите во Оберздорф.
Вероватно Шлирезнауер ќе го пропушти натпреварувањето поради повреда на коленото...другите фаворити би требало да се појават.
 
Еве го распоредот за тие што не ги гледале во Оберсдорф.. Повторно триумфираше Моргенштерн, втор беше Хаутамеки а трет беше Мануел Фетнер.
Повеќе информации на http://www.fisskijumping.com/
Во петок во 13:45 започнуваат квалификациите во Гармиш..
Иначе нека иде у пм тој лигавежот Шлири камо да не се врати. :icon_lol:
 
Моргенштен е во одлична форма последниот скок му беше 138 метри.
Коментаторот од Еуроспорт-Моргенштен нема да се натпреварува (мојата реакција :ija:) поради повреда на коленото (мојата реакција :tapp: на Шлирензауер мислел)
 
Maлиш беше мизерија денеска во првиот скок, послем се подобри за 16метри, ама на жалост не дојде до врвот т.е до првите 5.
Виле Ларинто исто така потфрли денеска, но што е тука е.
Морги е во страшна форма и мислам дека ќе биди победник на 4те скокалници.
Изненадување беше Фетнер кој го освои третото место.
 
Симон Аман победи во Гармиш додека Моргенштен беше 14.
Сега Аман во генералниот пласман за новогодинешната турнеја е втор зад Моргенштен за некои 14 бода.
Дали јас убаво слушнав дека Шлири се враќа на наредното натпреварување????
 
И поради лошото време се одржа само една серија скокови :/
Многу лоши временски услови, за тоа и Русинот Карелин беше втор :) , а Адам Малиш беше трет.
А за малце ќе настрадаше Кофлер, но добро се снајде на доскокот.
За Шлири неам информација.
 
Браво мајсторе временските услови не беа нај нај но добро е станува густо и најбитно е дека Аман се доближи до Моргенштен!
 
Добри скокови беа во Гармиш русинов изненади со втора позиција
 
Шлири из бек :) ...ама сеуште е вон форма, денеска заврши на 18 место, вториот скок му беше мизерен (117.5 метри).
Иначе првото место во Инзбрук го освои Моргенштерн(1. 129.5 метри 2. 126.5 метри), втор беше Малиш, а третото место го завзема Том Хилде од Норвешка.
Со оваа победа Моргенштерн е многу блиску од освојување на турнеата.
 
Добро е 18 место за Шлири, сепак само што се врати од повредата на коленото.
И уште една победа на Моргенштен и сега е 27 поени пред Аман, најверојатно повторно Австриец ќе победи на четирите скокалници.
 
Морги е победник на новогодинешната турнеја сосема заслужено.
Какви само скокови имаше во втората серија, Кох скокна 140.5метри а Аман 140метри.
Сепак ниту еден од нив не беше на подиумот прв беше Хилде, втор Морги и трет Кофлер.
 
Во јапонскиот ски центар Сапаро изненадувачка победа за германецот Северин Фројнд на кого ова му беше прва победа во Светскиот куп. Со скоковите од 124 и 129 метри заврши пред Моргенштен, додека трет беше Адам Малиш кој водеше после првата серија.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom