Скапи испити и често повеќекратно полагање за возачка дозвола

  • Креатор на темата Креатор на темата ziko bt
  • Време на започнување Време на започнување
Може ли некој да ми ги прати тестовите да видам како изгледаат.
Имам време за полагање,али ме интересира како изгледаат.
Благодарам однапред :smir:
 
Не знам за вас, но јас у мое време поминав од прва.
Е сега било друго. Неколкумина од пријателите кои полагаа неодамна ме информираат дека и покрај тоа што не погрешиле (барем според нив) на возачките испити, комисијата намерно ги бутка за да штанца пари од полагање.
Ме интересира колку вистина има во сето ова....
Дали можеби и вие имате слично искуство??
 
па....да...има вистина...знаеш гајле им е...мора некој да се турни....сеа кој би бил...
и мои пријатели се жалат на истото
 
90% od slucaevite ako ne i povike mora da najde greska komisijata za da te kutnat i da dojdis pak da polagas
 
Немам искуство меѓутоа и јас слушнав исти муабети дека намерно бутале барем по еднаш (не дека и порано не праеа така - си имаа дневна квота на бутнати која мораа да ја исполнат)
 
Така е, перачка на пари. Брат ми кога полагаше падна првиот пат. Вториот пат отиде тато и кога виде кој му е татко положи иако ништо не учеше :lol:
 
не е битно (некогаш) кој....важно некој мора да плати....кај одат ите пари....знаат само тие :)
 
Сакав да отворам тема за ова али ме мрзеше. Значи паѓам 4 пати до сега од кои 2 пати буквално за ништо! И не сум единствен знам уште 3 другари што така ги бутаат безвезе. Више преку к*р ми е дојдено.
Си се испразнив. :D
 
Така е, перачка на пари. Брат ми кога полагаше падна првиот пат. Вториот пат отиде тато и кога виде кој му е татко положи иако ништо не учеше :lol:
на што падна првиот пат? Не е испитот само тестови , има и гаражи(полигон) и градска. Ако падниш на тестови и полигон си паднал само ради самиот себе си. А на градска не зависи се до тебе ,и токму за тој испит се фаќаат врски.
 
Јас мислам дека е време работите да се сменат... Заедно сме посилни
 
Од моите познаници скоро никој не положи од прва :)
Мене ме бутнаа на градска ради пребрзо возење, не дека брзо возев-баш тогаш пазиш се‘ да ти е според прописи... Сепак од втор пат пуштаат, ако возиш како што треба.
 
Перење пари до немај дека .
Другарите мои којшто полагаа сите имаа проблеми со тоа сите одвај поминаа на 2/3пат а дечките си знаат да возат и сеа другарка ми којашто нема абер мина од прв пат,кога слушнавме сите бевме :confused: али девојчето во Пробиштип си има врски и така да си немаше проблеми иако нејзиното возачко искуство во споредба со мојте другарчиња е НУЛА .
Јас минав прва помош сеа треба неколку часови да извозам и да полагам тестови па кога ќе ми дојде ред за градска ќе ви пренесам како сум минал и како идат работите од моја гледна точка .
 
Јас мислам дека е време работите да се сменат... Заедно сме посилни
Како, со тоа што нема да идеш да полагаш ?
Не се секирај, не им мења ништо особено нив, ти само нема да си добиеш возачка.

Инаку ми се свиѓа вака што е поригорозно, не личеше на ништо тоа претходно и тој што требаше и тој што не требаше земаше возачка, па утре поради негова грешка може ти да патиш.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom