Ски скокови

  • Креатор на темата Креатор на темата The`bItCh
  • Време на започнување Време на започнување
Мило ми е што победи Шлири, еден од 3 фаворити ми е, Кофлер не го сакам, инаку Штох и Фрајтаг разочараа поготово првиот
 
:D најаки се... ќефо ми го напрај Грегор
Не реков дека се слаби, туку дека се досадни.:)
Како и да е, во Гармиш очекувам поголема борба, и да не сјебе времето како што заеба вечерва.. па се одложуваше.
 
Отсекогаш човек за кој навивав беше Адам Малиш!Ми се допаѓаше и Симон Аман,ама гледам сезонава е слаб така да типувам на Шлири
 
Повторно Шлири, после него Кофлер, па позади нив двајца камикази, на трето место Даики Ито.
Кофлер од прва серија беше десетти, а во втората имаше одличен скок, што го донесе на второ место.
 
Ништо не е исто без Адам Малиш :(

п.с. На Eurosport даваат?
 
Пропуштив денес, кога ќе има снимка на Еуроспорт, знае ли некој?
 
Јас мислам дека стварно е редно Шлири да ја освојт годинешнава турнеа.На 21 година имат 38 победи во Светски Куп,1 веќе освоен....единствено му фалит златен медал на ЗОИ.Но не се сомневам дека и тоа ќе бидит.. :)
 
^ На програмската шема пишува дека во 23.45 ќе има. Е сега колку е тоа точно и веродостојно не знам :)

Најпрво среќна нова година на сите љубители на ски скоковите. Шливи позитивно ме изненади. Не дека беше аутсајтер пред почетокот на турнејата па сега изненадува, напротив очекував дека ќе биде некаде помеѓу првите 3-ца, но не и дека после првите две натпреварувања ќе оствари две победи. Има убава предност и ако не направи некоја поголема грешка до крајот дури и без победа на следните две натпреварувања не би требало да ја загуби. Впрочем на сличен начин и Кофлер успеа да триумфира пред две години (со 2 победи по првите 2 натпреварувања и 2 четврти места). Сепак мислам дека полека почнува да му се врти во глава подвигот на Ханавалд, уште повеќе што оваа година организаторите за победа на сите 4 скокалници даваат премија од 1 милион швајцарски франци.

Мене ме импресионира Даики Ито. Човекот да немаше проблеми со доскокот во првата серија денес ќе беше убедливо прв и ќе беше многу блиску до Шливи ако не и пред него во пласманот за четирите скокалници. Впрочем и во Оберсдорф пред директорот на натпреварувањето Валтер Хофер да реши да се поништи првата серија и да се пренови (нели официјално поради тоа што немале сите исти услови, како тоа прв пат да се случува, а до тој момент замислете австријците имаа катастрофален пласман) Ито беше убедливо прв.

Кофлер е константно при врвот (2 втори места) но мора да оствари две победи до крајот и/или да се надева на поголема грешка на Шливензауер (што не верувам дека ќе се случи) за да победи. Очекував дека како лидер во светскиот куп ќе биде подоминантен, но тоа е што е. Се уште има шанса.

Секако морам да го споменам и човекот поради кого почнав да гледам ски скокови и на кој најверојатно оваа му е последна сезона. Тоа е Мартин Шмит. Се гледа дека неговото време веќе помина и кога ќе видам дека не може да влезе во втората серија навистина мислам дека му е време да се пензионира иако се уште навивам за него. Таква легенда како него не заслужува да се "мачи".

Многу работи ќе бидат појасни за неколку дена во Инсбрук.
 
Секоја година австријец победува на новогодинешната турнеја, тредиција стана :D.
Годинава се надевам дека Шлирензауер ќе победи.
 
Секоја година австријец победува на новогодинешната турнеја, тредиција стана :D.
Годинава се надевам дека Шлирензауер ќе победи.
Прво би рекол реланост одколку традиција.Австрија имат низа од,па да речам стари волци (Кох,Лојцл,Кофлер).. млади,но искусни скокачи (Морги и Шлири) ...и произведвит нови,еве го сеа излезе Давид Заунер.Германија од времето на Шмит и Ханавалд,немала некој подобар скокач.Урман и Нојмаер неконстанти многу,Бодмер пред 2 години малце влезе во првите 10,али го снема.Сега Фројнд,фала богу им е носечка снага,но е сам.Швајцарија е слаба,Јапонија добро се држит,али освен Даики Ито,не гледам некој друг шо мојт да им парират.Полска без Малиш,само со Штох,тешко...Чешка оваа година имат мн нови и млади,а гледам и добри,така да мојт да се искалит некој добар скокач од ниф.Но во наредниве 5-6 години,Австријци ќе се цело време на тронот :)
 
Шлири денес ја изгуби можноста да освои 1 милион швајцарски франкови. Кофлер победи и ја намали разликата на 17 поени. Се надевам дека Шлири ќе успее да го одбрани оваа водство и ќе победи на оваа новогодишна турнеа.
 
Морги прв после првата серија,Шлири трет....А Кофлер дуууури 27-ми.Имаше проблеми со ветрот,одкако излета од залетиштето.После,во втората серија,Кофлер скокна дури 140 меетри,но одкако после 9-от скокач,се влошија условите,серијата беше прекината.Потоа излезе официјално известување дека втората серија почнува од ново,за да потоа излезе информација дека само првата серија ќе се рачуна.така да,Шлири е новиот победник на 4 скокалници :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom